Омега призна: Чавиќ беше побрз од Фелпс во Пекинг

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.608
Поени од реакции
13.314

„Официјалниот мерач на време Омега, призна дека Милорад Чавич стигна пред Мајкл Фелпс на добро познатата трка од 100 метри делфин во Пекинг.

После една година од добро познатата трка на ЛОИ, Омега призна дека Чавич побрзо го допре тастерот од Фелпс, но не стегнал доволно јако како Фелпс и затоа ударот на Фелпс се регистрирал попрв.“

Повеќе на Србија Спорт

Што мислите? Што ќе беше да беше обратна ситуацијата? Практично признаa дека Чавич беше побрз, тука улогата на сензорот губи значење. Според мое мислење да беше обратна ситуацијата златниот медал ќе му беше повторно врачен на Фелпс. Тоа е тоа. Барем си признаја. :smir:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Си признаја ама дали медалот ќе се врати? Ако е Чавич побрз логично би било да добие златен медал или некој компромис, двајцата да се позлатени или Чавич само. Да се покрие некако грешката.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.645
Поени од реакции
14.593
Медалот ќе си остане кај Фелпс, а кај Чавич ќе си остане само моралната сатисфакција. Иако не е фер така...
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.489
Поени од реакции
48.072

Зар беше потребно признавање на истото ? Очигледно е мајкуму, башка Омега имав кажано во еден наврат, е спонзор на Фелпс . :toe:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Зар беше потребно признавање на истото ? Очигледно е мајкуму, башка Омега имав кажано во еден наврат, е спонзор на Фелпс . :toe:
Сликава ти е монтажа, една од многуте кои излегоа во јавноста за да замачкаат очи. :)

Фелпс беше во патека 4, каде што секогаш е фаворитот во групата. Чавиќ имаше второ време на квалификациите, што значи е во патека 3. Во патека 5, се наоѓа третото време од квалификациите.

Во пливањето, најдоброто време е секогаш во патека 4, а во патека 1 и 8 се најслабите времиња.

Еве ја оригиналната слика:

И малку чуден ми е изворов, додека не видам Фелпс заедно со претставникот на Омега да изјават нешто за ова, или па FINA да произлезе со некои изјави, не верувам.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И малку чуден ми е изворов, додека не видам Фелпс заедно со претставникот на Омега да изјават нешто за ова, или па FINA да произлезе со некои изјави, не верувам.
Не навлагам јас во тоа кој што како зашто, ама зар искрено веруваш дека Фелпс лично би излегол и би признал дека задоцнил зад Чавич?

Ништо чудно ова да е вистина, но како и да е, се како и секогаш ќе си остане во доменот на мистериите и теориите на заговор.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.489
Поени од реакции
48.072
Вчера ХРТ 1 излезе со извештај за истото на своите Спортски Вести, мајкуму, чим хрват излага со ваква информација и повеќе од веродостојна е истата .

кхм, 1:09

Ти, Џену, како учесник во овој спорт, објасни ми што е релевантно за победата, оној кој стигнува прв на целта, или оној кој го стиска тастерот појако .

Добар коментар начекав на нетов :

''Why is it then called "Touch Pad" and nor "Push Pad"? I thought the competition is about who reaches the finish line first, but I was wrong - it is about who hits the "pad" harder! ''

:toe:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.932
Поени од реакции
509
Па ништо ново. Она што целиот свет го знаеше сега само доби потврда. Ама Фелпс е Американец и од истата причина секогаш ќе си има некои привилегии. Со ова во никој случај не го намалувам фактот дека е еден од најдобрите пливачи но сепак и Торт беше ѕвер па му правеа допинг контрола, а не како Фелпс за кој гарантира САД.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тој што прв ќе ја активира електрониката е победник, а воедно и ќе пристигне прв, како што е погоре на сликата. Гледате дека прстите на Фелпс се веќе на електрониката, стартниот блок, а Чавиќ едвај со рабовите дали допира до неа. Така да навистина не знам зошто толку спорно гледате на случајов, кога никаде не се дискутира за овој случај, туку само на Балканов.

Крејзи, не можам да те цитирам, ќе ти одговорам вака: Не дека Фелпс би излегол и би признал, но барем на официјалниот сајт на Омега да го има ова, Спортс Илустрејтед, било кој австралиски весник еве, како нивни најголеми конкуренти. Кога ќе се присетите, и наши медиуми имаа испади со Анџелина Џоли, измислени. Вака на линкот од овие медиуми нема никакви изјави или линкови од Омега, каде да повторам, на сајтот нема ништо :)

П.С. Не дека го бранам нешто многу Фелпс, Торп беше мојот идол, но за мене ситуацијата си е чиста. Клипот ќе го видам подоцна, не сум сега во можност.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Се забегува веке со ова,навистина.
За истово се зборува во 3 теми..не можам да сфатам што толку се палат некои луге баш за ова??
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Тој што прв ќе ја активира електрониката е победник, а воедно и ќе пристигне прв, како што е погоре на сликата. Гледате дека прстите на Фелпс се веќе на електрониката, стартниот блок, а Чавиќ едвај со рабовите дали допира до неа. Така да навистина не знам зошто толку спорно гледате на случајов, кога никаде не се дискутира за овој случај, туку само на Балканов.

Крејзи, не можам да те цитирам, ќе ти одговорам вака: Не дека Фелпс би излегол и би признал, но барем на официјалниот сајт на Омега да го има ова, Спортс Илустрејтед, било кој австралиски весник еве, како нивни најголеми конкуренти. Кога ќе се присетите, и наши медиуми имаа испади со Анџелина Џоли, измислени. Вака на линкот од овие медиуми нема никакви изјави или линкови од Омега, каде да повторам, на сајтот нема ништо :)

П.С. Не дека го бранам нешто многу Фелпс, Торп беше мојот идол, но за мене ситуацијата си е чиста. Клипот ќе го видам подоцна, не сум сега во можност.
Cavic e toj so odeloto,taka?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Cavic e toj so odeloto,taka?

Да, тој е, ама гледај ја сликата што ја имам постирано јас, таа што е постирана погоре излезе на еден српски форум и е монтажа. Како може Фелпс што плива секогаш во 4ка да е десно од Чавиќ кој беше во тројка? Може да ги залаже само тие што не знаат како оди редувањето во базенот :)

Чудно ми е ова затоа што Омега се спонзори на Фелпс и баш сега се најде ова видео во оптег, како и многу други. А за сликата погоре дека е ефтина монтажа, монтажа е.
 
ok, a na kvalifikaciite koj pobedi,Felps,taka?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom