Паул ќе го типува и натпреварот помеѓу Холандија и Шпанија!
Октоподот Паул ќе го типува и финалниот натпревар помеѓу Холандија и Шпанија, но само доколку не биде истоштен и сит.
Октоподот Паул стана вистинска светска атракција типувајќи ги натпреварите на Германија на Светското првенство.
Како што одминуваше Мундијалот, популарноста на октоподот се зголемуваше, Паул има шест од шест погодоци, без ниту еден промашен натпревар предизвикувајќи огромен интерес во светската јавност.
Паул ја предвиде победата на Шпанија над Германија, по што некои Германци побараа октоподот да биде зготвен на скара.
Но тоа нема да се случи, Паул продолжува да типува, следна негова прогноза ќе биде исходот од дуелот помеѓу Уругвај и Германија.
А доколку не биде премногу уморен и биде сеуште гладен, Паул ќе даде прогноза и за финалето помеѓу Холандија и Шпанија.
"Не сакаме да го префорсираме" - изјави портпаролот на аквариумот.