Октопод ги предвидува резултатите на Светското превенство

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување
осекам дека им направил голем зијан на кладилниците низ светот..секоја чест. У Струмица едно дете ја уплати за 50 000 ден. сингл у бет сити , а којзнае можда имало повеке такви ливчиња. Мислам дека bwin и другиве му спремат атентат...:)
 
Најдобар типувач дефинитивно мада тешко му се пише се ми се чини ке го печат бидејки им ја е.а мамата на кладилниците.
 
Паул има некогаш поргрешено..
Од досега 12 изиграни (ЕУ 2008, Светско 2010), има погодено 11... Го промашил финалето Германија - Шпанија..
 
Па најдобар типсер е досега.... 6/6 ... ќе видиме што ќе прогнозира за финале...:)
 
ќе биде интересно ако типива на Уругвај
 
Паул ќе го типува и натпреварот помеѓу Холандија и Шпанија!

Октоподот Паул ќе го типува и финалниот натпревар помеѓу Холандија и Шпанија, но само доколку не биде истоштен и сит.

Октоподот Паул стана вистинска светска атракција типувајќи ги натпреварите на Германија на Светското првенство.

Како што одминуваше Мундијалот, популарноста на октоподот се зголемуваше, Паул има шест од шест погодоци, без ниту еден промашен натпревар предизвикувајќи огромен интерес во светската јавност.

Паул ја предвиде победата на Шпанија над Германија, по што некои Германци побараа октоподот да биде зготвен на скара.

Но тоа нема да се случи, Паул продолжува да типува, следна негова прогноза ќе биде исходот од дуелот помеѓу Уругвај и Германија.

А доколку не биде премногу уморен и биде сеуште гладен, Паул ќе даде прогноза и за финалето помеѓу Холандија и Шпанија.

"Не сакаме да го префорсираме" - изјави портпаролот на аквариумот.
 
Ако влезе во кутијата на Германија можно е финалето да го прогнозира,а ако влезе кај уругвај тешко дека ќе биде гладен :pos:
 
ајде Пол на тебе се чека да се уплати...:), мада ако типува на Холандија не ја пишам пошто навивам за Шпанија :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom