Оу јеаа, работат со полна пареа луѓево. Нема алкохол и цигари за малолетници (ИМА!), нема плукање, нема фрлање отпад, нема ни канти додуше, нема алкохол после 7, има скапо парно, има помалку место за непушачи отколку за пушачи (НЕМА), нема ќеси... Вртоглаво итаме кон Европа. Кај и да е и ќе се овозможи склопување хомосексуални бракови и на нашите Европски Македонци тоа нема да им пречи (ЌЕ ИМ ПРЕЧИ).
Се средивме, уште ќесите ни останаа. Освен што се палите колку се ова европски закони, не ве ли малку иритира што некако почнаа да ги исполнуваат европскиве норми по важност...од позади? Браво за немањето ќеси, ме интересира како комшијата што нема кола, има 70 години и најблиската продавница не му е дури ни блиску ќе ги довлечка глупите хартиени ќеси и како некоја тип топ средена женска што едвај ја намолиле да иде до продавница ќе ги носи производите во оние платненине карирани торби.
Не дека ми е песимистички настроен денов и ме иритираат часовите посветени на ќеси, ама има други битни работи што треба да се средат пред некој човек да треба да си ја плати ќесата ебате тоа.