МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ПРЕСЕЧЕ
Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!
Наредбата е донесена вчера и стапува во сила од 1 јануари 2009 година, а за секој трговец кој нема да ја почитува, следува казна во износ од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат
Министерството за животна средина вчера донесе наредба со која се забранува употреба на пластични ќеси. Оваа одлука ќе стапи во сила од 1 јануари 2009 година, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата ќе платат казна во висина од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат.
- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Во иднина граѓаните ќе треба да се преориентираат на употреба на платнени или други видови торби од траен материјал, кој може повеќекратно да се користат. Според министерот Јакупи, една од причините за донесување на ваквата наредба е и тоа што во Македонија не постојат доволен број капацитети за собирање и рециклирање на ќесите, а од друга страна, како што вели, граѓаните покажуваат негрижа за нивно собирање и одлагање на определени места.
- Во насока на зачувување на животната средина, Министерството во своите наредни активности ќе обезбеди и поддршка за правните лица кои вршат собирање и селектирање на пластика и отпад од пакувања. Сметаме дека со спроведувањето на оваа наредба ќе се зголеми свеста кај граѓаните и трговците, а наедно ќе влијаеме на производителите и увозниците да дадат свој придонес преку увоз на биоразградливи ќеси, ќеси кои се рециклираат и кои можат повеќекратно да се употребуваат, како и платнени торби, додава Јакупи. Тој вчера напомена дека ваквата забрана е донесена во согласност со меѓународните процедури, но и дека успешно се спроведува во сите земји од Европската унија.