Еве вака за појасно да бидит,некој погоре го имаше истово објаснето ама пак глеам дек имат забуна...
1. Диги плус Мултимедиа е всушност БУМ тв и има 3 мултиплекси MUX1,МUX2,MUX3 со вкупно 44 ТВ и 6 радио канали.
2. ОНЕ телекомуникациски услуги доби 2 мултиплекси MUX 6 i MUX7.На овие 2 мултиплекси ќе смеат да се реемитуваат само телевизиите со национална концесија,регионалните и локалните тв и ништо повеќе...
Македоските национални телевизии Сител,Канал 5,Телма,Алсат и МРТ1,МРТ2 и МРТ3,а најверојатно и радио каналите од МUX 1( БУМ Тв) одат на MUX 6 или 7(OНЕ)(претпоставувам дека едниот мултиплекс ќе е само за националните,а вториот за регионалните и локалните,или сите одат на еден мултиплекс а вториот да го чуваат за HD на некоја од националните и локални Тв)
Тоа значи дека на MUX 1(БУМ Тв) ќе се ослободат 7 тв канали за нови странски канали.
3. ЈП Македонска радиодифузија доби 2 мултиплекси MUX 4 и MUX 5 за услугите на МРТ.Моментално ги реемитува МРТ1,МРТ2,МРТ3,МРТ1HD,Телма и Канал 5
Значи БУМ Тв станува целосно платена пларформа(сега е делумно бидејќи МРТ1,2 и 3 се слободни за гледање,без претплата),а каналите на ОНЕ телекомуникациски услуги и на Македонска радиодифузија ќе останат слободни,без плаќање,освен шо треба да си платите радиодифузна такса
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)