- Член од
- 27 декември 2008
- Мислења
- 1.651
- Поени од реакции
- 794
Дигитализацијава важи само за оние кои немаат било каква кабловска МахТВ,БООМ ТВ,Близоо,Телекабел или некоја друга. Кабловските немаат врска со дигитализацијата на Македонија тие како што досега го правеле односно ни ги прикажувале телевизиите ќе си продолжат така,да не ги мешаме работитеНе верувам, бесплатни ќе бидат како што беа првпат електронските здравствени картички бесплатни.
Не знам дали ова нешто ќе важи и за кабелските на кои сме приклучени. Дали сите аналогни канали кои ни ги пуштаат ќе прејдат во дигитални? Пример кај мене пуштаат 62 аналогни и 27 дигитални.
--- надополнето: 31 декември 2012 во 16:57 ---
http://www.srd.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=429&Itemid=104&lang=mkНе верувам, бесплатни ќе бидат како што беа првпат електронските здравствени картички бесплатни.
Не знам дали ова нешто ќе важи и за кабелските на кои сме приклучени. Дали сите аналогни канали кои ни ги пуштаат ќе прејдат во дигитални? Пример кај мене пуштаат 62 аналогни и 27 дигитални.
Дигитализација на телевизијата
![](http://www.srd.org.mk/images/M_images/pdf_button.png)
![](http://www.srd.org.mk/images/M_images/printButton.png)
![](http://www.srd.org.mk/images/M_images/emailButton.png)
Дигитализација на телевизијата
Веќе шеесетина години старата добра телевизија е секојдневие во животот на милијарди луѓе на целата планета. Овој бизнис, кој вреди милијарди евра, ни го покажа стапнувањето на човекот на Месечината, нè забавува и расположува со светските музички спектакли и спортски настани, но исто така нè известува и за природни несреќи и катастрофи и нè мобилизира да сочувствуваме и да им помагаме на оние на кои им треба итна помош. Сега со процесот на дигитализација на земските телевизиски мрежи започнува нова ера, слична на онаа кога телевизијата беше црно-бела па премина во колор.
Што е дигитализација на земскиот пренос на сигналот?
![](http://www.srd.org.mk/images/stories/Analogna_televizija.jpg)
Досегашниот начин на пренос на телевизискиот сигнал се покажа доста успешен. Но, за жал, за разлика од останатите платформи за пренос (кабел, сателит, IPTV итн.) оваа платформа на безжично земско пренесување на телевизискиот сигнал, има ограничен број фреквенции. Освен тоа, се покажа дека аналогниот сигнал е поподложен на интерференции и губење на сигналот или негово дуплирање, што се карактеризираше со таканаречените „сенки и снег“ на сликата на ТВ приемниците. Ваквите негативни страни на аналогниот сигнал сега ќе станат историја.
Зошто дигитален пренос на сигналот?
Дигиталниот начин на пренос на сигналот (преку бинарен код) носи речиси перфектна слика и нуди можност за разубавена телевизија (анг. enhanced TV) како и за врвната телевизиска слика со висока резолуција (HDTV). Кристално чиста слика, беспрекорен звук, нови интерактивни услуги и услуги на барање преку ТВ-приемникот се неколку од најважните придобивки од дигиталниот пренос на сигналот.
Можеби најголемата придобивка е тоа што дигиталниот сигнал може да се компресира, па така во еден канал ќе можат да се емитуваат околу десетина програмски сервиси со MPEG-4 компресија во стандардна дефиниција или од три до пет со висока дефиниција со што ќе се зголеми просторот за емитување повеќе програмски сервиси во етерот. Па, така од сегашните пет телевизиски сервиси, во Македонија ќе се добие простор за емитување на десетици телевизиски сервиси.
Кога Република Македонија ќе помине на дигитален пренос на телевизискиот сигнал?
Во Република Македонија, аналогниот телевизиски сигнал ќе биде исклучен во јуни 2013. Советот за радиодифузија ќе ја започне својата едукативна кампања за дигитална телевизија во септември годинава.
Кој дел од населението ќе биде засегнато од преминот од аналоген во дигитален пренос на телевизиски сигнал?
Доколку ТВ програмите ги примате преку сателитска антена, кабел или IPTV нема да бидете директно засегнати од исклучувањето на аналогните предаватели.
Најзасегнати се оние граѓани кои што го примаат телевизискиот сигнал терестеријално преку обична на ТВ-антена, кои што според последните истражувања на Советот за радиодифузија (спроведени од Институтот за демократија) претставуваат 15 проценти од вкупното население во Република Македонија.
![](http://www.srd.org.mk/images/stories/grafikon_7.jpg)
(резултати од истажувањето на Институтот за демократија)
Сите приемници ќе можат да го примаат дигиталниот сигнал!
Доколку имате постар ТВ приемник тоа не значи веднаш дека морате да купите нов. Со помош на таканаречените сет-топ-боксови (Set-Top-Box), коишто се всушност рисивери (примачи) на дигиталниот сигнал и се приклучуваат на ТВ приемниците, ќе може да се изврши конверзија од дигитален во аналоген сигнал.
![](http://www.srd.org.mk/images/stories/set_top_box.jpg)
Нивната цена секојдневно се намалува и изнесува неколку десетини евра. Според неофицијални информации Владата на Република Македонија ќе обезбеди 40.000-50.000 сет-топ-боксови за социјално ранливите групи, со цел и тие да бидат опфатени во овој многу важен процес.
На што да се внимава при купување нов телевизор
![](http://www.srd.org.mk/images/stories/standardi_za_tv.jpg)
Доколку се одлучите да купите нов ТВ-приемник со вграден тјунер бидете сигурни дека тој поддржува компресија MPEG-4, DVB-T стандард и дека може да прикажува телевизија со висока дефинција – HD Ready или FullHD.
Еве од тука ја имам прочитано информацијата