Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

Член од
27 декември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
794
Не верувам, бесплатни ќе бидат како што беа првпат електронските здравствени картички бесплатни.
Не знам дали ова нешто ќе важи и за кабелските на кои сме приклучени. Дали сите аналогни канали кои ни ги пуштаат ќе прејдат во дигитални? Пример кај мене пуштаат 62 аналогни и 27 дигитални.
Дигитализацијава важи само за оние кои немаат било каква кабловска МахТВ,БООМ ТВ,Близоо,Телекабел или некоја друга. Кабловските немаат врска со дигитализацијата на Македонија тие како што досега го правеле односно ни ги прикажувале телевизиите ќе си продолжат така,да не ги мешаме работите
--- надополнето: 31 декември 2012 во 16:57 ---
Не верувам, бесплатни ќе бидат како што беа првпат електронските здравствени картички бесплатни.
Не знам дали ова нешто ќе важи и за кабелските на кои сме приклучени. Дали сите аналогни канали кои ни ги пуштаат ќе прејдат во дигитални? Пример кај мене пуштаат 62 аналогни и 27 дигитални.
http://www.srd.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=429&Itemid=104&lang=mk
Дигитализација на телевизијата
Дигитализација на телевизијата

Веќе шеесетина години старата добра телевизија е секојдневие во животот на милијарди луѓе на целата планета. Овој бизнис, кој вреди милијарди евра, ни го покажа стапнувањето на човекот на Месечината, нè забавува и расположува со светските музички спектакли и спортски настани, но исто така нè известува и за природни несреќи и катастрофи и нè мобилизира да сочувствуваме и да им помагаме на оние на кои им треба итна помош. Сега со процесот на дигитализација на земските телевизиски мрежи започнува нова ера, слична на онаа кога телевизијата беше црно-бела па премина во колор.

Што е дигитализација на земскиот пренос на сигналот?

Досегашниот начин на пренос на телевизискиот сигнал се покажа доста успешен. Но, за жал, за разлика од останатите платформи за пренос (кабел, сателит, IPTV итн.) оваа платформа на безжично земско пренесување на телевизискиот сигнал, има ограничен број фреквенции. Освен тоа, се покажа дека аналогниот сигнал е поподложен на интерференции и губење на сигналот или негово дуплирање, што се карактеризираше со таканаречените „сенки и снег“ на сликата на ТВ приемниците. Ваквите негативни страни на аналогниот сигнал сега ќе станат историја.

Зошто дигитален пренос на сигналот?

Дигиталниот начин на пренос на сигналот (преку бинарен код) носи речиси перфектна слика и нуди можност за разубавена телевизија (анг. enhanced TV) како и за врвната телевизиска слика со висока резолуција (HDTV). Кристално чиста слика, беспрекорен звук, нови интерактивни услуги и услуги на барање преку ТВ-приемникот се неколку од најважните придобивки од дигиталниот пренос на сигналот.

Можеби најголемата придобивка е тоа што дигиталниот сигнал може да се компресира, па така во еден канал ќе можат да се емитуваат околу десетина програмски сервиси со MPEG-4 компресија во стандардна дефиниција или од три до пет со висока дефиниција со што ќе се зголеми просторот за емитување повеќе програмски сервиси во етерот. Па, така од сегашните пет телевизиски сервиси, во Македонија ќе се добие простор за емитување на десетици телевизиски сервиси.

Кога Република Македонија ќе помине на дигитален пренос на телевизискиот сигнал?

Во Република Македонија, аналогниот телевизиски сигнал ќе биде исклучен во јуни 2013. Советот за радиодифузија ќе ја започне својата едукативна кампања за дигитална телевизија во септември годинава.

Кој дел од населението ќе биде засегнато од преминот од аналоген во дигитален пренос на телевизиски сигнал?

Доколку ТВ програмите ги примате преку сателитска антена, кабел или IPTV нема да бидете директно засегнати од исклучувањето на аналогните предаватели.

Најзасегнати се оние граѓани кои што го примаат телевизискиот сигнал терестеријално преку обична на ТВ-антена, кои што според последните истражувања на Советот за радиодифузија (спроведени од Институтот за демократија) претставуваат 15 проценти од вкупното население во Република Македонија.
(резултати од истажувањето на Институтот за демократија)​

Сите приемници ќе можат да го примаат дигиталниот сигнал!

Доколку имате постар ТВ приемник тоа не значи веднаш дека морате да купите нов. Со помош на таканаречените сет-топ-боксови (Set-Top-Box), коишто се всушност рисивери (примачи) на дигиталниот сигнал и се приклучуваат на ТВ приемниците, ќе може да се изврши конверзија од дигитален во аналоген сигнал.

Нивната цена секојдневно се намалува и изнесува неколку десетини евра. Според неофицијални информации Владата на Република Македонија ќе обезбеди 40.000-50.000 сет-топ-боксови за социјално ранливите групи, со цел и тие да бидат опфатени во овој многу важен процес.

На што да се внимава при купување нов телевизор

Доколку се одлучите да купите нов ТВ-приемник со вграден тјунер бидете сигурни дека тој поддржува компресија MPEG-4, DVB-T стандард и дека може да прикажува телевизија со висока дефинција – HD Ready или FullHD.

Еве од тука ја имам прочитано информацијата
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.146
Поени од реакции
8.110
Pa tie so obicen tv eve i mojot nema digitalen tuner plasmata kako ke mi obezbedi da gledam mtv?
на социјално загрозените семејства ќе подели владата незнам колку ресивери
ама кај нас нема многу проблем затоа шо мал број на луѓе користат тв со обична антена
најверојатно ќе има договори со кабелските и слично за поевтини ресивери
значи ти најверојатно користиш кабловска или макс тв или бум тв...тие треба да ти обезбедат
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Може ли да ми кажете колку места ќе има слободни за нови канали на Бумтв со дигитализацијата? Колку што читав, 11 или 400? :confused:
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
794
Може ли да ми кажете колку места ќе има слободни за нови канали на Бумтв со дигитализацијата? Колку што читав, 11 или 400? :confused:
3 мулти плекса скоцкани по 15 во еден 45 максимум телевизиски канали

на социјално загрозените семејства ќе подели владата незнам колку ресивери
ама кај нас нема многу проблем затоа шо мал број на луѓе користат тв со обична антена
најверојатно ќе има договори со кабелските и слично за поевтини ресивери
значи ти најверојатно користиш кабловска или макс тв или бум тв...тие треба да ти обезбедат
Повторно се повторуваме ако имаш било каков тип кабловска не ти е потребен дигитален ресивер за да ги следиш програмите кои ги нудат нашиве телевизии бидејки операторот на еден или друг начин ти ги прикажува Тоа што кабловските нудат дигитални ресивери тоа е само да можеш да ги следиш кабловските канали кои самата кабловска решила на тој начин да ги прикажува
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
3 мулти плекса скоцкани по 15 во еден 45 максимум телевизиски канали

Повторно се повторуваме ако имаш било каков тип кабловска не ти е потребен дигитален ресивер за да ги следиш програмите кои ги нудат нашиве телевизии бидејки операторот на еден или друг начин ти ги прикажува Тоа што кабловските нудат дигитални ресивери тоа е само да можеш да ги следиш кабловските канали кои самата кабловска решила на тој начин да ги прикажува
Другар, не те разбрав(за сателитска се разбирам, а со мултиплексиве не :D), сакаш да кажеш дека ќе имаат место да стават уште 45 канали, или цела Бумтв платформа ќе има само 45 канали? :confused:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прашања за по упатените:
Дали со дигиталните приемници за прием на кабелската дигитална телевизија, ќе може да се прима воздушно терестијалната дигитална телевизија?
Дали со сателитските дигитални ресивери може да се прима терестијалниот или кабелскиот дигитален сигнал?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин

Зависи до моделот на ресиверот. Преку ТоталТВ, сателитските ресивери што ги нудат имаат можност и за DVB-T. Сигурно таа опциjа jа има и каj некои DVB-C уреди.
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Зависи до моделот на ресиверот. Преку ТоталТВ, сателитските ресивери што ги нудат имаат можност и за DVB-T. Сигурно таа опциjа jа има и каj некои DVB-C уреди.
Ја немаат сите ресивери на Тоталтв таа опција, ја има само HD DVB-T ресиверот, останатите не.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
794
Другар, не те разбрав(за сателитска се разбирам, а со мултиплексиве не :D), сакаш да кажеш дека ќе имаат место да стават уште 45 канали, или цела Бумтв платформа ќе има само 45 канали? :confused:
Сега имаат 3 фрекфенции (3 мултиплекса) на секоја фрекфенција (мултиплекс) можат да се прикажуваат 15 тв канали .Пример во Скопје во аналогната телевизија Сител телевизија својата програма од предавателот кој се наоѓа с.Раштак ја емитира на канал 24 UHF со дигитализацијава таа фрекфенција ќе можат да се прикажат 15 телевизиски канали со добар квалитет или 3-4 HD канали исто со добар квалитет иако што помал број на HD канали на една фрекфенција сликата ќе биде многу подобра ќе ги нема оние коцки кои се јавуваат .Сега државата им додели дополнителни 3 фрекфенции (мултиплекси) и ќе може да прикажуваат дополнителни 45 канали се вкушно 90 телевизиски канали само што овие канали ќе бидат наменети за националните и локалните Тв куќи .Мислам Боом ТВ ќе се ослободи од некаде 15 канали кои сега ги прикажува на првите 3 мултиплекси и ќе може да понуди дополнителни 15 сателитски канали бидејки овие нашите што сега ги прикажува ќе ги префрли на вториве 3 мултиплекси .Само сеуште барем мене не ми е јасно дали овие локалниве канали ќе ни ги дава бесплатно да ги следими или ќе ни наплаќа ,исто така ако се и малку умешни сите нови телевизори кои имаат DVB-T стандард да не ослободат од ресиверите само со вметнување на картицата да може да ги следиме.Исто така овие ресивери Sagem кои ги нудат немаат можност за прикажување HD технологија.
 
HD не отвараат, но mpeg4 отвараат.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
794
Со DVB-T не може HD, Македонија воведува DVBB-T, а не DVB-T2.
МРТ 1 зрачи во HD резолуција на Боом Тв го фаќаш сигналот но неможеш да ја следиш програмата поради ресиверот односно имаш глас но нема слика (обратно од домазет )
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.146
Поени од реакции
8.110
МРТ 1 зрачи во HD резолуција на Боом Тв го фаќаш сигналот но неможеш да ја следиш програмата поради ресиверот односно имаш глас но нема слика (обратно од домазет )
Квалитетен е тој сигнал на МТВ во HD?
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
МРТ 1 зрачи во HD резолуција на Боом Тв го фаќаш сигналот но неможеш да ја следиш програмата поради ресиверот односно имаш глас но нема слика (обратно од домазет )
Да да, па заради тие канали ми станаа преку 100 канали на Бумтв, некои по два пати се повторуваат канали и имаше MRT1 mpeg4, MRT2 mpeg4, и Sobraniski Kanal mpeg4. После си
направив нова листа и си ги подредив по ред каналите. Ама изгледа овие во mpeg4 се како тест канали, изгледа тестираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom