Стравот е како болката, индикатор за некоја опасност. Базичен страв е страв од смртта бидејќи колку и да сакаме да се одложи за некое друго време и тоа време пак ќе сакаме да се одложи, што кажува колку сме неспособни да и погледнеме на вистината во очи а тоа е дека штом сме се родие доволно сме стари да умреме. Велат дека презирот кон смртта е врв на мудроста, дека никој со ништо не овладеал ако не може да се помири со фактот дека колку и да се противи нагонот за опстанок, смртта е најсигурно и најизвесно нешто во животот. Стравот ги прави луѓето агресивни, па потоа тие внесуваат страв на други. Стравот е природна емоција и немаме зошто да се срамиме од неа доколку покажувајќи го стравот знаеме да се соочиме со опасноста.