Ако се соочиш со стравот т.е со фобијата и после таа ќе изчезни??
Оти јас мислам дека не?Барем кај мене.Имам фобија од тесно,висина и инсекти.Сестра ми еднаш ми рече да му се доближам на некој инсект да го допрам,да сватам дека нема потреба од страв.Имаше пајак на ѕидот,само шо ја пуштив раката за да го допрам,почнав да се потам и да ми се врти.И пак ми остана истата фобија.
То е,ако имаш фобија од нешто,со здравје да си ја носиш...јбг...
Јас не се согласувам со твоето размислување...
Јас порано имав фобија од височина...
Но одкако почнав да работам по објекти,сакал или нејќел морав да се качам на скеле...
Одкако видов дека иако сум на високо,иако ми се врти и ми се лоши сепак можам да издржам и да се спротиставам на тоа...
Почнав се почесто да се качивам по високи скали и високи склелиња...
Се навикнав на тоа и сега мака немам од високо.
Сега ми остана уште една фобија а тоа е од мали,ситни остри предмети...
Знам дека ке звучи чудно но сепак имам премногу чудно чувство кога некој мал предмет кој може да ме повреди ми дојде ви близина,мене почнува да ми се стегаат очните капаци и после некое време можно е и да ми се слоши...