Не сметам дека е паметно уште од прво одделение да се изучува англиски.
Барем од второ одделение да се започне тоа се сложувам или трето најкасно.
Не е во ред децата уште од самиот старт на своето образование да изучуваат втор јазик кој не им е мајчин, а притоа значи во случајов македонскиот сеуште не го ни знаат. Не ја знаат азбуката, не знаат да пишуваат, читаат и сл. Првото одделение е за изучување на мајчиниот јазик и неговата основа. Веќе од второ/трето нека почнат и основни работи на англискиот јазик.
Јас знам дека новиве генерации напредни се но не е во ред децата да ги мешаат мајчиниот јазик и англискиот и во ист период да учат броење, азбука, пишување на 2 различни јазици. Прво основа на македонски нека научат, па после англискиот.