Јас прв пат искочив у град то ест у дискотека кога имав 6 години!
Идев на курс по англиски во Летиком+ и на крајот од школската година се организираше журка и сите ученици беа поканети па и јас и другарчињата (нормално со придружба од мајките). Журката беше дење ,значи не беше ноќно искачање и супер си поминавме.Памтам пуштаа македонски песни Ребека ,Ерзана така нешто...ееееееее тоа беа времиња
Инаку прво искачање без придружба од родител ми беше во шесто одделение ,значи на мои 12 години.