Нема ништо ново официјално, а ? Штета.....
На прва, идејава личи ОК....
Да се гради или не? Каналот Белград-Скопје-Солун ќе ја потопи Тиквешијата!
„Изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе поплави три населби во јужниот дел на Македонија, а ќе предизвика и големи ходрогеолошки и миграциони промени. Пред да реши да се вклучи во неговата реализација македонската влада треба сериозно да ги разгледа позитивните и негативните ефекти на овој мега проект“, вели во интервју за српска Политика, Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти, на Градежниот факултет во Скопје.
Зошто Кинезите се заинтересирани за изградба на каналот Белград-Скопје-Солун?
Водениот пат од Северна Европа до Средоземно море ќе се скрати сегашната траса за 1.200 километри во однос на трасата преку Црното море. За овој зафат се потребни 17 милјарди долари, а според оптимистичките прогнози би можел да биде завршен за осум години.
Пред се би можело да стане збор за економски интерес, бидејќи ако земе учество во проектот Кина би ги вработила своите големи фирми, како и голем број луѓе. Кинезите исто така сакаат да ги продаваат своите производи на територијата на Европа на својот најголем пазар – Европската унија
Оној кој ќе биде дел од каналот на Морава во Србија, без огледа на сопственичкиот договор, тој ќе биде геополитички и геостратешки присутен во Европа
Груевски и Дачиќ се договорија, каналот Белград-Скопје-Солун треба да се гради!
Српските експерти се убедени дека станува збор за невозможна мисија, затоа што еден таков проект е комплициран и премногу скап. Првичните проценки велат дека ќе чини меѓу 12 и 17 милијарди евра.Тамошната опозиција обвинува дека мегаломанскиот проект ќе чини повеќе од 18,5 милијарди евра и ќе ја одведе Србија во должничко ропство.