Од Скопје со брод до Париз, Прага и Солун?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.771
Поени од реакции
9.891
ако го прават вардар пловен... отиде нивата на дедо ми.
Гајле ти е за нивата..не си свесен колку обештетување би земал :D Таму кај што треба да поминува коридор 8 им ги откупувале нивите по астрономски суми.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
А бре народе, толку сте наивни или толку сте неинформирани ?

Овој таканаречен проект Пловен Балкан, за прв пат спомнат во времето на кралството Југославија, а за прв пат сериозно разгледан во 1960-те години во социјалистичка Југославија, предвидува изградба на мрежа на пловни канали кои ќе ги поврзат водите на реките Дунав и Морава во Србија со водите на реката Вардар во Македонија, притоа заобиколувајќи ги населените места, што во превод значи дека нема да поминуваат бродови ниту низ Скопје, ниту низ Велес, ниту низ било кое друго населено место низ кое поминува Вардар.

Но колку и да најавуваат Србите, факт е тоа дека било каква реализација на тој проект Пловен Балкан мора да започне во Србија.

Така да, Србите ќе треба сериозно да ги разбереме дури откако ќе започнат со градежни работи на сопствена територија, а од било какви градежни работи на српска територија засега нема ни трага ни глас, што во превод значи дека Србите продаваат магла чисто поради политички поени, барем засега, доколку почнат сериозно со реализирање на тој проект Пловен Балкан во иднина, тоа веќе би било друга приказна.
значи нема Скопје да се поплави ?? :facepalm:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.572
Поени од реакции
1.864
Гајле ти е за нивата..не си свесен колку обештетување би земал :D Таму кај што треба да поминува коридор 8 им ги откупувале нивите по астрономски суми.
оштетување ќе зеам и после и глисер треба да земам. а јас иам слаби нозе кога сум на вода, плус тоа глисерот троши. упм :confused:

Ќе може сунѓери и остриги да одгледуваш на нивата. :pos:
кај одиш бе? еве да ги копат сунѓерите, трева фатиле :D
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дај бе не зезај скопје на секој 20 метри има мост...ќе треба сите да се рушат и да се реконструираат + фонтани....башка и 10 метри најголема длабочина
Нема потреба Вардар да биде пловен до Скопје, само до вливот на Пчиња
 
А

Атомската мравка

Гостин
Гајле ти е за нивата..не си свесен колку обештетување би земал :D Таму кај што треба да поминува коридор 8 им ги откупувале нивите по астрономски суми.
Познавам и луѓе што намерно садеа плодни дрва со цел обештетувањето биде што поголемо, а има и уште така што прават на оние места каде што се најавуваа автопати демек ќе градат... има купуваат ниви и одма ги садат со плодни дрва :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.771
Поени од реакции
9.891
Познавам и луѓе што намерно садеа плодни дрва со цел обештетувањето биде што поголемо, а има и уште така што прават на оние места каде што се најавуваа автопати демек ќе градат... има купуваат ниви и одма ги садат со плодни дрва :)
Да да..ореви,бадеми и сл. Многу пара се зимало за тоа и ја имам чуено.:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
значи нема Скопје да се поплави ?? :facepalm:
Дефинитивно не, Скопје е во котлина и е опкружен со планини, а тој пловен канал најверојатно би поминувал западно од Куманово, со цел да се заобиколи Косово бидејќи Србите сигурно не сакаат да тераат бизнис со косоварите околу тој пловен канал.

Поголеми би биле шансите ако не дај Боже, испадне дека тој канал не е изграден со квалитетни материјали, не е дизајниран како што треба и пукне некој од неговите ѕидови или некоја од неговите брани, поради што неговите води попрво би го поплавиле Куманово, отколку Скопје, не дај Боже.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Интересна тема, има многу за дискусија, ама ниту еден експерт не прочитав, што ги знае работите да напиште нешто подетално, да подобјасни, само глупости пишувате! Или пишете нешто серизоно или подобро не тролајте 4 страни од темава.
Јас бидејќи сум вклучен во еколошката студија која е дел од физибилити студијата на еден странски конзорциум за реконструкција за железничкиот коридор Х, односно делниците Куманово-Дељадровци и Битола-Кременица кои целосно ќе се рекоснтруираат и ќе бидат со поголема брзина (120 km/h) и Велес Драчево, која ќе се гради одново. Односно, постоечката пруга ќе биде отстранета, додека новата ќе се крева на ниво на автопатот, со низа на тунели и мостови, бидејќи тој дел на Вардар ќе биде целосно поплавен заради потребите на новата хидро електрана која ќе биде изградена. Еден тунел е точно позициониран така да нема допирна точка со идната ХЕЦ. Поради тие причини, австриците кои работат на идејното решение на пругата прво ги земаа документите околу тој проект.
Стариот проект кој го има ЕЛЕМ за Вардарска Долина го прегледав, мошне интересен проект, дури неверојатно за балкански/македонски услови, но Боже мој, се е можно во иднина. Во разговор со еден од странците кои работат на пругата, ми кажа дека една кинеска компанија е страшно загреана за Вардарската Долина и за идните ХЕЦ кои се планира да се изградат долже течението на Вардар, дале 3 пати пониска понуда од некоја македонска компанија и дека има реалност дел од проектот да се реализира.
За поплавување на Скопје не ни станува збор, убаво си кажа еден член погоре дека ќе се тера од устието на Пчиња па натаму.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Колку пари би ја чинел Македонија овој проект?

Ако е над 3-4 милијарди, повеќе ни се исплати да дигнеме една нуклеарка кај Криволак и да продаваме струја низ цел балкан отколку да се бафтаме со канали од кој најголем ќар ќе имаат централно европските земји и неколку балкански држави!

За 2 милиони народ не ни треба пловна река. Доволно ни е блиску Солунско пристаниште!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку пари би ја чинел Македонија овој проект?

Ако е над 3-4 милијарди, повеќе ни се исплати да дигнеме една нуклеарка кај Криволак и да продаваме струја низ цел балкан отколку да се бафтаме со канали од кој најголем ќар ќе имаат централно европските земји и неколку балкански држави!

За 2 милиони народ не ни треба пловна река. Доволно ни е блиску Солунско пристаниште!
За нуклеарка треба знаење, капитал, гориво и складиште за нуклеарниот одпад. Ние немаме ништо од ова....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom