Од Скопје со брод до Париз, Прага и Солун?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
O

onlya

Гостин
Што биде нека биде и така никој не го прашува народот дали сака или не сака, а ако бродовите не се собираат под гоце, камени, мостот на уметноста, мостот на окото итн. нека пуштат подморници :) само се надевам нема да воведат зонско паркирање на кајчиња. :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Не знам дали сфативте или не, ама каналот нема да поминува низ Скопје :coffee:
Е ајде де, кажи им го тоа.

Како за почеток, тотално неисплатливо би било изградба на било каков пловен канал од Србија кон Македонија кој би поминувал низ Скопје, од наједноставна причина бидејќи тоа ќе подразбира и Косово да биде дел од проектот, а Србите сигурно тоа не го сакаат.

Понатаму, низ Скопје има објекти кои буквално се залепени за Вардар, поради што било каков пловење низ Вардар во Скопје ќе значи уривање на мостови, или подобро кажано, исклучување на едната од другата страна на Вардар, меѓу тие мостови спаѓа и Камениот мост, кој е историско обележје на градот, понатаму уривање на бројни објекти кои се покрај Вардар, како што се објектите од проектот Скопје 2014, новото седиште на Ти-Хоум, изградено на локацијата на која пред скопскиот земјотрес од 1963 година, се наоѓала старата народна банка и ред други објекти.

Па дури и анимациите кои ги објавуваат српските телевизии и новинарски агенции јасно говорат дека воопшто не е предвидено каналот да поминува низ Скопје.

Но ајде кажи им го ова на нашинциве кои едноставно не разбираат или не сакаат да разберат за што коментираат и критикуваат.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Е ајде де, кажи им го тоа.

Како за почеток, тотално неисплатливо би било изградба на било каков пловен канал од Србија кон Македонија кој би поминувал низ Скопје, од наједноставна причина бидејќи тоа ќе подразбира и Косово да биде дел од проектот, а Србите сигурно тоа не го сакаат.

Понатаму, низ Скопје има објекти кои буквално се залепени за Вардар, поради што било каков пловење низ Вардар во Скопје ќе значи уривање на мостови, или подобро кажано, исклучување на едната од другата страна на Вардар, меѓу тие мостови спаѓа и Камениот мост, кој е историско обележје на градот, понатаму уривање на бројни објекти кои се покрај Вардар, како што се објектите од проектот Скопје 2014, новото седиште на Ти-Хоум, изградено на локацијата на која пред скопскиот земјотрес од 1963 година, се наоѓала старата народна банка и ред други објекти.

Па дури и анимациите кои ги објавуваат српските телевизии и новинарски агенции јасно говорат дека воопшто не е предвидено каналот да поминува низ Скопје.

Но ајде кажи им го ова на нашинциве кои едноставно не разбираат или не сакаат да разберат за што коментираат и критикуваат.
Нема никаква логика како прво, како што и самиот кажа веќе нема шанси да се прави пловен Вардар низ Скопје...
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Па да се оди според планот и се одвива во етапи,ние за тоа ги спремаме ГАЛИИТЕ у Вардар кога ке бидне каналот тие само ке летнат низ него,,,,,,....... ма немој да ме јебеш бре:ROFLMAO::)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Србија и ја фрли ракавицата на Македонија за пловниот канал

Драган Дунчиќ, претставник на Републичката дирекција за просторно планирање на Србија на вчерашната конференција во Скопје кажа дека Србија широко ги отвара вратите кон Македонија и Грција за да се приклучат кон проектот за изградба на каналот Дунав-Морава-Вардар-Аксиос

Србија широко ги отвара вратите кон Македонија и Грција да се приклучат кон проектот за изградба на големиот мултифункционален канал Дунав-Морава-Вардар-Аксиос, идеја стара повеќе од два века. Со овој канал од Белград преку Скопје ќе се патува по воден пат до Солун. Вредноста на инвестицијата е меѓу 15 и 17 милијарди долари, а покрај Србија во игра се Кина и САД. Значењето на каналот е огромно, а бенефит ќе имаат не само земјите низ кои што ќе поминува, туку и земјите од регионов, Европа и пошироко.
Понудата стаса од Драган Дунчиќ, претставник на Републичката дирекција за просторно планирање на Србија, кој присуствуваше на вчерашната Конференција насловена како Конективна Европа-одговор на ЦЕФТА регионот", што се одржа во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија. Тој понудата ја даде во името на Милан Бачевиќ, министер за природни богатства, рударство и просторно планирање на Србија кој во јануари годинава го потпиша протоколот со кинеската државна компанија Чајна Груп", при што Србија се обврза во следните неколку месеци да го изработи просторниот план за овој канал.
- Обврската на кинескиот партнер е во следните неколку месеци да ја изработи студијата за изводливост. Каналот од технички аспект може да се реализира и тој ќе биде мултифункционален, не само за Србија, туку и за регионот, бидејќи покрај пловноста и транспортот на стока, тој ќе има и земјоделско, хидротехничко значење, како и за производство на електрична енергија од обновливи извори, но и развој на наутички туризам - вели Дунчиќ повикувајќи ги сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива.
Според него, Студијата на изводливост која треба да биде готова во првата половина од годинава, ќе даде прелиминарни информации, оти за Србија тоа е многу голем проект, речиси најзначаен.
- Со изградбата на каналот Дунав-Морава-Вардар-Аксиос во сите држави каде ќе поминува каналот може да се оформат пристаништа, стоковно-транспортни центри. Енергетскиот потенцијал на водата, исто така е значаен, оти тој во Србија ќе достигне 330 мегавати, а германската РВЕ е заинтересирана за изградба на четири хидроцентрали на Велика Морава - посочи Дунчиќ.
Каналот е предвидено да се протега на површина од 10.500 квадратни километри, а за неговата реализација се потребни повеќе од десетина години. Македонската Влада веќе е информирана за овој мега проект, а како што посочи нејзиниот портпарол Александар Георгиев, таа секогаш е подготвена да ги отвори вратите за регионалните проекти, особено кога тие носат економски бенефит за земјава и нејзиниот севкупен развој.
Универзитетскиот професор и градежник по струка, Вулнет Палоши го одобрува овој проект, бидејќи смета дека треба да се гради.
- Меѓутоа, моето мислење за Македонија е дека ако некој сака низ земјава да помине канал, нека го изгради, нека плати за тоа, а ние како држава да имаме добивка од транзитниот сообраќај. Реално Македонија нема сила да финансира таков проект, но може да има ќар - смета Палоши.
Тобијас Бауман од Германската трговска комора оцени дека покрај политичката стабилност, географската близина до клучните европски пазари, трошоците за производство и административните процедури, квалитетната инфраструктура е многу важна за германските и за останатите инвеститори.
За Мартин Клауке, раководител на Оддел за оперативни работи при делегацијата на ЕУ, најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на Коридорот 10. Тој најави дека ЕУ ќе продолжи со поддршка на проекти преку ИПА, за што веќе се користат 130 милиони евра за различни проекти претежно во областа на железничкиот и патниот сообраќај за коридорите 8 и 10. Тој информираше дека моментно се подготвува и Инструментот за претпристапна помош за периодот од 2014 до 2020.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески порача дека Владата останува посветена на најважната цел, да инвестира во модерен, безбеден, добро одржлив и интегриран транспортен систем. Тој на Конференцијата и претстави досегашните и идните активности, посочувајќи дека на Коридорот 10 веќе се гради последната делница за заокружување на автопатското решение, што ќе биде завршено до 2016 година. Се работи и на проекти за изградба на патиштата на Коридорот 8, каде се завршени 36% од патната инфраструктура на ниво на модерен автопат.
- За завршување на градежните активности на западната делница од Коридорот 8 се потребни околу 550 милиони евра, а за источната 530 милиони евра. За железничкиот дел од Коридорот 10, пак, се обезбедени 17 милиони евра за ремонт на 54 километри од железничката пруга - кажа министерот.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8EB08B1E202C5E4181FC8DB8C28FA715
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Море пред избори сега,што нема да им текне.Зарем има блесав народ кој верува во ова...Па нормални ли се тие бе.Ова ако направат кај ќе ги носиме врбите.:) Значи стварно не ми е јасно
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Море пред избори сега,што нема да им текне.Зарем има блесав народ кој верува во ова...Па нормални ли се тие бе.Ова ако направат кај ќе ги носиме врбите.:) Значи стварно не ми е јасно
Сфаќаш дека каналот нема да иде низ Скопје!!!!!!!!!!!!!!!???????????
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Фактор е објавено дека Кинезите ја превзеле документацијата за изработка на студијата за каналот. Во веста се вели:
Во Белград е одржан прв состанок на заедничката работна група за Моравскиот пловен канал. Кинескиот партнер, „Гезоба груп“ ја превзела неопходната документација за изработка на студија. Таа компанија која ја гради и најголемата хидроелектрана на светот „Три клисури“, со инвестиции е пристуна во цела Европа.“
http://faktor.mk/archives/38859?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%b7%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4-%d1%9c
 

Kajgana Shop

На врв Bottom