Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.169
- Поени од реакции
- 25.899
Не можат бре мажи да глумат, мулиња се за тоа. Не ги бива за такви работи, сплетки, манипулации, криења, кад тад им пука филм ќе се испонатрескаат и ќе ти кажат се'. Како беше една од оние демек мудри изреки што кружат по фејсбук-Таа ќе се омажи со него со надеж дека тој ќе се промени, но тоа скоро никогаш не се случува. Тој ќе се ожени со неа со надеж дека таа нема да се смени но тоа скоро секогаш се случува. Кога е во прашање користољубие, задњи намери, драматизации, сплеткарошења жени ти се неприкосовена категорија за да дојдат до тоа што го замислиле. Да бидеме реални во пракса кој повеќе притиска за брак-машкото или женското? Јас ретко знам ситуација машко да каже-Јас сакам да ја женам ама она одлага, скоро секогаш е обратното. Таа тапија повеќе вас ви годи. Со тоа вие ја цементирате позицијата, од многу аспекти имотен, материјален, поседовен, доминација. Секое негово евентуално негово повлекување си подразбира законска компензација. Ако на сето тоа го додадеме и детето кое пак вие го притискате за зачнување, тука веќе излезот станува се потежок, има алиментации чуда врагови, судови и комплексности. И на ова ми се имаат пожалено многу луѓе дека она не е истата пред и по стапувањето во брак, небитно порвинцијалка или не. Пак ќе кажам ништо од ова не мора да значи дека е во случајот. Ама не е лошо дечкото да размилси и проанализира.Јас пак не знам ни еден таков случај, со таа разлика што јас сум „провинцијалка“ и сите мои другарки се провинцијалки. Ниедна ама ниедна не заврши, еве на пример со Скопјанец, баш поради ваквите муабети кои самите непровинцијалци си ги измислуваат - Врска само заради „зелен картон“ за престој во Скопје.
Ние жените, ај да не генерализирам, Некои од жените, без разлика на местоположбата каде се родени, откако ќе го добијат тоа што го замислиле (прстен, потпис во матично, бебе, свадба, бундичка...) си го покажуваат вистинското лице. Исто така е и за вас мажите. Откако ќе се осигурате дека имате тапија врз телото, умот, чуствата на жената (таа тапија е Извод на венчани), си ги покажувате вистинските лица (кои се повеќе, зависно кој што хороскопски знак е), мислејќи дека тапијата ќе е доволна за да ја спречи жената да ви набие рогови.