Помошникот на главен командант на копнената војска на Русија Игор Канашенков, изјавил дека Москва ќе го зголеми бројот на руски сили во Јужна Осетија, за да ја принуди грузијската војска на мир, јавуваат руските медиуми.
Властите на Јужна Осетија соопштуваат дека најмалку шест цивили и тројца руски мировници загинале во синоќешното гранатирање, а дваесетина се ранети, со што бројот на загинати достигна до 15, а ранети се околу 80 луѓе. Наспроти тоа, Грузијците тврдат дека досега загинале 1400 жители на Јужна Осетија.
Во текот на ноќта, грузиската армија го ракетирала главниот град Чинвали, додека населениото се криело во скривници и подруми во кои нема вода и струја.
Претставник на руските сили соопштил дека грузијците пукале во конвој со ранети руски војници.
На периферијата на Чинвали биле префрлени единици на руските специјалци кои доставиле засилување со муниција и храна, пишуваат руските весници.
Командантот на копнените руски сили Владимир Болдирев им наредил на сите единици жестоко да се борат. Кон оваа борбена област биле префрлени руски тенкови, артилериски единици, противвоздушни и авијација.
Според извештаите на високиот комесар на ОН за бегалци Рон Редмонд, во последните неколку часа 2.000 луѓе ги напуштиле своите домови и заминале во Северна Осетија или во другите делови на Грузија, а премиерот на Јужна Осетија Јуриј Морозов прогласи хуманитарна катастрофа.