Со оглед на тоа што проблемов првично е поставен поради седењето пред компјутер, би сакал да дадам еден совет во врска со тоа. Затоа што мониторот на компјутерот е стациониран, окото се фокусира на таа далечина и е во таа положба сè додека не погледнеме на некоја друга страна. Затоа се препорачува на секои 20 минути до пола саат погледот да се тргнува од компјутерот и да се насочи некаде далеку, на најмало растојание од 3 метри.
Е сега, општо за очите, има неколку видови на вежби со кои можеме да ги одмориме.
Првиот начин е нежна масажа. Очите треба да бидат затворени, и со показалците да допреме над нив и полека да правиме кругови (слично како кога масирате слепоочници). Ова треба да се прави од една до три минути.
Вториот начин и движење на зениците. Исто и ова треба да се прави со затворени очи. Откако ќе ги затворите, полека почнете да ги движите очите како да се обидувате да најдете нешто во затемнета просторија. Овој начин е и најефикасен затоа што е приближно ист со РЕМ периодот од сонот кога очите се движат најбрзо при што се одмараат.
Третиот начин е сличен на првиот само што овој пат наместо кругови, потребно е само нежен притисок на окото.
И на крај, нешто кое сите го знаеме е добриот стар начин на гледање во зелено. Зелената боја е најпријатна за окото и затоа го одмара.