Ова со присутните на Великден, кои дошле не ради празникот и не ради Христа Бога, за тебе е причина за твоето неверување, така?...
А зашто не се повикаш на некој позитивен пример, туку се повикуваш на негативен и од него вадиш афирмативен заклучок, како поткрепа за твоето неверување?...
Еве, и јас сум сведок на таа појава-полн црковен двор со луѓе, кои чекаат да дојде полноќ, по што ќе ги искршат бојадисаните јајца, ќе се изнајадат и „фаќаат магла„ 10мин, по полноќ, но лично не доаѓам на Воскересението Христово ради нив, туку ради себе...и ради Бог, секако.
Совршени ми е јасно дека мнозинството кое доаѓа на Великденската ноќ, доаѓа ради сеир, и тоа мене не ме засега на никаков начин...