P
pozdrav eden topol
Гостин
Па, не си во право дека мнозинството кое иде во црква за велигден доаѓал ради сеир...доаѓаат за да го продолжат обичајот за кој незнаат многу, туку она основното, зашто се фарбаат јајца, што претставува и што се случува на тој ден...не се криви они, никој не ги подучувал....Оваа година бев позитивно изненадена кога видов млади кои лушпите од јајцето ги ставаа во салветка а не ги фрлаа на улица, луѓето во црква кои носеа свеќа во чашка или во фишек, ем да не тече восок по под, ем да не изгорат нечија коса.... Учење му треба на овој народ, касниме многу, затоа изгледаме такви никаквиОва со присутните на Великден, кои дошле не ради празникот и не ради Христа Бога, за тебе е причина за твоето неверување, така?...
А зашто не се повикаш на некој позитивен пример, туку се повикуваш на негативен и од него вадиш афирмативен заклучок, како поткрепа за твоето неверување?...
Еве, и јас сум сведок на таа појава-полн црковен двор со луѓе, кои чекаат да дојде полноќ, по што ќе ги искршат бојадисаните јајца, ќе се изнајадат и „фаќаат магла„ 10мин, по полноќ, но лично не доаѓам на Воскересението Христово ради нив, туку ради себе...и ради Бог, секако.
Совршени ми е јасно дека мнозинството кое доаѓа на Великденската ноќ, доаѓа ради сеир, и тоа мене не ме засега на никаков начин...

