Пред некаде две години, кога беше короната почнав прв пат да одам на литургија. И секогаш сум се чуствувал убаво во тие 2 и пол часа, сега кога сум во Македонија одам барем еднаш кога сум на одмор, денеска баш сабајле бев, во глобала истите луѓе околу 50тина души се тие, ми беше интересно да ги видам пак дечињата што сум ги гледал пред 2 години како пораснале, некои млади парови имаат новороденчиња, денеска видов и нови млади луѓе кои не сум ги гледал тогаш, едно десетина млади луѓе имаше денеска, и машки и девојчиња што ме радува. На литургија се молат за сите присутни но и за оние кои не се присутни, дури и за оние кои еве интересно им е и да исмејуваат. Знам само дека во овие 2 години ми се случиле добри работи, на неколку млади луѓе кои одеа исто така им се случија добри работи, знам дека тие што одат на литургија а се луѓе кои се на раководни позиции или пак газди се подобри кон работниците од оние кои не одат, но сепак на крајот од денот не треба да осудуваме никој, како што кажав молитви се посветени кон сите и сите сме исти пред Богa, не треба да мисли никпј дека со самото тоа што оди на литургија го прави подобар и подостоен од останатите, затоа што сите грешиме.
ПС: Не ги мешајте одењето на литургија и одењето во црква на 2 мин, тоа се многу различни работи. И на секој верник му препорачувам да отиде на литургија ако не бил.