И ти да не си некој идиот од газда?
Значи девојчето после години работа си прашува дали планираат да ја осигураат, и овие кога си одела по пат накај дома и се јавиле да и кажат повеќе да не иде. Ти ова го оправдуваш? Требало да праша за да ја напуштат? Значи ќе ја држеле додека таа самата сака под тие услови да работи.
Што се замислуваш ти бе? Да не си син на Орце Камчев или Минчо Јорданов?
Добро одмори малку, оти се исфрустрира толку многу?
Ниту сум газда ниту пак го знаев како е случајот. Ако се случило така слободно можи да ги пријави дека имаат не осигурани вработени, и казните колку што знам се баги големи.
Затоа си има договори , ако работиш не осигуран после тоа неможиш да ги тужиш. Проблемот кај нас е што има голема невработеност и многу ќе прифатат да работат во лоши услови само за да добијат некаков приход. Не ја оправдувам фирмата. напротив на никој не би му препорачал да работи во фирма каде што вработените не се осигурани.
Јас да бев Македонија ќе ја пријавев фирмата дека има неосигурани, но повеќето кај нас ќе ти речат не немој има таму многу така без работа ќе останат.
За тебе што е повеќе праведно да се затвори една ваква фирма или да се остави и други да се мачат?