"Ова не е американски филм" - "This is not an american movie"

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Имам некое чувство дека ова ќе биде добар филм...
Жалам што ќе те разочараме, ама прочитај ги коментарите погоре. Веќе се прикажува, а според тие што го виделе - станува збор за тотален промашај. Сеуште го немам гледано и најверојатно нема ни да го гледам, освен ако по некоја случајност ми улета пред очи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Вчера го гледав филмов во кино МИЛЕНИУМ, тапа филм 3/10 дека е МАКЕДОНСКИ ФИЛМ. Значи филмот е направевен каша-попара, нема никаква приказна се е измешано.Единствено што сакале е да направат, е некоја пародија од американските филмови
,ко демек еј Bruce Willis wauuu глумец,прави чуда,крши се пред него,ги тепа сите,кога тоа го можат Американците па зошто не и ние.

Кој не го гледал воопшто да не му е криво :toe:
 
Член од
20 март 2011
Мислења
37
Поени од реакции
2
Де бе толку ли е лош филмот :S Ме разочаравте ... ја па се израдував ке направат нешто добро :D
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Го крадат буџетот, перат пари преку филм... мисиш дека им е гајле за тоа каков е филмот, и што ние мислиме?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
На тие што не им се допадна, очигледно не го разбрале филмот. Филмот е за тоа како се прави филм во Македонија и низ се што треба да поминеш.

Главниот актер ти изигрува режисер, се прави фаца и демек он одлучува кога ќе има пресеци во филмот (cut), кога преместување на кадри (fade in - fade out). Незнам како не го сфативте моментот кога одат да земаат пари од фондот ?! Им даваат милион документи и главниот актер му вика „дај некако да средиме без волку документи“, а тој од фондот „важи 90% од парите кај нас во џеб“! Фактички во фаца им плескаат што прават фондовите кај нас. Потоа актерите кои се најмуваат од странство се прикажани како ги величат кај нас, демек се кој знае што... и какви се услови им поставуваат, а нашите воопшто не ги вреднуваат. Целата таа реална слика за како се снима филм во Македонија е испреплетена со друга приказна за животот на еден локален мафијаш кој на крајот умира не затоа што е мафијаш (како во американски филм), туку од природна болест (како во реален живот). Мене ми се допадна филмот ептен, оти ми е скурчено од филмови кои не знаеш што значат, ги гледаш и се чудиш 5 дена што сакал Милчо да каже, кој е умрен, а кој е жив... или кој кого сака да убие ради верска омраза.

9/10 оцена од мене.. ради малку слабиот почеток. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Факт е дека со толку пари колку што е потрошено за филмот, можело и тоа како да се направи добар филм.
Јас филмот го разбрав, ја сватив и поентата која ја кажа членот пред мене, ама факт е дека сето тоа беше прикажано во стил каша-попара :nesvest:
дури и тоа што сакале да го направат го изпомешаа, и крајниот впечаток е дека филмот не е толку успешен како што се најавуваше.

Друга околност за да разбереш некој филм и да дадеш критичка оцена за добар/лош филм треба да изгледаш многу филмови(според мене:Повеќе од 200-300 филма и повеќе), така да во споредба со останатите филмови овој филм добива 3/10 најмногу :helou:
На тие што им се допаднал или се глумците во истоимениот филм или базата на изгледани филмови им е многу мала.
 
Член од
20 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
5
Имам само едно да кажам за филмов: најлошиот филм што го имам гледано во живот (не преувеличувам), од идеја и коцепт, па до глума, 95% од актерите се ужас, прв пат да ми се случи да имам огромна желба да си станам и да си отидам од филм, ептен останав да не биде некултурно у кино. Сакале да смислат нешто ново и невидено...успеале, ама никој не им кажал дека новото не е секогаш добро.
Совет: не си го трошете времето (освен ако сакатае да го гледате најлошиот филм ever made, тогаш сте на прав пат)
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
На тие што не им се допадна, очигледно не го разбрале филмот. Филмот е за тоа како се прави филм во Македонија и низ се што треба да поминеш.

Главниот актер ти изигрува режисер, се прави фаца и демек он одлучува кога ќе има пресеци во филмот (cut), кога преместување на кадри (fade in - fade out). Незнам како не го сфативте моментот кога одат да земаат пари од фондот ?! Им даваат милион документи и главниот актер му вика „дај некако да средиме без волку документи“, а тој од фондот „важи 90% од парите кај нас во џеб“! Фактички во фаца им плескаат што прават фондовите кај нас. Потоа актерите кои се најмуваат од странство се прикажани како ги величат кај нас, демек се кој знае што... и какви се услови им поставуваат, а нашите воопшто не ги вреднуваат. Целата таа реална слика за како се снима филм во Македонија е испреплетена со друга приказна за животот на еден локален мафијаш кој на крајот умира не затоа што е мафијаш (како во американски филм), туку од природна болест (како во реален живот). Мене ми се допадна филмот ептен, оти ми е скурчено од филмови кои не знаеш што значат, ги гледаш и се чудиш 5 дена што сакал Милчо да каже, кој е умрен, а кој е жив... или кој кого сака да убие ради верска омраза.

9/10 оцена од мене.. ради малку слабиот почеток. :)
Пораката е сватена ама што со тоа?
Самиот филм покажува дека они добиле пари а не ги оправдаа воопшто.Ивини може е ствар момент на вкус ама...јас сум очајно разочаран.Сепак го ценам твоето мислење.

--- надополнето ---

а па кај *ур ја најдоа таа маја ли како се викаше плавушата везе нема од глумење аматер до коска,збори како да чита од нешто,ама тоа е најмал проблем кога сценариото нема никаква смисла џабе добри актери штета за музиката од фолтин стварно е врв.

За Маја се согласувам триилјади посто:)
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Жалам што ќе те разочараме, ама прочитај ги коментарите погоре. Веќе се прикажува, а според тие што го виделе - станува збор за тотален промашај. Сеуште го немам гледано и најверојатно нема ни да го гледам, освен ако по некоја случајност ми улета пред очи.
Јас ти препорачувам да го гледаш. Не си гледал таков НАШ филм, нити си претпоставувал дека би можело такво нешто да им текне. Мене овој ми е прв филм што ми се свиѓал (од нашиве), ептен е уникатен (за нас) а и интересен.
А тоа што на некои им се свиѓа, а некои го плукаат... зависи кој што бара од филмов (не општо од филм). Гледај го ќе видиш :)

Fade out...
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ајде да прочитате уште малку од рецензијата
„ОВА НЕ Е АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ“, РЕЖИЈА САШО ПАВЛОВСКИ, МАКЕДОНИЈА 2011
Ова не е македонски театар
Fade in (појавување слика-филмски жаргон). Во домашните киносали пред неколку години со голем успех се прикажа урбаниот „Балканкан“ на Дарко Митрески, кој ја потврди жедта на македонската публика за таков филмски приод. Fade out (затемнување, исчезнување слика-филмски жаргон). Појавување. На нашата аматерска и професионална театарска сцена на неколку пати е поставен драмскиот текст на Сашо Миленковски „Ова не е американски филм“ со интересната и динамична „филм во филм“ идеја. (затемнување)

(појавување). Во киното „Милениум“ во Скопје започнува проекцијата на најсвежиот македонски филм со истиот наслов, режисерски првенец на Сашо Павловски. (затемнување) (појавување „Саундтракот“ на најавната шпица го има адутот во „траката“ на бендот „Фолтин“. (акција) Почнува приказната за типично мафијашко битисување на овие простори преку карикирани ликови и искршено дејство на филмско исликување. Во соработка со режисерот, сценаристот Павел Јех (кој во родната Чешка веќе има претходно искуство со сценаријата за два целовечерни и едно краткометражно остварување) е автор на филмската предлошка што се обидува на за-публиката-приемчив-начин да ја преточи идејата за функционално течење на 24-те слики во секунда. Во тие рамки се и „поклонувањата“ кон вонвременските филмски мајстории во ремек-делата на седмата уметност до ниво кое, сепак, не може, а да не предизвика спротивен ефект од посакуваниот. (затемнување) (појавување). Филмот е снимен на локации во Македонија (Музејот на современата уметност „ја глуми“ американската амбасада што во текот на филмот треба да е предмет на грабеж). Умешно е водена камерата во рацете на Дејан Димески. Сосема соодветни се костимите на Раде Василев. Радуваат ефектите на тандемот Кристијан Даниловски и Марко Чулев. (сечи!)
(појавување) Со неколкумина како исклучок, поголемиот дел од улогите ги толкуваат артисти од неколку наши театарски ансамбли. И тука, се чини, е најголемиот проблем: малкумина од нив успеале заминувајќи на филмскиот сет да го остават дома театарскиот багаж. Со оглед на големиот дел од шармот на филмот што треба „да го носат“ досетливите реплики, претераното карикирање (на моменти, ќе простите, и пренемагање) до таа мера „го убива“ посакуваното што не може да не се чудите за пропуштената пригода. Дури и врз режисерските недоследности во динамиката на водењето на дејството може да гледате со симпатија низ призмата на филмско првороденче. Но кај дел од артистичката понуда, црвената линија на преглумување, едноставно е помината.

Како најдобар пример за тоа како може и како треба да се подготви особено еден млад актер за филмска (наспроти театарската) игра е носителката на главната женска улога Тања Мицков, над чиј однос кон камерата донесен од бугарската филмска школа, може да се замисли нашата млада актерска „елита“. Нејзината леснотија во креирањето на ликот на Маја е подоброто што го видовме во 86-те филмски минути (заедно со коректноста на Велинов, Ристановски, Јовановски, Јолевски, Арсовски, Чеврески).(затемнување)

(појавување) „Ова не е американски филм“ ќе има публика. Повеќе или помалку задоволна, но тоа и не е толку важно. Неговата мисија во ослободувањето на нашата кинематографија од клаустрофобичноста во изборот на темите што ќе се филмуваат е исполнета. За среќа. И со надеж. (затемнување. крај).

Читав едно интервју со неа и ми се виде доста интересна и неискварена ама за кај нас изглеа треба многу да пљука а не да се гордее со својот народ:bravo:
Така да девојката си се докажала и во странство читајки ја нејзината биографија на imdb.com,така да некои за *ур може да и се фатат:drk:
Браво за Тања Мицков:music3::music3:
Ај поздрав и не какајте многу
 
Не какај ти,ние убаво знаеме што е добро изглумен филм а што не.Не ја бива за глумење ама ич.И тачка.А да и не ми треба да читам на imdb нечија биографија да донесам суд дали ја бивало да одглуми некоја сцена,а најмалку да ни кажеш ти.Можеше да си го кажеш мислењето без сугерирања на крај.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
:tapp:
Не какај ти,ние убаво знаеме што е добро изглумен филм а што не.Не ја бива за глумење ама ич.И тачка.
Јас сум 100% сигурен дека ти си и бољи режисер, нели ?А па каков глумец си- па па па па:aplauz:
Рецензијата не сум ја пишувал ја,а Дневник-:toe: така да си кажале луѓето
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
:tapp:
Јас сум 100% сигурен дека ти си и бољи режисер, нели ?А па каков глумец си- па па па па:aplauz:
Рецензијата не сум ја пишувал ја,а Дневник-:toe: така да си кажале луѓето
Погоре на страниците ти дадов ја подобра рецензија ако побараш башка и го гледав филмот.
Имав примедба само на твојот муабет да не сме какале,ова е размена на мислења,најмалку какакање.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Не какај ти,ние убаво знаеме што е добро изглумен филм а што не.Не ја бива за глумење ама ич.И тачка.А да и не ми треба да читам на imdb нечија биографија да донесам суд дали ја бивало да одглуми некоја сцена,а најмалку да ни кажеш ти.Можеше да си го кажеш мислењето без сугерирања на крај.
И да прочиташ можеш само да научиш:coffee:Да си здрав и жив и уште многу да плукаш:smir:
 
T

Tetro

Гостин
Bravo za filmot:) Konecno sovremen filmski jazik vo konkretena smisla na zborot!
Scenarioto e odlicno napishano,super filmski efekti i zanrot ne e lesen za igra!
A glumcite ne se losh izbor- Senko,Ristanovski,Jovanovski, a taa Maja e super jaka,nasha glumica e?
На кој начин си вмешан во екипата. Планираме да направиме нешто аматерско набрзинка со една екипа, па ако си за краткипроекти можеме да те побараме. :)

Која е Маја?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom