Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Објективот има задача да го собере и пропушти светлото кое од околниот простор влегува во него и да го насочи кон филмот или сензорот. Освен систем за изострување, во него се наоѓа и систем за промена на фокалното растојание (зумот) кај зум објективите, кој ги поместува внатрешните леќи и со тоа го менува зумот.
Во објективот се наоѓа и бленда со која ја регулираме количината на светло која проаѓа низ објективот. Некои објективи имаат и систем за редукција на тресењето (познат како имиџ стабилизатор). Ова е корисно при големи фокални растојанија (зум), кога и најмалото тресење на апаратот може да резултира со заматена фотографија, па овој систем помага тоа да не се случи.
Објективите неједноставно можеме да ги поделиме според фокалното растојание кое е изразено во милиметри (mm), а бидејќи различни апарати имаат различна големина на сензорот, секогаш се зема вредноста пресметана на 35mm формат (формат на класичен филм).
Објективите се делат на широкоаголни, нормални и телеобјективи. За 35mm формат (класичен филм) големината на една сликичка од филмот е 24х36mm, а дијагоналата е 43mm. Всушност, токму оваа дијагонала одредува што е нормален објектив. За 35mm филм тоа е вредност од 50mm (заокружени 43mm), што отприлика одговара на тоа што го гледа центарот за вид кај човекот. Видното поле кај човекот одговара на фокално растојание од околу 50mm. Се што е под овој агол спаѓа во широкоаголни објективи (широк агол на гледање), а над тоа се телеобјективите (мал агол на гледање, гледање во далечина).
Постојат и објективи кои имаат фиксни фокални растојанија, но повеќето објективи имаат променливи фокални растојанија, па популарно се нарекуваат зум објективи, кои ни ги "приближуваат" или "оддалечуваат" предметите кои ги фотографираме, во зависно од фокалното растојание.
Внатре во објективот се наоѓа систем од леќи. Постојат групи на леќи кои го собираат светлото (обично се на надворешниот дел од објективот), оние кои го насочуваат кон сензорот или филмот, а постојат и посебни леќи кои служат само за изострување.
Блендата поради нејзината важност ќе ја обработиме посебно.