Објективи

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.546
Поени од реакции
998
Објективот има задача да го собере и пропушти светлото кое од околниот простор влегува во него и да го насочи кон филмот или сензорот. Освен систем за изострување, во него се наоѓа и систем за промена на фокалното растојание (зумот) кај зум објективите, кој ги поместува внатрешните леќи и со тоа го менува зумот.

Во објективот се наоѓа и бленда со која ја регулираме количината на светло која проаѓа низ објективот. Некои објективи имаат и систем за редукција на тресењето (познат како имиџ стабилизатор). Ова е корисно при големи фокални растојанија (зум), кога и најмалото тресење на апаратот може да резултира со заматена фотографија, па овој систем помага тоа да не се случи.

Објективите неједноставно можеме да ги поделиме според фокалното растојание кое е изразено во милиметри (mm), а бидејќи различни апарати имаат различна големина на сензорот, секогаш се зема вредноста пресметана на 35mm формат (формат на класичен филм).

Објективите се делат на широкоаголни, нормални и телеобјективи. За 35mm формат (класичен филм) големината на една сликичка од филмот е 24х36mm, а дијагоналата е 43mm. Всушност, токму оваа дијагонала одредува што е нормален објектив. За 35mm филм тоа е вредност од 50mm (заокружени 43mm), што отприлика одговара на тоа што го гледа центарот за вид кај човекот. Видното поле кај човекот одговара на фокално растојание од околу 50mm. Се што е под овој агол спаѓа во широкоаголни објективи (широк агол на гледање), а над тоа се телеобјективите (мал агол на гледање, гледање во далечина).

Постојат и објективи кои имаат фиксни фокални растојанија, но повеќето објективи имаат променливи фокални растојанија, па популарно се нарекуваат зум објективи, кои ни ги "приближуваат" или "оддалечуваат" предметите кои ги фотографираме, во зависно од фокалното растојание.

Внатре во објективот се наоѓа систем од леќи. Постојат групи на леќи кои го собираат светлото (обично се на надворешниот дел од објективот), оние кои го насочуваат кон сензорот или филмот, а постојат и посебни леќи кои служат само за изострување.

Блендата поради нејзината важност ќе ја обработиме посебно.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.656
Поени од реакции
267
Незнаев кај да прашам за објективи па тука, ако не бива преместете го прашањево слободно:

Ме интересира како се викаат посебен тип на објективни (не се сеќавам дали беа широкоаголни) и беа наменети за cityscapes - зградите ги претставуваа нормално, а не како две коси линии.

И ако на некој му текне како се викаа, ме интересира конкретно таков објектив за Никон Д60,

фала однапред
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.227

Не ми е јасно прашањето, секој објектив има некави изобличувања (кај некои речиси неприметни кај некои поизразени) тоа се или барел дисторзија или вигнетинг или софтнес (ми е мака да менувам на латиница). Во принцип фиксните (незум) објективи имаат најмалку изразен барел дисторзија тоа е како и самото има кажува БУРЕ или сликата има тенденција на благи закривувања, некогаш тоа е забележително некогаш само при лабараториски тестирања. Е сега згради... зграда која сликаш од долу насошен апаратот кон врвот секако ќе ја долови перспективата (страните на зградата ќе се доближуваат кон врвот) но тоа е нормално и така треба да биди....
Да не лутаме ако имаш ти некој пример некоја слика како треба то да изгледа па да видиме
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.656
Поени од реакции
267
Ај ако најдам некоја таква слика ќе пратам. Ако не, батали.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Незнаев кај да прашам за објективи па тука, ако не бива преместете го прашањево слободно:
Ме интересира како се викаат посебен тип на објективни (не се сеќавам дали беа широкоаголни) и беа наменети за cityscapes - зградите ги претставуваа нормално, а не како две коси линии.
И ако на некој му текне како се викаа, ме интересира конкретно таков објектив за Никон Д60,
фала однапред
Тоа што го бараш се нарекува PC-E (perspective control ) Nikkor lens . Мене ми се познати следниве објективи :
PC-E NIKKOR 24mm f/3.5D ED , PC-E Micro NIKKOR 45mm f/2.8D ED ,
PC-E Micro NIKKOR 85mm f/2.8D и PC Micro-Nikkor 85mm f/2.8D .

Овие објективи на твојот Nikon D60 ќе работат со мануелен фокус , бидејќи немаат мотор во себе .
Самиот апарат нема мотор што го придвижува фокусот. Фокусот ќе работи auto само со објективи кои ја имаат ознаката AF-S .
 
Член од
12 април 2009
Мислења
75
Поени од реакции
2
Sto mislite za Sigma 70mm F2.8 DG Macro???
Ima li nekoj iskustvo so toj objektiv? Vredi li za tie pari? Jas tuka vo mk najdov takov edino vo pixplus i tamu e 28.500...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.227
Многу пари.
Се разбира тоа е одлично портретно стакло, немав чест лично да го користам но имам Сигмина 50 Макро (од иста класа) која е некои 10.000 поефтинка и која е одлична. Мене некако 70мм на дигитален сензор ми изгледа малку “превише“ тоа на канон сензор би му дошол некој еквивалент на 105 мм.

Види ја 50 ката, размисли за неа, а да повторам таа 70 ка би требало да е на самиот врв на квалитет и оптички и механички.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
70ката за макро сликање е подобра од 50ката бидејки дава поголемо растојание за сликање, а тоа е битно кога се сликаат инсекти и слични работи бидејки потешко ке ги уплашиш ако си подалеку од нив.
Ако ти е за Макро сликање земи си некој 100ка. Ако ти е за портрети земи си 85ка. :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.227
70ката за макро сликање е подобра од 50ката бидејки дава поголемо растојание за сликање, а тоа е битно кога се сликаат инсекти и слични работи бидејки потешко ке ги уплашиш ако си подалеку од нив.
Ако ти е за Макро сликање земи си некој 100ка. Ако ти е за портрети земи си 85ка. :)
28000 денари за да не исплаши инсект ?!?!?!

Можеби ако работи за национал географик.

Има различни мислења за “идеален“ објектив за портрети, и мислењата се движат од 50-85мм али ако се има сензор со кроп фактор 1,5 или 1,6 тогаш 85-ка би дошла 125-135 мм што е далеку од идеално портретно стакло.
 
Член од
12 април 2009
Мислења
75
Поени од реакции
2
Ok.Fala mnogu:)
I ja si mislev deka bolje mi e 50ka da si zemam..ali aj..vikam da prasam tuka poiskusni ima od mene:)
Vo sekoj slucaj..fala i na dvajcata:)
 
DzULA

Nikonian
Член од
31 мај 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Mozebi malku docnam so odgovorot ama mislam deka LET 3 e malku greska, ako covekot saka MAKRO objektiv neka si zeme sto PODOLG, t.e. 105, 150, 180, a ako mu e za portret nema sto da trosi tolku pari, kje si zeme obicna 50-ka, a greska si i za PORTRET-niot objektiv, kako sto mi kaza eden fotograf koj e vekje vtoro koleno od svojata profesija i ima vekje nad 50 godini za portretna fotografija mi rece "sto podolg objektiv, toa podobro" :smir:
 
према него 400 би бил совршен за портрети. (што подолг)
Се зависи кој како слика. Дали слика портрет од метро-два или од 5-10 метри далечина дали слика студиски портрети, или “брка“ деца шо трчкаат низ соба, дали под портрет подразбира само лице или и дел од тело....

http://www.digital-slr-guide.com/best-portrait-lens.html
http://photography-on-the.net/forum/showthread.php?t=58577
(примети колку проценти се за објективи ДО 85мм)

Секако има и оние што преферираат подолги објективи за портрет али можеби е тоа само од нивното искуство.
Пак ќе повторам дека скоро 500 евра за макро објектив е многу пари. Можеби грешам, можеби човекот е посветен на макро фотографирање, моожеби од тоа и живее али едноставно тој не ни даде повеќе податоци за себе за она што слика, каков апарат има за да можам да му дадам повеќе совети. Јас лично не сум многу по макро, имам Сигма 50 Макро, имам канон 18-55, имам канон 17-85 и канон 70-300. Најмалку користам 70-300 па после макро, а најчесто сум со 17-85
 
Член од
15 февруари 2007
Мислења
238
Поени од реакции
2
према него 400 би бил совршен за портрети. (што подолг)
Се зависи кој како слика. Дали слика портрет од метро-два или од 5-10 метри далечина дали слика студиски портрети, или “брка“ деца шо трчкаат низ соба, дали под портрет подразбира само лице или и дел од тело....
mozhda bratot raboti za Candid Beach Photos XXX.com, pa normalno mu treba shto podolg... 500mm + e idealno za toa...
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.656
Поени од реакции
267
...имам Сигма 50 Макро, имам канон 18-55, имам канон 17-85 и канон 70-300. Најмалку користам 70-300 па после макро, а најчесто сум со 17-85
Зашто ги имаш и двата, зашто не го продадеш 18-55, ако користиш 17-85, и дали е добар 17-85? Ова прашувам чисто од интерес, не да ти кењам или слично, пошто уште сум почетник. А да, и кога би требал да бираш широк (10 12 до 20 24 мм) што би избрал?

Фала
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.227
Зашто ги имаш и двата, зашто не го продадеш 18-55, ако користиш 17-85, и дали е добар 17-85? Ова прашувам чисто од интерес, не да ти кењам или слично, пошто уште сум почетник. А да, и кога би требал да бираш широк (10 12 до 20 24 мм) што би избрал?

Фала
18-55 дојде во кит со 450Д а 17-85 во кит со 50Д а не е некоја цена да морам да ја продадам, подобро да ја имам 18-55 пошто е ем ефтин ем добар квалитет на оптика па можам рает и без мисла да ја носам по на одмор на плажа или надвор на ветер на дожд за обични семејни слики без да мислам да не му се случи нешто.

Инаку не сум користел многу широкоаголни пошто и не сликам такви сцени 10 тка па и до 15 ти е веќе 180 степени fisheye и такви никогаш не сум користел, мене сосема доволно ми е 17/18 за она што сакам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom