Јас имам еден објектив со максимум ф1,8 и одличен е за портрети каде лицето е оштро и јасно а позадината замаглена, али не е се ни до ф-от туку и до жижно растојание и други технички карактеристики... имав сликано со макро 50мм објектив на 2,8 е тоа да видиш шо е ДОФ. само тие неколку сантими се во фокус се после тоа тоне во магла.... но тоа е веќе макро објектив и ДОФ и сликањето со него се други математики
книгите спушти ги и испечати ги, тие се ПДФ и не се многу големи земи разгледај на екран па реши шо ќе печатиш мене цела литература (купови книги за фотографија, светло, портрети, пејсажи..... ми е во ПДФ и најчесто на амерички јазик и знам како е читање од екран али немаш баш многу избор пошто таква литература, печатена во МК и нема да најдеш, а страста кон фотографијата е голема
Е сега околу апарати...... јас лично (кога би бил во твоја ситуација) би зел нешто подобро од никон 3000 или канон 1000 макар и половно. Од друга страна купување половна опрема е секогаш ризик али ако знаеш работи можеш да земеш добар апарат за цена на подпросечен нов. Јас сум присталица на Канон, мислам дека се подобри за уметничка и слободна фотографија од никон, то е мое мислење. Јас би ти препорачал Канон 450Д кит објективот 18-55 ИС одличен апарат, одлична слика и резолуција и оштар објектив. Ако можеш и Канон 20Д и канон 30Д се добри избори (половни). канон 1000 иако е понов модел ја нема моќта и квалитатите на гореспоменатите. За Никони немам многу искуство имам сликано со неколку модели али не беа моји и немам големо искуство со нив. Најповеќе внимание обрни на објективи, телото ќе го замениш (подадеш некогаш) но одличен објектив е одличен и по 10 години. Како совет последно на апаратот гледај мегапиксели. То е најмалку битно за квалитетна фотографија. Ако нешто уште не ти е јасно слободно прашај овде задоволство ми е да му помогнам на секој ентузијаст.