Образовани идиоти

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Абе знам јас заебанции на час ама ова више е претерано...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Епа така е во село без кучиња! Децата не се за ништо криви, за се се криви родителите и професорите со директорот на чело. Кај мене во училиште имаше деца кои според прописите требаше да бидат избркани уште во прво полугодие од 1 година, а еве сега заедно завршив со тие деца. На школо не доаѓаа, кога доаѓаа пак не ги седеа сите часови, во дневник само кецови и други такви слични “подвизи“ сите 4 години, ама родителите се знаат со директорот и еве сега завршија како нормални ученици....

Ова е само еден пример за кој сме дознале, којзнае колку вакви “јунаци“ има по училиштата...
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.754
Поени од реакции
1.023
dexterche кажа дека ги избркале од училиште дебиливе шо се на снимката...малку е тоа...во секоја нормална држава во светот овие двајца кретени НЕМА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ да ги примат во било кое училиште во таа држава...а кај нас за жал веројатно ќе си се запишат во друго училиште и пак ќе прават слични идиотизми како овај...во неколку поста на темава видов дека сте против ќотек за идиотиве...баш напротив...треба еден убав ќотек да им се удри од страна и на институциите и на родителите нивни...да им се направи грбот ко мевот шо се вели...а и овај професоров ко шо гледам е некое теле...си седеше мирен и си ги гледаше...нормално е дека така ќе му се однесуваат кога можи да дозволи да го прават она а тој мирен да си седи...јас ко бев основно ( во случајов со идиотиве се работи за средно но исто е ) пред дваесетина и кусур години , не смееше на наставникот ни да му се испулиш накриво а не па да му презборниш нешто или не дај Боже да му пријдиш да го тепаш ( како шо прават овие од клипчето )...одма се добиваше ќотек ( 2-3 шамари ) за такви работи од наставникот...потоа следеше разговор ( читај дерење ) од страна на директорот на училиштето...можеби во некои случаи и беше претерана таа работа но сепак се знаеше за ред во училиштата...а не ко сега...децава денес ( не сите но голем дел од нив ) се тотално не само невоспитани туку и скроз ненормални...и неможи никој да ме убеди дека ова шо го видовме на клипот е само поради тоа шо тие двајцата морони не се воспитани од дома како шо треба...ок , и тоа до негде игра улога но за она да го правиш треба да си тежок кретен и нема врска со домашно воспитување...веројатно се такви бидејќи дома немаат јадено ќотек од нивните...се знае дека со ќотек се решаваат и поправаат многу работи ( па кој како сака нека мисли за ќотекот како дисциплинска мерка...за жал младинава како шо минува времето ќе биде се побетар и побетар единствено заради тоа шо дома не само шо не ги тепаат туку во голем дел не им ни викаат или ги караат

П.С. И после Владава сакала да воведе ( и веќе го воведе ) задолжително средно училиште ??? Е дури тогаш ќе има урнебеси по училиштава...не е секоја стока родена за учење ( и воопшто одење на училиште )...најлошото нешто шо можеше да го направи Грујо ( и покрај многуте позитивни работи шо ги направи досега ) е токму ова...воведувањето на задолжително средно образование...па кој тогаш ќе биди офчар или чистач на улици или ѓубреџија или итн....а да не зборувам дека ваквата стока како двајцава на клипот ( а сигурен сум дека ги има многу вакви по училиштава наши ) ќе треба 4 години некој да ги трпи а нема да има можност да превземи нешто во однос на тоа...бидејќи нели сега е забрането и да им се вика на учениците од страна на професорите а не па да ги тепаат...абе се е појдено во пич мајчин
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Немај мака и за тоа ќе најдат убав начин да го средат, ќе направат долна граница од 10 неоправдани за опомена пред бркање а со 13 да се лета во еден правец.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Иако само дел од целава проблематика, јас би спомнал дека и обуката на професорите има многу недостатоци кај нас. Имено многу предмети кои баш се поврзани со решавање на ваквите проблеми кои мора да ги слушаат и полагаат тие што сакаат да бодат професори еве тука во германија, кај нас ги нема. А тоа се специјализирани предавања за тоа како да се задржи вниманието на учениците, какод ас е создаде авторитет и почит кон професорот.
Нормално ова е само мал дел од поголемиот проблем, во кој исто така игра улога и обарзованието и менталитетот на родителот како и на опкруќувањето на учениците.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Да отиде.А ова го даваа на некои вести.
Го жалам професорот, јаден човек со мајмуни да си има работа.
Имав и јас една по географија. Жената беше на замен и беше мирна, тивка, ама проблемот и беше што немаше свое јас а и немаше врска од материјалот што едвај го предаваше. Постојано ја маваа со хартивчиња, и го криеа дневникот, еднаш ја удрија со столче кое ненадејно се најде во воздухот, правеа разни мајмунлаштини, еднаш и измет под маса и ставија, и пукаа на час од оние кесине што смрдат, а како најтрагично од се на сред час еден мој другар, ако можам так да го речам, го извади пенисот пред неа!
Па ај сега мери им го паметот :tapp:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.854
Поени од реакции
11.516
Сваќам, сите сме треселе зелени, ама ова е веќе ван конкуренција, неандерталци, крапинци итн...back to the roots и решен проблем :pos:
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Lele ova e nenormalno.Ke se slucuvaat vakvi raboti koga obrazovanieto e postaveno na principite:site prava se vo racete na ucenicite i sekogas se vo pravo,a profesorite se sekogas krivi za se.Cesto slusam "pa profesorot e nesposoben da gi smiri,da gi zainteresira".Eden moj profesor(od postarite generacii) kazuva "E kako porano gi smiruvav,a sega ne koga jas sum istiot" i deka ima OGROMNA razlika od generacija do generacija kon poloso. Licno smetam deka roditelot ima najvazna uloga,a potoa postavenosta na sistemot za obrazovanie.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.754
Поени од реакции
1.023
Снеже..точно е дека родителот има битна улога во тоа како ќе биде воспитано детето , но да првиш онакви работи како шо правеа тие на клипчето треба да си нездрав...убав ти е примерот со постариот професор...за жал сега им се врзани рацете на професорите и наставниците..не смеат ни да им се развикаат на учениците а не па нешто поекстремно да преземат...штета шо е така
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Криви се џукеливе шо немаат основна култура према постари ... и шо мислат дека пичките од последна клупа ќе ги сакаат повеќе ако се глупираат.

И да,се согласувам дека родителите имаат "кривица" али за вакво нешо да правиш твоите МАЈМУНИ треба да се.:tapp::tapp:
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Не се секирајте за ученициве. Тројцата веќе се избркани од гимназијава. И јас учам во истава гимназија, па знам.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.754
Поени од реакции
1.023
Абе ок е тоа шо ги избркале ама џабе е кога пак ке си се запишат да учат во некое друго училиште...да беше ова нормална држава тогаш НЕМАШЕ да има НИКАКВА ШАНСА тие тројца идиоти да се запишат во било кое училиште во државава се додека се живи
 
Член од
11 април 2008
Мислења
73
Поени од реакции
6
Најубаво децата да ги запишуваме во зоолошка, така повеќе ќе научат,оти ако е вака.......ќе ни здиват во школо
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Епа така е во село без кучиња! Децата не се за ништо криви, за се се криви родителите и професорите со директорот на чело. Кај мене во училиште имаше деца кои според прописите требаше да бидат избркани уште во прво полугодие од 1 година, а еве сега заедно завршив со тие деца. На школо не доаѓаа, кога доаѓаа пак не ги седеа сите часови, во дневник само кецови и други такви слични “подвизи“ сите 4 години, ама родителите се знаат со директорот и еве сега завршија како нормални ученици....

Ова е само еден пример за кој сме дознале, којзнае колку вакви “јунаци“ има по училиштата...
Ништо не се криви проф. основната елементарна култура се стекнува од дома... очигледно се повеќе не се знае ни зборот култура што значи

Немај мака и за тоа ќе најдат убав начин да го средат, ќе направат долна граница од 10 неоправдани за опомена пред бркање а со 13 да се лета во еден правец.
Има брате и сега ама никој не го почитува, премногу толерантни се и класните раководители и директорите..
-----
Зимоска бев да си ги посетам омилените ми проф. у гим. у Кавадарци зборев со една поемотивна проф. и жената се расплака...„Добро на што личи ова, па дали се ова деца, што ни праќаат нас?? ... вие бевте последната нормална генерација, бевте палави, воинствени, немирни, бегавте но имавте 100% почит пред професор никогаш никој не не нарече офца, коза, вошка, а ова денеска бетер од животни не прават“

Јас сварно им се чудам на умов што очигледно го немаат дечкиве... со вакво однесување тешко на Македонијава
 
Kajgana Shop

На врв Bottom