Образованието и љубовта!

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Се е индивидуално, ама најчесто колку поголем степен на образование има нашиот партнер, толку потешко е да му ја затниш муцката. Не можеш да добиеш ниту пет минути молчалива љубов.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Се прават којзнае колку важни и недопирливи.
Ебати его трипот од академски граѓани.

Тие пички кои мислат дека направиле нешто со тоа што завршиле некаде, треба да бидат средени и ставени на свое место.

Нема никаква врска што некоја жена има направено, сепак е жена.
И со тоа ранлива и подложна на она кое и е биолошки императив.
Да има деца, да сака деца, да постои за деца.

(освен оние кои поради грдоста се насочиле кон наука, со кои никој не би сакал да има деца).
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Она кое го болдирав во превод би дошло “ние заедно си уживаме во нашиот заеднички простотилак“. Мислам дека не сакаше тоа да го кажеш, но како и да завртиш, не постојат категории на неукост. Прекрасен збор постои за да опише група на луѓе кои вредат на повеќе полиња... Елоквентност. А неа, или ја имаш, или ја немаш, не се учи на факултет ама не ти следува ни од раѓање, туку е склоп од образование, природна интелигенција, искуство и способност за снаоѓање на улиците и низ животот.

Инаку, точно е, некои луѓе сакаат прости партнери најверојатно од причина што и самите не се стремат кон тоа да покажат поголема заинтересираност за нештата, па и просечноста или простотилакот го доживуваат како нешто сосема во ред. Ти радице, мислам дека не си во таа категорија, само примерот ти беше ужасен, но да не навлегувам во анализи на личност...
Категории на неукост не постојат и токму заради тоа цитирав на претходниот пост. Ние сите имаме различни критериуми и барања од луѓето, различни работи кај нив ни се допаѓаат, без разлика дали се работи за физички изглед или други вредности. Тоа единствено сакав да го кажам. Воопшто не сакав да кажам дека си уживаме во нашиот простотилак.Оние кои мислиш дека уживаат можеби длабоко се срамат од тоа.
Исто така нема потреба да анализираш во каква категорија спаѓаат некои луѓе кои и воопшто не ги познаваш. Има за нив кој да мисли и да одлучува дали се елоквентни или не.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Се прават којзнае колку важни и недопирливи.
Ебати его трипот од академски граѓани.

Тие пички кои мислат дека направиле нешто со тоа што завршиле некаде, треба да бидат средени и ставени на свое место.

Нема никаква врска што некоја жена има направено, сепак е жена.
И со тоа ранлива и подложна на она кое и е биолошки императив.
Да има деца, да сака деца, да постои за деца.

(освен оние кои поради грдоста се насочиле кон наука, со кои никој не би сакал да има деца).
На сите и мажи и жени, воопшто на човечкиот род му е биолошки предодредено да формира семејство. Никој не живее само за да има секс и да изнароди деца( ко демек сме животињи),и нема зашто тоа својство да го придаваш само на женскиот род. Дали некој нешто постигнал е веќе лична цел и нека не те интересираат причините за нечиј избор.
Убавината е релативна, и не се секирај за "грдите" женски... на светов има за секого соодветна личност.:helou:

Се е индивидуално, ама најчесто колку поголем степен на образование има нашиот партнер, толку потешко е да му ја затниш муцката. Не можеш да добиеш ниту пет минути молчалива љубов.
Зборливоста нема врска со образованието. Се работи за карактер.
 

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Образованието не е некој пресуден фактор за успехот на една љубовна врска. Зошто? Се додека постои почит и разбирање меѓу момчето и девојката, ќе постои и љубовна врска. Образованието е нешто што човекот може да го стекне во текот на својот живот без разлика на своите години. Па, нели важи поговорката дека „Човекот учи додека е жив.“? А зошто почитта и разбирањето ги одвоив како најважни? Затоа што доколку вие сакате некого, тогаш ќе го мотивирате да биде успешен. Ќе му дадете храброст да се запише на факултет и да го заврши. Никогаш не треба да се откажете од својата/својот сакана/сакан поради тоа што има некаков недостаток во однос на вас. Напротив, вие сте тие што треба да и помогнете. Во тоа се состои и љубовта:smir:
 
Член од
26 март 2010
Мислења
8
Поени од реакции
11
Ме терате после 3 години форумска неактивност на кајгана пак да правам акаунт. Темата е на место , но согледувам колкав процент од луѓето овде се убедени дека парче хартија отпечатено на ласерски принтер е показател за нечија интелегенција/шанси да се успее во кариера/шанси да се одржи љубовна врска.

Не цитирам никого , секој си има свои вредности што му значат кај партнерот и преку кои го идентификува . Ќе го кажам само мојот став ...

А тој е дека академското образование кај мене лично за здравјето на една врска има значење онолку колку што има значење ... незнам хороскопскиот знак во кој партнерот е роден ...

Да , имам диплома , но на неа дојдов по малку несекојдневен пат кој ме натера одреден период од животот да бидам на двете спротиставени страни на оваа дискусија (дечкото со средно и дечкото со диплома).

Да не го тупам , затоа во кратки црти ќе ви ја кажам мојата приказна па вие проценете ...

Завршив средно , се запишав на факултет , моите родители 2 години губеа здравје (мајка ми на крајот од втората дури и животот) за да скрпат 500 евра годишно за партиципацијата на нивниот најпаметен син на свет кој мора да има диплома па беа спремни да жртвуваат се за тоа . Кога почина мајка ми се разболе и татко ми , сестра ми тогаш имаше само 5 години така што се знаеше кој треба да ги издржува. На крај од трета година си ги собрав документите од ПМФ и почнав да ги листам огласите за работа ... Работев се и сешто , за да скрпам за сметки , за лекови на татко ми , за школување на сестра ми итн итн итн ...
2 години приказната не се смени многу се додека чисто на едно интервју за сервисер/магационер во една наша локална ИТ фирма (претставништво на ИТ гигант)не ме повикаа по вторпат и по вторпат ми беше даден истиот когнитивно-незнам каков IQ тест но со различни прашања од претходниот . По два дена ми стигна мејл во кој пишуваше дали прифаќам пробна работа на проект. Прифатив , го одработив проектот , ме исплатија , два дена потоа ме повикаа , ми дадоа предлог договор со кој можев да одберам на која позиција сакам да почнам , во кој дел од светот сакам да работам , како и бланко место во кое требаше да си впишам колкава сакам да биде платата за 2006 година(не заради тоа што сум нешто посебно убав или дека имам диплома во футролата туку чисто заради фактот што мојот IQ и способноста до перфекција да и ги прочитам наредните 5 чекори на конкуренцијата и да го доведам секој проект во којшто ќе се вклучам - читај "им направив еден куп пари" .По четири месеци дечкото со средно одлучуваше колку непродуктивни академци/магистри треба да се отпуштат од централата во Амстердам чисто заради фактот што бројките го налагаа тоа (не дека имам нешто против академците , и јас станав еден од нив но малку подоцна).

Да не го тупам само да ви посочам на големата заблуда во која живеат некои од вас . Дипломата само е показател дека сте си поставиле на повисок приоритет одредена цел , и неа сте ја исполниле ( на овој или оној начин не е ни битно ) и вие ( мајка ви и татко ви со респект на тие што сами го заработиле секој денар што е ставен на уплатниците ) сте инвестирале време , труд и финансии за да ја исполните . Ако сакате успешна кариера МОРАТЕ да имате концепт , цел и идеја и таа идеја да ја претворите во комбинација на природен број и странска валута по избор на оној што ве вработил. Колку пари и заработувате на компанијата толку ќе напредувате во кариерата - помирете се со тоа дека способноста да се научат 40 испити од академска програма стара 40 години не значи ама баш ништо во сериозна компанија со мисија и визија на пазарот.За успехот во мојот случај (и 99% од луѓето со кои работам) најзаслужни се профитот што го направивме како тим , никаква диплома .

Доколку се задоволувате со некој си малограѓански статус на виша каста која демек ке ви ја даде дипломата , тоа е ваш проблем. Денес секој со 4-5000 евра може да биде дипломиран инженер по бла бла . Тоа нема да ве направи ни подобра ни поинтелегентна личност .

Некој го спомна Превер , сестра ми нема диплома , уште е во средно па го знае напамет секој негов стих ( и што тој стих значи и што Жак сакал да каже со тоа )
Не си фаца ако си го прочитала Превер а ако Ацо механичарот не ни знае кој е тој . Фаца си ако напишеш нешто подобро од Превер и останеш во вечноста (сите после 100 години сме костури кои скапуваат под земја , и Ацо механичарот , и јас и Превер ) . Превер оставил нешто после него што вреди , што ќе оставиш ти читателке на Превер процени самата .

Ептен да не забегам offtopic .... Љубов и образовен статус . За љубов ако фатам да го тупам рикна форумов така да пак од мојата приказна ќе продолжам....

Љубовта на мојот живот ја запознав на кинески пазар во Амстердам . Девојката продаваше кифли , се запознавме , излеговме и натака приказната е клише ...

Две години и осум месеци сме заедно , девојката е емигрант од Кина со основно образование и чисто да ве информирам дека уште не сме снемале тема за разговор . Не си го трошам времето со саканата личност во разговор на теми кои ми се поврзани со струката/работата , неа не ја интересираат компјутерски мрежи , нема појма ни од информатика ни од математика но секогаш кога сум покрај неа имам аритмија.Далеку од тоа да немаме заеднички интереси и дека не не радуваат истите работи .Не би ја сменил ни за 20 90/60/90 дипломирани бла бла по бла бла .... На неа секогаш можам да се потпрам , ми има посочено на некои грешки што ни доктор на науки неможе да ги свати , добро ни оди (со сите нормални пропратни турбуленции и пеглање финеси што ги носи секоја долга и сериозна врска ) Не ми е битно што мислат другите за неа , битно ми што мисли она за мене , ние двајца сме среќни а сите други нека идат у 300 лепе ( пардон за неакадемскиот израз ама не сме на трибина во МАНУ) ...

Се вратив пред една година во Скопје , ги дадов преостанатите 12 испити во две сесии , ја земав дипломата и ја однесов на Градски гробишта Бутел за да исполнам едно ветување спрема личност која жртвуваше многу повеќе од тоа што јас би го жртвувал за моето дете . Ја оставив таму затоа што она што ми е битно за да успеам финансиски го имам во главата а она што ми е битно за да успеам како човек/личност/партнер го запознав пред година и нешто и сеуште го имам.
И не - не ми ја покачија платата откако дипломирав :pos2: замисли !

За да не ги мачам оние што ќе ги мрзи да го читаат цел пост - НЕ , образованието според мене има нула значење во една здрава врска , образованието има нула придонес во интелегенцијата на една личност . Неможе секој да си дозволи факултет , но секој може искрено да љуби ( темава е за љубов ако не се лажам )
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Брат арно си направил.
Само пази сега ќе ти дојде Виктор Џиџимиџилович и останатите поети кои солзи ронат на срцепартални постови и ќе те "бомбардираат" со зеленки.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
За да не ги мачам оние што ќе ги мрзи да го читаат цел пост - НЕ , образованието според мене има нула значење во една здрава врска , образованието има нула придонес во интелегенцијата на една личност . Неможе секој да си дозволи факултет , но секој може искрено да љуби ( темава е за љубов ако не се лажам )
Ако сакаше да не не мачиш, ова делче ќе ти беше прво напишано. :icon_lol:
 
Член од
26 март 2010
Мислења
8
Поени од реакции
11
Брат арно си направил.
Само пази сега ќе ти дојде Виктор Џиџимиџилович и останатите поети кои солзи ронат на срцепартални постови и ќе те "бомбардираат" со зеленки.
Друже нема тука ништо посебно срцепарателно . Како и кај секого и кај мене животот е комбинација на рандом евенти врз кои во 99% случаи немам контрола.Се отворив малку повеќе чисто за да не изнесувам мислење без аргументи и за да укажам колку таа диплома е погрешно сватена . И јас сметав во прва год. дека ќе бидам нешто посебно со таа диплома и дека без неа драстично ќе си ги намалам шансите за исполнување на моите амбиции (така бев воспитан) , ама животот има чуден начин во краток рок да ти го смени мислењето.

Во љубовта на некого му е битно тоа , на некого не . Се се сведува на вредностите кои ги сметаме за релевантни кај личноста.Образованието не гарантира финансии , финансиите не гарантираат среќа , дипломата не гарантира интелегенција , интелегенцијата не гарантира дека правилно ке ја искористиш и нема да повредиш некого што го сакаш.

На крајот на краиштата универзитети постојат од пред 2500 години а љубов и теми за разговор од многу поодамна .
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Друже нема тука ништо посебно срцепарателно . Како и кај секого и кај мене животот е комбинација на рандом евенти врз кои во 99% случаи немам контрола.Се отворив малку повеќе чисто за да не изнесувам мислење без аргументи и за да укажам колку таа диплома е погрешно сватена . И јас сметав во прва год. дека ќе бидам нешто посебно со таа диплома и дека без неа драстично ќе си ги намалам шансите за исполнување на моите амбиции (така бев воспитан) , ама животот има чуден начин во краток рок да ти го смени мислењето.

Во љубовта на некого му е битно тоа , на некого не . Се се сведува на вредностите кои ги сметаме за релевантни кај личноста.Образованието не гарантира финансии , финансиите не гарантираат среќа , дипломата не гарантира интелегенција , интелегенцијата не гарантира дека правилно ке ја искористиш и нема да повредиш некого што го сакаш.

На крајот на краиштата универзитети постојат од пред 2500 години а љубов и теми за разговор од многу поодамна .
Алелуја пријателче.
Ме инспирираше со постов да се доискажам јас,мислам дека од мали по default свесно или несвесно ни се наметнува потребата од високо образование по секоја цена,покрај таквиот притисок потсвесно почнуваме да размислуваме дека откако ќе го добиеш парчето хартија си некоја нова каста во општеството и според тоа почнуваме да нижиме критериуми при изборот на партнер.Забораваме да подзастанеме да размислиме што би било кога би било,што ако ние сме биле тие без диплома,д-р,м-р(тука спаѓам јас,со помош на моите и голем мој допринос блиску сум и до таа титула).Знаејќи што се ме чинело образованието,многу добро знам колку сум била блиску и да не стигнам до тука,не се каам за тоа,вложив години труд пари,засега нема поврат на вложеното но кој да знае.
Сум сретнала страшни мангупи со улична школа,со IQ рамно на генијалец и многу подобро се снашле од некој што читал книги,многу подобро од мене да се земам за пример.Денес кој се завршил факултет нема потреба да повторуваме,што се видов како дипломира па и магистратура пред мене ќе земе мајко моја:nesvest:
П.С без никаква намера да навлегувам во патетика(пошто и не сум нејзин љубител),искрено ќе кажам дека ми е мило што имаш успешна животна приказна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom