Образованието и љубовта!

Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Не мешајте предрасуди во ова, се работи за личен избор, кој што бара во партнерот. Немам ништо против тие што се без факултет, и не знам зошто ја замешавте интелигенцијата тука, кога збориме чисто за образование. Поентата ми беше дека секој бира човек што е во најмала рака сличен на него. Никад нема да бидат двајцата 100% исти и со исти сфаќања, ама ако на некој начин се јави поголема разлика меѓу нив, многу логично е дека ќе се јават и проблеми. Лубовта не е само заслепеноста на почетокот на врската, коа не размислуваш за понатака, љубовта е и заедничкиот живот.
Можете колку сакате да негирате некои работи, ама општеството едноставно ни налага начин на живот.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Ти си паметна жена.

Да беа мажите како тебе ќе бев педер до сега.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Treba da se pronajdat na nekoe intelektualno nivo koe ke odgovara za dvajcata,i smetam deka epozelno i dvajcata da bidat na isto edukativno nivo:toe:
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Едноставно е. Како два пола имаме различни мотивации.

На женските кои идат на факс и планираат на завршат незамисливо им е да фатат некој со средно (ова се однесува на повеќето да речеме над 90 посто, секад има исклучоци.) На нас машките не ни е важно дали е средно или факс или магистер...се додека е убава. Затоа и на женските им е доста фрустрирачки како машките не го гледаат тоа, а на машките им е доста фрустрирачки како женските имаат такви 'глупи критериуми' наместо само...go and have fun.

Пак, ова се должи на различните мотивации на двата пола, ако сакате да напишам и објаснам повеќе за ова (бидејќи е доста подолго) кажете.
Не се сложувам. Мислам дека неможе да се генерализира - индивидуално е и зависи од самата личност. Не верувам дека на машките им е сеедно. Мислам ако е само за една вечер тоа е друга работа. Лично јас наскоро треба да дипломирам и неможам да речам дека ми е сеедно дали таа ќе биде со основно, средно или факултет. Мислам сепак треба да е убава за да ја забележиш но и мис на свет нека биде ако незнае да врзе една реченица џабе е. Убавината е минлива работа. За заеднични живот не е пресудна убавината. Секој треба да има некој со кој ќе може да се разбере, да разговара... А ако биде таа со основно, релативно неписмена а јас академски граѓанин и здравје боже понатаму и магистар не верувам дека ќе бидеме на исти фреквенции... не е сеедно
поззз:smir:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
кога ги читам постовиве добивам впечаток како да сме ужасно предвидливи и речиси механизирани човечки суштества,зарем е возможно да постојат толку очигледни правила во машко-женските односи кога се во прашање ваквите нешта.
Жените се заљубуваат повеќе во статусот отколку во личноста,а мажите во физикусот а останатото не е важно???!?
Колку повеќе книги и психолози ме убедуваат на правила во општеството и однесувањето на половите толку повеќе сум убедена дека правила нема.
 
Марко!

Алфа
Член од
6 февруари 2010
Мислења
272
Поени од реакции
14
Тоа се две работи кои не идат една со друга.Најчесто пати само едното:smir:
 
Образованието е плус, да. Меѓутоа и сам одговори дека ТРЕБА ДА ГИ ЗАДОВОЛУВА ТВОИТЕ КРИТЕРИУМИ НА УБАВИНА. За ова што предвидуваш, ние луѓето сме доста лоши во тоа да предвидиме како ќе се чувствуваме во иднина така што неможам ни јас ни ти да знаеме додека не го доживееме тука. Но доста работи потврдуваат дека за заеднички живот ЌЕ ТИ БИДЕ ВАЖНА убавината (што ако женска ти почне да пушта влакна, акни и падне под твоите минимални стандарди)?

Ова за изглед/статус не е генерализација и е доста потврдена теорија со факти и истражувања, види ја книгата што ја посочив горе, ја имаш на gigapedia.com

И самиот кажа, МИСЛИШ...нашите верувања и мисли се оформуваат од различни фактори од нашиот живот...едно е што мислиме а друго е што се случува во реалноста. Види ја книгата скрос доле на мојот најдолг пост во темава и види ги истражувањата. Ако мислиш дека некое не е точно, ќе дискутираме за тоа. Сите имаме различни мислења така што ако водиме дискусија само врз база на мислења не се стига до ниеден продуктивен заклучок. Под мислења = верувања, values за животот базирани низ наше искуство, средина итн.

кога ги читам постовиве добивам впечаток како да сме ужасно предвидливи и речиси механизирани човечки суштества,зарем е возможно да постојат толку очигледни правила во машко-женските односи кога се во прашање ваквите нешта.
Жените се заљубуваат повеќе во статусот отколку во личноста,а мажите во физикусот а останатото не е важно???!?
Колку повеќе книги и психолози ме убедуваат на правила во општеството и однесувањето на половите толку повеќе сум убедена дека правила нема.
Одговорот е да или не. Тоа што го спомнав горе се предиспозиции, не значи дека секое машко или женско е детерминирано да се цени изглед/статус и само тоа, без други фактори. Него нашите емоции (кои имаат еволуциони корени) ни ги "кажуваат овие работи" а ти можеш да избереш дали ќе ги послушаш или пак дали ќе одиш против нив, имаш избор. Не реков дека другите фактори НЕ Е ВАЖНИ него дека ако споредуваме не се толку значајни другите фактори но сепак се присутни и имаат влијание (влијание од средина и се друго.)

Пример 34 годишна жена би направила компромис да се омажи со некој со помал статус од нејзе бидејќи бројот на потенцијални партнери и се намалува (и има рок до 35 да прави деца без сериозен ризик за генетички дефекти.)

Има исклучоци секаде. И глупаво е да тврдиш дека има детерминистички правила исто така како што е глупаво да тврдиш дека...се зависи од карактер, личност, опкружување и дека нема биолошки фактори. Реалноста е дека присутни се и им се дава приоритет пред социјалните фактори, со исклучоци како тој горе што го кажав на пример. Не е се рандом и не е се детерминирано.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако разглобуваме понатаму по однос на половите ќе отидеме оф топик:wink:
Што се однесува до темата ,образованието е израз на желбата да се знае повеќе од она што го знае дотогаш,исто така е обид да се достигне одредено ниво на социјален статус,меѓутоа дава и една психолошка потпора за побезбедна иднина.
Е сега по однос на прашањето,не секогаш нивото на образованието одговара на степенот на интелегенција на луѓето,затоа нека не си мисли некој дека не може да води доволно интелигентен разговор со човек кој нема факултетско образование,има луѓе на кои навистина не им е потребен факултет,доволно се умешни да успеат и без него...Ако ви го измерат IQ то неговото ниво ќе ви биде исто и пред и после факултетот но општата култура и знаење ќе ви бидат на подобро ниво о д претходно.
Во љубовта ви е потребна иста линија на раговор,врска во која партнерите не се рабираат воопшто,општата култура и познавања им се различни опстојуваат само на кратки патеки...но пак ќе повторам факултетот не значи дека не може некој да ви парира во раговорот или дека не е и поинтелигентен од вас.Што да каже жена му на Гејтс ондак,таа има фва факултета тој ниеден...
Сепак границата на подносливото е средно образование за мој вкус,човек со основно е веќе друго прашање.
 
Ошо

I like to disturb people.
Член од
23 септември 2009
Мислења
73
Поени од реакции
5
Па секако дека образованието може да биде пречка за една врска.. Ај да ги стаиме во една паралела... Љубовта иде напред и врската е стабилна ... Зиаме пример кога дечкото е Феил со образованието ... Пред се во овие моменти нема размислувања и се се темели на чуствата ... идеме понапред после успешна врска ајде иде бракот... Образованието одамна стои ... Бракот е заеднички живот кои се темели на чуствата на вие двајца ... Арно ама (секогаш има "арно ама" ) бракот носи и обврски за финансиска стабилност за опстанок и удобен живот на веке формираното семејство ... Сега тука се јајвуваат оние проблеми се финансиите , се јавуваат караници тепачки вамте-тамте и завршува со развод ...
Да се вратам на почеток ...
Шо к*р имале улога чуствата на почетокот кога дебилот не знаел книга што е ... не завршил факултет и вреди за к*р сега...
Добро сега има луѓе кои успеваат на различни начини .. работат во странство ... разнасаат забранета медицина .... ама сељаци се ...
И пак во општеството се посрани гомна на кои се диват само децата од 3-4 одделение ...

Еееее драги мои ...
Глеј си школото синкооооо :wink:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Прво - сакам да ми е убаво со тој што сум во врска. Второ - школото може на човек да му даде знаење но не и памет, ако е образован не значи и дека е нешто мноогу паметен. Познавам луѓе со факултет кои се однесуваат многу попросто и позаостанато за разлика од некои кои се со средно или основно. Плус тоа во денешно време дипломата го нема тоа значење што некогаш го имала, ако имаш пари може да имаш и диплома.
 
Да но на интервју за вработување нема мозокот на вага да ти го стават ... едноставно прв чекор е да покажеш диплома па натму бла бла бла...
 
Марко!

Алфа
Член од
6 февруари 2010
Мислења
272
Поени од реакции
14
Да но на интервју за вработување нема мозокот на вага да ти го стават ... едноставно прв чекор е да покажеш диплома па натму бла бла бла...

Знаењето повлекува диплома.
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Прво - сакам да ми е убаво со тој што сум во врска. Второ - школото може на човек да му даде знаење но не и памет, ако е образован не значи и дека е нешто мноогу паметен. Познавам луѓе со факултет кои се однесуваат многу попросто и позаостанато за разлика од некои кои се со средно или основно. Плус тоа во денешно време дипломата го нема тоа значење што некогаш го имала, ако имаш пари може да имаш и диплома.
Постојат различни типови на луѓе, некои прават компромис некои не, некои се однесуваат смирено во секаква ситуација и размислуваат со ладна глава, некои се избувливи. За мене тоа просто однесување за кое ти зборуваш е индивидуална работа. Ако е за тебе некој прост, можеби за мене и не е. Мене можеби ми се допаѓаат поинакви типови на карактери од тебе. Тоа мислам не зависи дали завршиле факултет или не.Според мене зависи од домашното однесување и индивидуално од личноста.
За второто болдирано не се сложувам дека ако имаш пари имаш и диплома. Зошто така мислиш? Си го видела тоа од сопственото искуство или тоа се само фрази кои ги користат пониско образованите луѓе со цел да се тешат зошто не завршиле факултет? Според мене тоа е апсолутно така.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Она кое го болдирав во превод би дошло “ние заедно си уживаме во нашиот заеднички простотилак“. Мислам дека не сакаше тоа да го кажеш, но како и да завртиш, не постојат категории на неукост. Прекрасен збор постои за да опише група на луѓе кои вредат на повеќе полиња... Елоквентност. А неа, или ја имаш, или ја немаш, не се учи на факултет ама не ти следува ни од раѓање, туку е склоп од образование, природна интелигенција, искуство и способност за снаоѓање на улиците и низ животот.

Инаку, точно е, некои луѓе сакаат прости партнери најверојатно од причина што и самите не се стремат кон тоа да покажат поголема заинтересираност за нештата, па и просечноста или простотилакот го доживуваат како нешто сосема во ред. Ти радице, мислам дека не си во таа категорија, само примерот ти беше ужасен, но да не навлегувам во анализи на личност...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom