Обединета Македонија

  • Креатор на темата T1p43
  • Време на започнување

дали Македонија во иднина ќе се обедини

  • Да

    Гласови: 84 58,3%
  • Не

    Гласови: 60 41,7%

  • Вкупно гласачи
    144

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
Duke of Pirin напиша:
mnogu golem pesimista so samata pomisla za nase obedinuvanje treba da se gordees i raduvas a ne nemoknost da seesh, pa i so vlaganjeto u eu e dobra idea koga ni se otvaraat "granicite" poinaku da se razmisluva...
Па поентата на влегувањето во ЕУ (а и идеалот зад ЕУ како проект) е баш бришење на националните граници. Ако веќе границите на оваа сегашна Македонија практично и нема да постојат во ЕУ (во смисла слободно движење без пасоши и слично) која е поентата да се менуваат и прекројуваат границите?!?! Самата смисла на создавање национални држави се губи кога стануваш дел од еден ентитет на повисоко ниво каде што секој може да се чувстува и изјаснува како сака БЕЗ да биде изолиран во некое заградено просторче во кое живеат ’само неговите’ ’браќа’ и ’сестри’.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.701
Поени од реакции
4.877

eve ja vistinskata makedonija kako so treba da e
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Нашите проблеми и заблуди доаѓаат од еден друг момент. Се повеќе сум убеден дека патиме од ”Синдром на погрешно поставени прашања” после кој целосно се губиме во сите можни расправи и пред се во барањето на одговорите.
Дали Македонија во иднина ќе се обедини?
Да, а можеби и не. Одговорот во моментов а и понатаму е целосно ирелевантен.
Еве малку да си направиме ментална гимнастика.
Се будиме утре и сваќаме дека Рапублика Македонија е Обеднинета држава. Дека не е 25 513 него е 65 813 (или колку беше).
Како го замислувате сето тоа. Како се замислувате себе си во една таква ситуација во која Кавала и Горна Џумаја се во иста држава, во која Охридско, Преспанско и Дојранско езето се 100% наши. Може некој да замисли и да го опише тоа...Што за Вас во моментов претставува фактот дека Воден е во РМ и дека немаме веќе три него 9 природни езера и дека Бистрица, Места и Струма се заедно со Вардар најголемите реки во РМ.
 
B

BushMan

Гостин
Jakov напиша:

ѓ

Се замислувам да се бањам во Егејското Море, а да не чекам пред амбасада за виза од грците.Е тоа го замислувам
 
Член од
7 мај 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
MarthaGraham напиша:
Па поентата на влегувањето во ЕУ (а и идеалот зад ЕУ како проект) е баш бришење на националните граници. Ако веќе границите на оваа сегашна Македонија практично и нема да постојат во ЕУ (во смисла слободно движење без пасоши и слично) која е поентата да се менуваат и прекројуваат границите?!?! Самата смисла на создавање национални држави се губи кога стануваш дел од еден ентитет на повисоко ниво каде што секој може да се чувстува и изјаснува како сака БЕЗ да биде изолиран во некое заградено просторче во кое живеат ’само неговите’ ’браќа’ и ’сестри’.

Здраво Марга, тоа од твоја гледна точка е многу плитко, ќе ти објаснам и зашто така мислам
1. во моментов ЕУ има криза во пронаоѓање се себе си... пример е словенија како нова тазе членка која прави напори за да го зацврсти идентитетот, а впрочем и со самото отварање на граници доаѓа до нови инвестиции т.е поради ови инвестиции е и ЕУ создадена а самите тие носат нов газда или владател на онја дел од земјата кој го има купено... спореди една Германија со 70 милиони жители, ќе може да ја купи цела Македонија додека трепнеш, од тоа треба да се пазиме...
второ... кога моментално низ европа се шират мапи од типот - независна Баскија, отцепуване на Корзика од Франција, независнос на северна Ирска, обединета Унгарија, распаѓане на Белгија, Чемерија и Голема албанија, припојуване на рускиот и украинскиот дел од Молдавија кон Украјна, одцепуване на северот од Италија од југот има и некои други на кој не можам да се сетам, онда зашто и ние да не бараме Обединета Македонија, тоа една држава да потегне по она што сака ќе има општа рекција или домино ефек тоа потоа само по себе се случува... барем нашето ќе биде најлегално за разлика од другите...

затоа за обединета, поздрав
 
Член од
7 мај 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
Jakov напиша:
Нашите проблеми и заблуди доаѓаат од еден друг момент. Се повеќе сум убеден дека патиме од ”Синдром на погрешно поставени прашања” после кој целосно се губиме во сите можни расправи и пред се во барањето на одговорите.
Дали Македонија во иднина ќе се обедини?
Да, а можеби и не. Одговорот во моментов а и понатаму е целосно ирелевантен.
Еве малку да си направиме ментална гимнастика.
Се будиме утре и сваќаме дека Рапублика Македонија е Обеднинета држава. Дека не е 25 513 него е 65 813 (или колку беше).
Како го замислувате сето тоа. Како се замислувате себе си во една таква ситуација во која Кавала и Горна Џумаја се во иста држава, во која Охридско, Преспанско и Дојранско езето се 100% наши. Може некој да замисли и да го опише тоа...Што за Вас во моментов претставува фактот дека Воден е во РМ и дека немаме веќе три него 9 природни езера и дека Бистрица, Места и Струма се заедно со Вардар најголемите реки во РМ.
Јаков додека можеме во ЕУ да си ја искористиме можноста не треба како тебе да размислуваме...

Член од
7 мај 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
[SIZE=+2]od BELOTO more do svetiot PROHOR PCINSKI od ubavata[/SIZE][SIZE=+2]PRESPA do gordiot PIRIN ete toa e nashata MAKEDONIJA.[/SIZE]
 
MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
Duke of Pirin напиша:
Здраво Марга, тоа од твоја гледна точка е многу плитко, ќе ти објаснам и зашто така мислам
1. во моментов ЕУ има криза во пронаоѓање се себе си... пример е словенија како нова тазе членка која прави напори за да го зацврсти идентитетот, а впрочем и со самото отварање на граници доаѓа до нови инвестиции т.е поради ови инвестиции е и ЕУ создадена а самите тие носат нов газда или владател на онја дел од земјата кој го има купено... спореди една Германија со 70 милиони жители, ќе може да ја купи цела Македонија додека трепнеш, од тоа треба да се пазиме...
второ... кога моментално низ европа се шират мапи од типот - независна Баскија, отцепуване на Корзика од Франција, независнос на северна Ирска, обединета Унгарија, распаѓане на Белгија, Чемерија и Голема албанија, припојуване на рускиот и украинскиот дел од Молдавија кон Украјна, одцепуване на северот од Италија од југот има и некои други на кој не можам да се сетам, онда зашто и ние да не бараме Обединета Македонија, тоа една држава да потегне по она што сака ќе има општа рекција или домино ефек тоа потоа само по себе се случува... барем нашето ќе биде најлегално за разлика од другите...

затоа за обединета, поздрав
Ако мислиш дека моето мислење е плитко ја мислам дека твоето е уште поплитко. Знаеш што би значело во реалноста реализацијата на идејата за обединета Македонија? Еден збор ја објаснува - ВОЈНА! Поплитко размислување од луѓе што сакаат нови војни не можам да замислам, особено што таа војна може, замисли кој апсурд!, да доведе до тоа и оваа Македонија што ја имаме да ја изгубиме. И после ти и таквите као тебе ќе останат со прст у уста.
Второ, едно прашање имам до тебе и останатите со вакви идеи. Ме интересира зашто толку ви е битна обединета Македонија, односно, еве да бидам поконкретна, како обединетата Македонија ќе ти го смени животот, како ќе ти ја зголеми платата, како ќе ти го подобри образованието или ќе ти помогне да најдеш добра табота и слично. Со еден збор, каква корист имаш ти како поединец (а и сите ние како збир од поединки) од обединета Македонија? Поентата (макар и плитка) ми е, пробај да се фокусираш на сопствената добробит и направи нешто за оваа држава што веќе ја имаш. Ако не знаеш како ќе ти дадам и идеја, организирај група луѓе и направете акција за чистење на паркот. НАШИОТ парк, ТВОЈОТ парк што личи на депонија. И тој парк е дел од оваа Македонија што ја имаш, па направи ете нешто за него. Секогаш се почнува со мали чекори, мегаломанските идеи не водат никаде (освен кон меѓучовечко колење).
 
MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
BushMan напиша:
ѓ

Се замислувам да се бањам во Егејското Море, а да не чекам пред амбасада за виза од грците.Е тоа го замислувам
Ха! Се залагаш за национални држави, а од друга страна ти смета чекањето за виза - визата која, замисли!, е исто така директна последица од постоењето национални држави со граници!
Така да, егејско море нема да ти го реши проблемот ако сакаш да идеш во Шпанија на одмор, и за таму ќе ти треба виза!!!!!
Не мислиш дека е подобро и пологично да нема граници. Така нема ни виза да ти треба, а ќе можеш во повеќе мориња да се бањаш, не само во егејско.
 
Член од
7 мај 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
MarthaGraham напиша:
Ако мислиш дека моето мислење е плитко ја мислам дека твоето е уште поплитко. Знаеш што би значело во реалноста реализацијата на идејата за обединета Македонија? Еден збор ја објаснува - ВОЈНА! Поплитко размислување од луѓе што сакаат нови војни не можам да замислам, особено што таа војна може, замисли кој апсурд!, да доведе до тоа и оваа Македонија што ја имаме да ја изгубиме. И после ти и таквите као тебе ќе останат со прст у уста.
Второ, едно прашање имам до тебе и останатите со вакви идеи. Ме интересира зашто толку ви е битна обединета Македонија, односно, еве да бидам поконкретна, како обединетата Македонија ќе ти го смени животот, како ќе ти ја зголеми платата, како ќе ти го подобри образованието или ќе ти помогне да најдеш добра табота и слично. Со еден збор, каква корист имаш ти како поединец (а и сите ние како збир од поединки) од обединета Македонија? Поентата (макар и плитка) ми е, пробај да се фокусираш на сопствената добробит и направи нешто за оваа држава што веќе ја имаш. Ако не знаеш како ќе ти дадам и идеја, организирај група луѓе и направете акција за чистење на паркот. НАШИОТ парк, ТВОЈОТ парк што личи на депонија. И тој парк е дел од оваа Македонија што ја имаш, па направи ете нешто за него. Секогаш се почнува со мали чекори, мегаломанските идеи не водат никаде (освен кон меѓучовечко колење).
Марта јас мислев на поголем размер, ќе ти објаснам
Македонија во Балканот мора да има квадратна површина колку што имаат или приближно имаме ако ја имаме цела т.е 65,000, како и Бугарија, србија и Грција. Кога територијално сме сите соседи исти ние ќе можеме да се балансираме исто така и во население...
тогаш ќе нема надмоќ од една или друга страна, ти се молам отвори бугарски учебник и ќе приметиш дека за Македонија пишува од лошо по лошо, за Грција да не зборам они не ни сметаат дека постоиме а србија ги искажа желбите со црквата и идеата на милошевиќ... па кажи ми кога сме како овца меѓу 4 волци јас да ти уредувам парк?
а воедно ЕУ е превена да се распадне, секоја унија како и онаа сфрј беа да се направи профит на тие што заговараа идеологии... кога ќе се распаќа ЕУ ќе има војана сакале или не ќе не опфати и нам, е тогаш ќе незнам како ќе реагираат тие како тебе у парк...

да не ме разбереш погрешно би ти ја препорачал светските заговори на Џим Марс, добра книга во која не постои некоја си идеологија која нуди фул утопија...
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
како само ќе ја обединиме Македонија кога не знаеме ни тоа што денес го имаме да го чуваме? ајде прво да си го средиме дворот па после да делиме правда на страна
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.727
Поени од реакции
975
Марта,аман бе веќе со тие космополитски идеи од типот на ЕУ и слично...зарем мислиш дека земјите кои ја формираа унијата (па и останатите кои со текот на времето влегоа во неа) го направија тоа од космополитизам или за да имаме Европа senza frontiere (без граници де)??Грешка си ако така мислиш...се е тоа направено заради лични интереси на поодделните(поголеми) европски земји...сегде во светот национализмот е идејна филозофија на секоја земја, само кај нас за жал националистите се жигосани како црни ѓаоли...значи луѓе,правете разлика меѓу национализам (нешто што е најнормална работа) и шовинизам...а ова за обединувањето на Македонија (дај боже некогаш да се случи) во денешницава е невозможно за голема жал и тоа најмногу заради тоа што голем дел од нас Македонците (општо било каде и да живеат,дали овде во Мкд или надвор од неа) се скроз одродени и со апсолутно никакво национално чувство...тешко ми е и дури да пишувам за оваа тема (Обединета Македонија) ко ќе се сетам дека голем дел од Македонците едвај чекаат да ја дувнат од овде и никогаш да не се вратат а не па уште и да се борат за обединување на Македонија...абе стока невидена сме упм!!!
P.S. Jakov, една мала исправка...колку јас што знам Република Македонија има територија од 25 713 а не како што пиша ти 25 513 км2...ај сега кажи пред сите кому му даде 200 км2 од територијата ни..хе хе :)
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
MarthaGraham напиша:
зашто толку ви е битна обединета Македонија, каква корист имаш од обединета Македонија?
Платата е мизерна, паркот прилега на депонија, командант вентиљи ти е министер - сето тоа е реалност благодарени на еден и само еден фактор: изолираноста и заграденоста на просторчето за кое си мислиш дека е твое. Јаков брилијантно ја отслика менталната матрица на умот заграден во тие ситни рамкички: неспособност да се замисли животот надвор од нив. Како робијашите што по дваесет години поминати во апс, прва работа им е да украдат нешто за да можат да се вратат во единственото место кадешто се чувствуваат дека припаѓаат.

Европа без граници е илузија; европските граници се најдобро чуваните на светот. Пробај прошетај се по рајот без граници да те видам. Едно е реалноста, друго е мамецот со кој БУЧКовски те убедува дека неподносливата смрдеа во која тонеш е патот кон замислениот рај.
 
Член од
17 март 2006
Мислења
4
Поени од реакции
0
Obedineta Makedonija

Nie sme stara nacija a mlada drzava. Koga i da e pak ke se obedinime ako ne ovaa godina drugata da sme zdravi i zivi.:mist:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom