Според мене, а и гледајќи го она што станувало низ историјата, распарчена Македонија е обид за status quo на состојбите кое секогаш се покажува како неодржливо. Малку да се потстетиме на историјата:
- по третата македонско-римска војна, по освојувањето на македонското кралство од римјаните, Македонија била поделена на 4(четири) тн. „републики“, помеѓу кои бил најстрого забранет секаков сообраќај, трговија и преминување на границите од домицилното население (македонците). За причините поради кои тоа е напаравено - divide et impera не би навлегувал сега. (Секоја сличност со состојбите по Втората светска војна е сосема „случајна“).
Она што е битно е дека таквата состојба на поделеност не можела да потрае во недоглед. А најбитното е дека за неодржувањето на таа состојба се погрижиле македонците. (Тука се отвора и темата за навлегувањето во Европа на тогашното револуционерно движење на христијаните - не случајно почнало од Македонија „Обраќање на свети Павле до солуњаните“).
Начините на кои нешто може да се оствари се повеќе (како што вели една поговорка - има повеќе начини да се одере кожата на лисицата). Уште подобро е кога тоа се прави на неколку начини паралелно.
Она што во случајов е најбитно е тоа што со илјадници години никој не успеал кај македонците да го убие духот и желбата за опстанок.
Дури како што мене ми изгледа работите се прилично интересни - не само што тоа не е постигнато туку е успеано во сосема обратното - македонците денеска имаат бројни колонии низ целиот свет, така македонците како своја примарна татковина ја имаат Македонија, а како татковина - целиот свет.