Ако мислиш дека моето мислење е плитко ја мислам дека твоето е уште поплитко. Знаеш што би значело во реалноста реализацијата на идејата за обединета Македонија? Еден збор ја објаснува - ВОЈНА! Поплитко размислување од луѓе што сакаат нови војни не можам да замислам, особено што таа војна може, замисли кој апсурд!, да доведе до тоа и оваа Македонија што ја имаме да ја изгубиме. И после ти и таквите као тебе ќе останат со прст у уста.
Второ, едно прашање имам до тебе и останатите со вакви идеи. Ме интересира зашто толку ви е битна обединета Македонија, односно, еве да бидам поконкретна, како обединетата Македонија ќе ти го смени животот, како ќе ти ја зголеми платата, како ќе ти го подобри образованието или ќе ти помогне да најдеш добра табота и слично. Со еден збор, каква корист имаш ти како поединец (а и сите ние како збир од поединки) од обединета Македонија? Поентата (макар и плитка) ми е, пробај да се фокусираш на сопствената добробит и направи нешто за оваа држава што веќе ја имаш. Ако не знаеш како ќе ти дадам и идеја, организирај група луѓе и направете акција за чистење на паркот. НАШИОТ парк, ТВОЈОТ парк што личи на депонија. И тој парк е дел од оваа Македонија што ја имаш, па направи ете нешто за него. Секогаш се почнува со мали чекори, мегаломанските идеи не водат никаде (освен кон меѓучовечко колење).