Ptolomej напиша:
Марта,аман бе веќе со тие космополитски идеи од типот на ЕУ и слично...зарем мислиш дека земјите кои ја формираа унијата (па и останатите кои со текот на времето влегоа во неа) го направија тоа од космополитизам или за да имаме Европа senza frontiere (без граници де)??Грешка си ако така мислиш...се е тоа направено заради лични интереси на поодделните(поголеми) европски земји...сегде во светот национализмот е идејна филозофија на секоја земја, само кај нас за жал националистите се жигосани како црни ѓаоли...значи луѓе,правете разлика меѓу национализам (нешто што е најнормална работа) и шовинизам...а ова за обединувањето на Македонија (дај боже некогаш да се случи) во денешницава е невозможно за голема жал и тоа најмногу заради тоа што голем дел од нас Македонците (општо било каде и да живеат,дали овде во Мкд или надвор од неа) се скроз одродени и со апсолутно никакво национално чувство...тешко ми е и дури да пишувам за оваа тема (Обединета Македонија) ко ќе се сетам дека голем дел од Македонците едвај чекаат да ја дувнат од овде и никогаш да не се вратат а не па уште и да се борат за обединување на Македонија...абе стока невидена сме упм!!!
P.S. Jakov, една мала исправка...колку јас што знам Република Македонија има територија од 25 713 а не како што пиша ти 25 513 км2...ај сега кажи пред сите кому му даде 200 км2 од територијата ни..хе хе
Моите идеи не се космополитски и утописки. Тие држави што ја створија ЕУ ја створија тачно, за сопствен, пред се економски интерес. Беа спремни и сеуште се да жртвуваат дел од националното его (дел, не све!) заради економска корист. Ние не сме спремни ни дел од делот од националното его да жртвуваме за да пркнеме економски. Спореди само колку постови има на форум за економија и бизнис споредено со историја/политика и слично, па ќе ти стане јасно каков ни е менталитетот и што им е најважно на луѓево.
Коа ќе почнеме да си ја гледаме сопствената (економска) корист, тогаш и ќе ни биде поарно и нема да бидеме изолирани и ќе ни се зајакне и националното чувство и така натаму.
Све додека се замараме со историја, национализам, политика и слични тотално непродуктивни теми (колку и да се интересни за муабет) ќе се тепаме меѓу себе до вечноста и назад а ќе си тонеме во економска и социјална бедотија. Шо ако ја обединиме Македонија, како ќе ни го реши тоа проблемот со над 35% невработеност?
И престанете со аргументите од типот - поголема држава, појака ќе бидеме, ова она. Видете ја Словенија - мала земја а супер функционира. Точно е дека политичките проблеми внатре и со соседите имаат негативно влијание врз општиот напредок, ама сепак не глеам како е тоа поврзано со чисто внатрешните проблеми на невработеност, корупција, мрзливост, идиотско долги процедури за регистрирање на фирми и спори судски процеси (па после зашо нема странски инвестиции) итн итн.
Јас се извинувам ама стварно не гледам како обединета Македонија ќе ни ги реши овие проблеми ?!?! Ако успеете да ме убедите, може и ќе поверувам дека вреди човек да се врати на почеток на 20 век и дека војните се стварно многу екстра ствар, па ај да се испозаколеме уште еднаш меѓу себе овде на Балканов! Нема да ни биде првпат.:je: Само ќе си го потврдиме негативниот имиџ што цел свет го има за нас, ама па шо ни е гајле. Битно ние ќе си живееме среќни и весели сите македонци у една држава! (тоа шо на политичка основа се колеме меѓу себе не ви укажува на фактот дека можда и нема да живееме така среќни и весели??)
И не заборавајте, ако идеме да си ја бараме обединета Македонија, по ефект на домино истото ќе си го бараат Албанците, Србите, и секој друг што смета дека има свои малцинства на туѓи територии.