ОНЕ и ВИП се споија

Член од
22 јули 2015
Мислења
442
Поени од реакции
192
Ќе имаш 4г сигнал со фрекфенција од 1800 mhz
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Денеска видов една што ја знам од продажен салон и ја прашав што како и ми кажа дека спојувањето просто било да седнеш да се расплачеш. Системот по 10 пати на ден паѓа и се бришат и додаваат нови работи. Згора на се сите им се дерат на нив ако нешто не работи а тие се само обични службеници таму.
Очигледно дека имаат проблеми и дека ни криви ни должни треба да трпат и корисниците.
Еве кај мене сега пробав да активирам и VIP Talk и VIP Fun (иако веќе ми е активирана,онака пробав да видам што известување ќе ми стигни)но ни за една не ми стигна ни позитивен ни негативен одговор а пробувам пак преку смс да ме известат што тарифен пакет користам,ми стигнува порака ,,Тарифата VIP Fun е веќе активна за овој број" што значи дека со опцијата за известување се активира VIP Fun тарифата.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.730
Поени од реакции
1.308
Што сакате од вработените кога дознав дека имале до сега само една обука, а на компјутер имаат 9 програми за работа?!
И да, платите им изнесуваат јадни 15 илјадарки. Тоа што седеле прекувремено не им било секогаш платено.
На една вработена, бидејќи била на боледување за децата, не ѝ ја покачиле платата, а на сите други им покачиле 1.500 денари.
Кога обновуваме договори, менувавме тарифи и комбиниравме, ги дознав овие информации, а плус сфатив дека еден вработен не ги знае сите 9 програми да ги работи, туку си бара џокер „повикај пријател“, па така некако работат.

Кога ќе ми текне дека им се дерев и урлав, а они јадни не се ни најмалку криви, некако жал ми паѓа искрено.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.815
Поени од реакции
12.117

Е па затоа постојат програмски платформи како SAP, ама за такви платформи ем треба пари да се дадат, ем треба да поминат месеци, во некои случаи дури и години за обучување на вработените кои можат најкомотно да си заминат кога сакаат.

Во Пивара Скопје со години ги обучуваат вработените за SAP, секоја година степен погоре, и тоа исклучиво вработените кои работат таму подолго време.

Ама зошто да биде поедноставена и полесна работата, кога може да биде посложена и потешка - како што е во Вип ?

На крајот на краиштата, за македонските профитерски работодавачи, а особено за големите профитери, работниците, а и купувачите/корисниците - да бидеме искрени - се топовско месо, потрошлив материјал кој секогаш може да биде заменет.
 
WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Денеска видов една што ја знам од продажен салон и ја прашав што како и ми кажа дека спојувањето просто било да седнеш да се расплачеш. Системот по 10 пати на ден паѓа и се бришат и додаваат нови работи. Згора на се сите им се дерат на нив ако нешто не работи а тие се само обични службеници таму.
Плаќав електронски сметка, преку нивната веб страна штотуку редијзинирана каде си има за плаќање, ми даваше System error неколку пати. После 2 часа ми стизаат две пораки од тутунска дека е успешно направено плаќање на one.vip doo. Два пати ми наплатиле една сметка. Ништо не е регистрирано во Вип дека сум платил па дури и една недела ме мотат де ваму де таму и ми стигна порака денеска дека појдовни повици ќе ми се исклучат зашто веќе е изминат рокот. Денеска се погоди една фина и рече нема да ми се стави забрана за појдовни повици ми ископира изводот со трансакции и прати мејл и рече дека ќе ми ѕвони чим добие одговор. Само што јас отидев во 8 а до 9 работат. Ако ме исклучат нека се гонат денар нема да им дадам. Ќе си земем бројод т-мобиле, а овие во АЕК ќе пријавам па и на суд ако треба ќе одам од тоа што ме изнервираа ама ебан денар нема да им дадам заради нивна грешка.
 
Па јас меѓу првите денови (2-3) веднаш сакав да направам комбо пакет, со промена на тарифи од one во vip и промена на близу пакетот, но од 4 обиди, дечкото во салонот не успеа. Среќа дури после недела-недела и пол успеав на друго место да извршам промени и се` фино да завршам, но и таму чекав многу, односно таму не паѓаше системот или не даваше error, но затоа беше премногу спор.
А за бегање во Телеком, не земај ново бројче, барај префрлање на постојното :)
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.730
Поени од реакции
1.308
Vip продолжува со изградбата на нова мрежа во Струмичкиот регион

Vip ги известува своите корисници дека ги продолжува активностите за изграба на нова мобилна мрежа во градот Струмица во текот на оваа недела. Наредната недела ќе се консолидира остатокот од Струмичкиот регион и ќе продолжи во Пелагонија почнувајќи од градот Прилеп.

Во текот на изградбата на нова мрежа на дадените локации во даденото време, можно е корисниците да почувствуваат извесни прекини во мобилната комуникација, а тоа во блиска иднина значи подобар квалитет и подобро корисничко искуство за сите корисници.

Изградбата на нова мобилна мрежа започна кон крајот на минатата година со цел да обезбеди за сите корисници значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство со најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

Според планираните активности, новата мобилна мрежа на Vip треба да биде завршена до крајот на годината во сите урбани области во Македонија.

Извор: vip.mk
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.730
Поени од реакции
1.308
АЕК: Со спојувањето на ОНЕ и ВИП поскапеа разговорите и интернетот

Три месеци по спојувањето просечната цена за минута што ја плаќаат граѓаните се покачи на повеќе од 15 проценти. Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации, уште позагрижувачко е што цената за мобилен интернет се зголеми за приближно 20 проценти

По спојувањето на операторите ОНЕ и ВИП во јули минатата година, граѓаните плаќаат повисоки цени за мобилните услуги, односно цената за минута разговор се зголемила за 15 проценти, а цената на мобилниот интернет за 20 проценти. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека сега граѓаните за истите пари користат многу помалку сообраќај.

Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, рече дека мобилните оператори го искористиле новосоздадениот потенцијален простор за зголемување на цените на мобилниот пазар.

- Случувањата во мобилната телефонија беа проследени со големо интересирање кај јавноста која очекуваше поквалитетни услуги со поголем опфат и пониски цени. Поради тоа, АЕК многу внимателно ги следи сите пулсирања на овој пазар. Со споредбена анализа на податоците со кои располагаме може да се заклучи дека како последица на спојувањата и намалувањето на бројот на оператори тие го искористија новосоздадениот потенцијален простор за зголемување на цените на мобилниот пазар. Три месеци по спојувањето просечната цена за минута која ја плаќаат граѓаните се покачи на повеќе од 15 проценти - рече Димитријоски на првиот јавен состанок на АЕК во 2016.

Според него, уште позагрижувачко е што цената за мобилен интернет се зголеми за приближно 20 проценти.

- АЕК не ги прифаќа ваквите неповолни трендови и нема да дозволи да се доведеме во ситуација нашите граѓани да плаќаат поскапо за истите услуги кои досега ги користеа поевтино - рече директорот на АЕК.
Извор: Телеграф.мк

Не бе, што му е, баш поефтинија и тоа за 50%. Баш требаше вакво спојување, поглеми пакети, пониски цени имаме, поквалитетна услуга да не зборам. (НЕ!)
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.493
Поени од реакции
2.846
Извор: Телеграф.мк

Не бе, што му е, баш поефтинија и тоа за 50%. Баш требаше вакво спојување, поглеми пакети, пониски цени имаме, поквалитетна услуга да не зборам. (НЕ!)
Добро, нека не се фалат, сите знаат, најдобро да се фатат за работа... Сакаме дела, не зборови...
 
Последно уредено:

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
1.340
Па и изненадени биле бе хахаха. Ми то нисмо знали ал ето... И што ќе направат?? Ќе им звонат и ќе речат дај тоа пушти промо тарифи? Ти се молам:bravobe::pos::tapp:
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
167
Член од
29 август 2008
Мислења
5.551
Поени од реакции
3.903
Па и изненадени биле бе хахаха. Ми то нисмо знали ал ето... И што ќе направат?? Ќе им звонат и ќе речат дај тоа пушти промо тарифи? Ти се молам:bravobe::pos::tapp:
Eeeee.....koga laevme tuka i sekade deka kese stvori monopol-duopol, nikoj nene slusase , sto im falesi si bea 3 operatori ovie sega ke baraat 3 ti, MNO, operator....ludilooooo_ a imase tendencii Telenor da go kupi One,no nekoj lapna debeli pari od zdelkata vip-one,!
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
135
Поени од реакции
42

Telekom nemase druga moznost kako da padne od prvoto mesto. Ima najlojalni pripejd korisnici na koi ne im interesira za poeftini mobilni uslugi ne ni znaat deka postojat drugi operatori.
Sega ako vleze 3 barem nekoj silen kako Orange, O2
 
Знам дека постојат други мобилни оператори, или подобро кажано - постоеја, бидејќи денес постои само друг мобилен оператор, но никогаш немав причина за да го баталам Мобимак, никогаш немав причина за да го баталам Ти-Мобајл, и до денешен ден немам причина за да го баталам Македонски Телеком.

Го баталив само тогашен Ти-Хоум пред 4 години кога престанав да користам MaxTV, а го баталив исклучиво бидејќи беше прескап за мене.

Ако денешен Македонски Телеком се осмели да ги поевтини неговите 3 Max и 3 Max Optic пакети за барем 600 денари помалку со договор на 2 години, со најголемо задоволство ќе му се вратам и повторно ќе користам MaxTV.

Вип од друга страна - од кого исто така користам припејд телефон, не бидејќи сакав, туку бидејќи моите го зедоа како дел од некој промотивен пакет пред неколку години - до денешен ден важи за "навистина си В.И.П. - никој не може да те добие (на телефон)", а исто така и сега веќе поранешен Близу/Кејблтел, до денешен ден важи за Далеку, бидејќи едноставно не ги бива.

Со Македонски Телеком, уште од времето на Мобимак - значи пред повеќе од 10 години - имав и сеуште имам одличен сигнал во најоддалечени планински места, додека со Вип има места и во градска, односно урбана средина, каде што сигналот е слаб.

Нема зошто да знам дека постои друг мобилен оператор, бидејќи во пракса не постои - слаб сигнал не е исто што и друг мобилен оператор.

А кога сме кај трет мобилен оператор, тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина. Факт е тоа дека актуелната влада на Република Македонија го распиша меѓународниот тендер за трет мобилен оператор во Македонија, исто како што е факт и тоа дека истата оваа актуелна влада на Република Македонија, го одобри спојувањето на два мобилни оператора, со што повторно останавме без трет мобилен оператор.

Исто така, факт е тоа дека претходната влада на Република Македонија - од 2002 до 2006 година - се покажа и докажа како заштитник на интересите на големите бизниси - како на пример кога ја поскапуваше цената на струјата за домаќинствата, а ја одржуваше старата цена на струјата за индустриските капацитети - му дозволи на Космофон да почне со работа во 2003 година не бидејќи сакаа Македонија да има втор мобилен оператор, туку бидејќи Космофон ја доби лиценцата во 2001 година кога на власт беше друга влада. Во периодот од 2002 до 2006 година, тогашната влада не направи апсолутно ништо за да придонесе на било каков можен начин за поквалитетни телекомуникациски услуги со поприфатливи цени, ама тоа не го спречи Владо Бучковски да му се испофали на Бил Гејтс на светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, дека Македонија е првата држава во светот чија што територија е целосно покриена со безжична Интернет мрежа од тогашен Он Нет, подоцна Оне - иако владата на Бучковски на никаков начин не придонесе за таквата безжична мрежна покриеност.

Од триопол се вративме во дуопол - што е спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, но парите железни врати отвораат - па тешко дека било кој трет телекомуникациски оператор од Европа би прифатил во вакви услови да почне да нуди мобилни телекомуникациски услуги во Македонија, без разлика кој ќе победи на наредните редовни или вонредни парламентарни избори.

Во целата оваа зделка за спојување на Вип и Оне, нечии џебови на дебело се наполнија, поради што можноста за влез на трет мобилен оператор е речиси еднаква колку можноста Македонец да стапне на Месечината пред 20 јули 2069, кога ќе се одбележат 100 години од првите човечки стапки на Месечината.
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2008
Мислења
5.551
Поени од реакции
3.903
Знам дека постојат други мобилни оператори, или подобро кажано - постоеја, бидејќи денес постои само друг мобилен оператор, но никогаш немав причина за да го баталам Мобимак, никогаш немав причина за да го баталам Ти-Мобајл, и до денешен ден немам причина за да го баталам Македонски Телеком.

Го баталив само тогашен Ти-Хоум пред 4 години кога престанав да користам MaxTV, а го баталив исклучиво бидејќи беше прескап за мене.

Ако денешен Македонски Телеком се осмели да ги поевтини неговите 3 Max и 3 Max Optic пакети за барем 600 денари помалку со договор на 2 години, со најголемо задоволство ќе му се вратам и повторно ќе користам MaxTV.

Вип од друга страна - од кого исто така користам припејд телефон, не бидејќи сакав, туку бидејќи моите го зедоа како дел од некој промотивен пакет пред неколку години - до денешен ден важи за "навистина си В.И.П. - никој не може да те добие (на телефон)", а исто така и сега веќе поранешен Близу/Кејблтел, до денешен ден важи за Далеку, бидејќи едноставно не ги бива.

Со Македонски Телеком, уште од времето на Мобимак - значи пред повеќе од 10 години - имав и сеуште имам одличен сигнал во најоддалечени планински места, додека со Вип има места и во градска, односно урбана средина, каде што сигналот е слаб.

Нема зошто да знам дека постои друг мобилен оператор, бидејќи во пракса не постои - слаб сигнал не е исто што и друг мобилен оператор.

А кога сме кај трет мобилен оператор, тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина. Факт е тоа дека актуелната влада на Република Македонија го распиша меѓународниот тендер за трет мобилен оператор во Македонија, исто како што е факт и тоа дека истата оваа актуелна влада на Република Македонија, го одобри спојувањето на два мобилни оператора, со што повторно останавме без трет мобилен оператор.

Исто така, факт е тоа дека претходната влада на Република Македонија - од 2002 до 2006 година - се покажа и докажа како заштитник на интересите на големите бизниси - како на пример кога ја поскапуваше цената на струјата за домаќинствата, а ја одржуваше старата цена на струјата за индустриските капацитети - му дозволи на Космофон да почне со работа во 2003 година не бидејќи сакаа Македонија да има втор мобилен оператор, туку бидејќи Космофон ја доби лиценцата во 2001 година кога на власт беше друга влада. Во периодот од 2002 до 2006 година, тогашната влада не направи апсолутно ништо за да придонесе на било каков можен начин за поквалитетни телекомуникациски услуги со поприфатливи цени, ама да тоа не го спречи Владо Бучковски да му се испофали на Бил Гејтс на светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, дека Македонија е првата држава во светот чија што територија е целосно покриена со безжична Интернет мрежа од тогашен Он Нет, подоцна Оне - иако владата на Бучковски на никаков начин не придонесе за таквата безжична мрежна покриеност.

Од триопол се вративме во дуопол - што е спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, но парите железни врати отвораат - па тешко дека било кој трет телекомуникациски оператор од Европа би прифатил во вакви услови да почне да нуди мобилни телекомуникациски услуги во Македонија, без разлика кој ќе победи на наредните редовни или вонредни парламентарни избори.

Во целата оваа зделка за спојување на Вип и Оне, нечии џебови на дебело се наполнија, поради што можноста за влез на трет мобилен оператор е речиси еднаква колку можноста Македонец да стапне на Месечината пред 20 јули 2069, кога ќе се одбележат 100 години од првите човечки стапки на Месечината.
Drugar se soglasuvam so tvojov muabet od prvata do poslednata bukva...... i kako sto konstatiravme... lapnaa debeli pari i sega ne pravat ludi poskapele uslugite 15~20% ...abe kogo lazat..poskapeno e za 50%
ama makedonceto si trpi .....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom