Прашање кое навистина ме интересира, надвор од сите теории на заговор - како тоа на сите снимки и слики ги има само полициските сили?
Ако од другата страна има група, а не велам дека нема, тогаш сигурно и те можат да се уловат со камера. Таму не е сигурно да се снима, а кај полицијата е сигурно, зошто куршуми летаат само натаму а не и накај полицијата? Некому не е во интерес да се снимат? Се крие нивната спремност и распоред а се објавува на полицијата? Ако населението во близината на групата е исплашено да сними, а исплашено е и она околу полицијата, тогаш дали едните покрај стравот имаат и друг интерес да не снимат и обајават ништо? Оние кој се кај полицијата, прават глупост и си пукаат сами во нога со објавувањето, или наместо глупост прават некому добро дело и пукаат во туѓа нога? Многу прашања чиви одговори би дале делумно одговор на нашата глупост но секако и наивност дека некој е толку многу уплашен а друг храбар и само сака да ја информира јавноста што се случува.
Го пишувам онака, не дека реално има потреба да се дискутира зошто одговорите повеќе или помалку се познати.