Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.894
- Поени од реакции
- 44.807
Друже, колку си сигурен дека сите материјали се извадени до сега ( а не само еден мал дел, нема врска што 30 пресови имал заев ), за Младенов поготово, и колку си сигурен дека Се ке се сервира и за Смилковско, како што кажав, шаховска игра, влечење на потези, калкулирање, тактизирање .... јебига, Политика...Зашто?
Затоа што ако бомбата за Мартин и за Младенов предизвика волкав револт, тогаш колкав револт ли ќе предизвика за Смилковско и за името. А најјаките за крај ги чува.
Има и од македонска и од албанска страна жустро заинтересирани да не се чуе за Смилковско. Ако случајно се деси у меѓувремену нешто еднакво флагрантно, па можеби таа смилковска бомба и нема толку јако да одекне.
Ја мислам дека пред 17ти Смилковско нема јако да одекне, тоа е мое видување, а и во некоја '' утопија '', смилковско нема вака јавно на прес да се разглаба, до сега ќе фрчеа милион оставки, ќе се распаднеше владата, ќе имаше техничка влада, сите кои прекршиле закон ќе одгоовараа за тоа, а Смилковско, со оглед на тежината која само со себе го носи овој случај, ќе одеше да се разрешува преку институции ( не оние институции кои се во тотална контрола на властите ), '' тивко '', за да не се создаде хаос во земјава и за прв пат на улица асално да излезат заедно албанци и македонци, може и прв пат у историја на земјава, ако се испостави дека е класична намештаљка, а ваљда дошол некој муабет и до тебе што кружи за тој случај. Да почнам само за луѓето од радишани, доста ратоборна населба, виде како реагираа тогаш, претпостави како би реагирале сега.
У секој случај, добро е да се размислува out of the box, нештата дефакто не се онакви какви што медиумиве кај нас се обидуваат да ни ги прикажат, и можеби и затоа и сите шпекулираат, и вадат теории од рукав, освен Брутус и другарите, за нив апсолутната вистина се Сител and co.