ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
5 мај 2015
Мислења
9
Поени од реакции
6
аман бе кокошките се чудат, лути нервозни, кои биле пред нив за да го разбудат народот и да се подготви за новиот ден...цццц:mad:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.568
Поени од реакции
82.206
Зашто?
Затоа што ако бомбата за Мартин и за Младенов предизвика волкав револт, тогаш колкав револт ли ќе предизвика за Смилковско и за името. А најјаките за крај ги чува.

Има и од македонска и од албанска страна жустро заинтересирани да не се чуе за Смилковско. Ако случајно се деси у меѓувремену нешто еднакво флагрантно, па можеби таа смилковска бомба и нема толку јако да одекне.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.014
Ова е многу веројатно, никој не ги видел, се се само муабети дека постојат маскирани кои патролираат, ниту во гошинце нема некој доказ дека воопшто имало терористи, ниту овде...
Затоа што ич не е логично напаѓачи да влезат во напуштена куќа? (наместо во населените куќи на сонародниците цивили)
 
Член од
16 февруари 2015
Мислења
67
Поени од реакции
80
Дури ни човек ко Латас, повторувам, Латас, не верува у сценарио дека ова е дело на опозицијата, ниту пак има некаква допирна точка со нив, повторувам, допирна точка...
Најди го последното негово гостување кај Јанко од пред некој ден и види он што говори за ова, човек кој и најмала ситница бара за да Се што е деструктивно да им се препише на есдеес ко главни виновници за истото.

Кажав и за Гошинце и сега пак ќе кажам, ова во никој случај не и одговара на опозицијата, се пегла ваљда сеа терен за полициски час, немање на протести зашто за прв пат после долго време опозиција ќе организира и официјално протест што значи ќе биде масовен и од далеку далеку поголем размер од оние кои сега се случуваа на студенти, стечајци и сега ова последново за полициската бруталност. Башка и смилковско езеро треба да е на тапет, а и заев гарант калкулира со муабетите, шаховска битка е ова, влечње на потези, тактизирање, и од едните и од другите.
Се се тоа “можни сценарија“, но едно реално сценарио е дека во Македонија се исцртуваат границите. Ова е само еден мал дел од притисокот Македонците од доминантно албанските средини да продаваат и да се селат во доминантно македонски делови, а како паралела може да се направи само разликата меѓу албанскиот и македонскиот наталитет, улогата на албанската мафија и дијаспора, ИВЗ и парите од Саудиска Арабија. Македонците ќе фрлаат бекатон плочки врз полицијата за случаи коишто се воглавном секојдневие во секое општество, но кога треба да се борат за своите национални интереси тие одат на одмор во Грција.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.856
Поени од реакции
25.041
Да не читам се по ред, се знае ли што е?
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Многу пукање имаше не верувам дека е во празно. Иначе ме чуди зошто терористите го одбрале баш Куманово. Во делот никогаш немало посериозни инциденти дури ни во 2001 година. Куќите се лепени до автопатот Е-75, тука е и филтерната станица, а центарот на градот е на 10 минути пешачење. Многу е наивно да се мисли дека полицијата тек така ке замижи и се ке пушти во вода. Опрвдана е реакцијата.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Да не читам се по ред, се знае ли што е?
Ништо конкретно, партиски дудлачи обвинуваат спротивна страна, неинформирани шпекулираат.
Прочитав сега на фб, дечко што е на клиника (не кажа која, ваљда мисли Скопска) кажа дека медицинска сестра му спомнала дека донеле 8 повредени пред саат време.
 
Член од
5 мај 2015
Мислења
9
Поени од реакции
6
Да не читам се по ред, се знае ли што е?
се е во најдобар ред, инаку знаеш што? МВР сеуште ја брка таа некоја си невидлива криминална група од гошинце, демек истата сега се наоѓа во Куманово, во диво насеље како што го нарекуваат..o_O
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.568
Поени од реакции
82.206
Две криминални банди од Косово “изнајмени“ за инциденти во Куманово ?!
прочитано 1,058 пати
09-05-2015 09:31:33


Две криминални банди од Косово се платени и донесени од пред некој ден во Куманово,за да прават оружани инциденти,за да се шири паника и страв меѓу жителите на овој град,тврдат дипломатски извори на Либертас.






Едната криминална банда според нашите извори ја предводеле командат Нато од УЧК ,поточно извесен Мирсад Ндрецај од Косово и Бек Ризвај човек близок на влијателен функционер на ДУИ од Скопје.Оваа група претходно неколку денови била во Слупчане обидувајки се да придобие жители од селото да им се приклучеле,нудејки импари, но наводно никој од селаните несакал да им се приклучи.

Од пред некој ден бандата на конандант Нато, лица со дебело криминално досие на Косово,од оние што ги изнајмиле и ги платиле да прават инциденти во Кумановскиот регион ,добиле задача следна цел да им бидат стратешкиобјекти на градот меѓе кои се и наводно напад на полициската станица во градот и зградата на општина Куманово.

Другата криминална банда донесена и платена за инциденти се криминалци од Косово предводени од извесен Сабит Геци од Косовска Дреница,кој моментално според нашите извори е во затвор во Приштина,а изворите тврдат дека тој бил човек лојален и послушник на Хашим Тачи.Неговата банда исто така иако ривалска со бандата на командант Нато, платени според изворите на Либертас се од исти нарачатели од Македонија, е од пред некој ден во Куманово.

Дипломатски извори тврдат дека деновиве,пред протестите закажани за 17 овој месец, од Приштина во посета на Македонија планирано е да дојде Хашим Тачи, со мисија да и даде подршка меѓу Албанците во Македонија , наводно на партијата на Ахмети,а со тоа и на владеачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Мисијата на Хашим Тачи,доколку се реализира, наводно е преку средби но и со изјави во локални телевизии и други медиуми под капата на ДУИ, да им сугерира на Албанците да не се приклучуваат на опозициските протести, и дека светата цел за сите Албанци во една а не како сега во тр држави, не е напуштена, и таа кесе реализирала.

Со ова,велат изворите на Либертас, Хашим Тачи би и помогнал на владеачката ДУИ да поврати дел од довербата кај членството и симпатизерите,која како што се продлабочува кризата, така вртоглаво се топела.

Со пукотниците утрово во Куманово, започна реализацијата на ова сценарио скроено и нарачано од ваши политичари,велат изворите на Либертас. Лицата кои се во двете банди,криминалци со дебели досиеа на Коосово, платени и донесени биле за создавање атмосфера на војна, и предсе наводно алиби зашто ДУИ во интерес на безбедноста на граѓаните албанци седи уште во владата на Груевски, и не излегува. Со тоа велат дипломати кои инсистираат на анонимност, Ахмети би го намалил притисокот врз него, но и на групата внатре во партијата, која од лукративни причини не прифаќа напуштање на владеачката коалиција,водена од тендерските профити кои и ги носат седењето во владата на Груевски. http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/05/kumanovskoPukanje-2.jpg

Вчера портпаролот на владеачката ДУИ, Бујар Османи,веднаш по шпекулациите дека врвот на партијата е пред одлука даизлезе од владата на Груевски, по подолг молк,ескспрено реагираше со изјава дека тоа не е точно,дека ДУИ била партија која се грижела пред се за доброто на граѓание и ако излезела од владата ,безбедносната состојба на државата би се влошила уште повеќе.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.484
Поени од реакции
5.001
Затоа што ич не е логично напаѓачи да влезат во напуштена куќа? (наместо во населените куќи на сонародниците цивили)
Не знам, можеби...можеби ќе никне некоја слика од напаѓачите, ќе се демантирам...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.568
Поени од реакции
82.206
Глеате, ДУИ стварно денес искрено сакаше да излезе од влада, али ете, се деси ова и излегувањето од влада би ја влошило безбедносната состојба.:(
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.014
Батка све си е тоа океј што си го напишал но прашањето е зошто сега се дешава баш во овој временски период,а за Сноуден што знам некако ми смрди на двоен агент и не ми е за верување 100% и оној од викиликс као дреме у амбасада цело време а овие као не смеат да го фатат да не прекршуваат демек некои закони ова она у глобала тоа се вика причај ми причу.
И јас ти велам - ОК ти е прашањето, и работава со пукањето смрди. Ама исто така ти велам и дека треба да продолжиш со размислување и со прашања - еве едно уште подобро: Зошто баш сега пукаат „бомби„ кога некој уште пред пет- шест години ги имал во џебот??
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.568
Поени од реакции
82.206
Сега е одличен момент да се испоапсат сите кои беа сликани на протестите. Никој нема за тоа да галами.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom