Гледам дека не знаете што се случило па јас ќе ви објаснам (ако е било вистина).
Ние дознавме за оваа работа во 12 саат, додека овие полицајците дознале во 11 саат.
Во 2:30 овие нашиве полицајци (сите) сигурно биле во зимски сон, освен ако немало реприза на ѕвезде гранда па овие да седеле до толку касно.
Значи додека овие спиеле
, Али Баба со своите разбојници слободно си влегле
, си ги врзале, се одмориле од долгото патување од косово, тепале еден, потоа се заканувале со преведувачот (а он да ти бил србин), шкртале по ѕидови.
Потоа откако станало над 3:30-4:00 саатот, овие оставиле еден и му рекле да ги одврзе другите по пола саат,
додека се ослободиле било некаде некај 5 саатот сабале, од караулата до селото имало некаде 10-тина километри, значи некаде од 1:30-2:00 саати одење.
Во 7 саатот тие успеале да стасаат до првите куќи и заѕвониле на полиција
(претпоставувам дека вртеле на 192), кога почнале да му кажуваат на оној што се јавува на телефон (тој што дреме на портирната) што се случило овој сигурно не им поверувал одма, сигурно ги проверувал кој се, што се, од каде се и сл.
И таму се ги мотале 1 саат сигурно додека да ги пронајдат шефовите (овие сигурно уште спиеле), потоа додека се организирала единицата за експресно распоредување
(овде ги фатиле на доручек, обавезно почекале да се најадат, гладен не се брзо распоредува!), тука саатот е најмалку 8:30-9:00.
За да стасаат до таму им требало уште некаде 30 минути до саат
, значи останува луфт од само 1:30 до 2:00 саати!!!
Еве оваа е онаа што би требало да биде објаснувањето зошто толку долго се чекало да се дејствува.
И без некој прашања плус ве молам.