ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Гледаш дека сепак во нешто се сложуваме... Но нејсе, сеедно дигресираш.
Да те потсетам, ти изјави дека крвавите настани во Куманово се наменети за нас, партиски неопределените и/или за нас „теоретичарите на заговори“.

На тоа јас те прашав прашање за кое не добив одговор: „Која е логиката властите да организираат крвави воени судири во Куманово, за да се придобие така мал процент од популацијата?“
Прашувам затоа што ете, кажуваш дека сум манипулиран - па ме интересира која е логиката позади таквото размислување. Можеби си во право, и секоја можност сметам дека треба да се разгледа и обмисли.
Никогаш тоа не сум го изјавил. Повели, цитирај ме каде сум го рекол тоа. Ако Груевски ги исценирал тие настани, тогаш целта не би му била да ги убеди партиски неопределените. Целта би му била да се сопре налетот на опозицијата. Во ек беа протестите околу Нешковски, и најавени беа протестите на 17 Мај. После настанот во Куманово Груевски и неговата медиумска тајфа ќе го обвинат Заев за анти македонски протести на 17, со кој нАли се поткопува единството на народот, инаку многу лесно купено со измислени работни места. Добро, ни малку не ти беше сомнителен датумот на настаните во Куманово?

Едно ќе ти кажам. Ако излезе на видело дека сум во право, Бог да му е на помош на Груевски, неговите ќе му пресудат.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Едно ќе ти кажам. Ако излезе на видело дека сум во право, Бог да му е на помош на Груевски, неговите ќе му пресудат.
Сега излегоа снимки како Протугер, Јанкуловска и останатите зборуваат за војна и конечна пресметка со Албанци. Предходно зборуваа за убиството во Гостивар. Значи муабетот за војна е негде после Смилковско. Ништо нема Заев за Смилковци, сем иритирање Албанци.
 
Зошто Смилковско, за Куманово јас зборувам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
За Куманово ислушај го Ахмети вчера. Малце подолго е, ама баш се кажа.
Го слушав, но не може баш да се извлечат некои дефинитивни заклучоци. Што ти заклучи од неговото излагање, освен неговиот очигледен напор да покаже дека сеуште има моќ да менаџира вакви ситуации?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Го слушав, но не може баш да се извлечат некои дефинитивни заклучоци. Што ти заклучи од неговото излагање, освен неговиот очигледен напор да покаже дека сеуште има моќ да менаџира вакви ситуации?
Кажа дека УБК имала инфилтриран човек во групата, го кажа и идентитетот на човекот, со тоа што рече дека истиот бил уапсен од нивната воена полиција во 2001ва. Кажа дека тој човек и „избега“ на полицијата.

Дополнително, МВР одбила да им направи коридор на терористите и ОБСЕ учествувало во цел процес. Тоа се фактите.

Другото е верување. Кажа дека не верува дека оваа група се ставила во служба на политичките интереси на Груевски и дека нему не му се јасни мотивите. Дополнително спомена дека треба да се испитаат и врски со соседни држави исто колку врски со Груевски.

Едно е сигурно, Ахмети ќе ја дознае и таа заднина и ќе ја соопшти на јавноста.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.132
Поени од реакции
64.626
Ова е таа шизофренија што систематски се шири:

Ахмети ни кажа нешто уште пошокантно – набрзо по почетокот на борбите, претставник на групата му се јавил и од него барал коридор групата безбедно да го напушти Куманово! Зошто тоа не било дозволено? Ќе немало жртви, или барем не толку. Ако им било до борба, ќе се бореле после во некоја ливада. Али Ахмети вели дека не можел да им даде беса, бидејќи се сомневал дека ќе бидат убиени. Но, зошто „институициите“ не прифатиле драмата да заврши мирно, без или со минимални жртви?

http://plusinfo.mk/vest/25940/ahmeti-gi-nateral-teroristite-da-se-predadat-sega-go-tera-i-zaev-da-se-predade
На 3 убиени полицајци, да им прават коридор? А извини вака, ама ти улав ли си???
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
На 3 убиени полицајци, да им прават коридор? А извини вака, ама ти улав ли си???
Тоа Геро прашај го. Јас го цитирав и кажав дека е шизофрено. Јас не се согласувам дека е улав, мислам дека сосила глуми улав.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Едно е сигурно, Ахмети ќе ја дознае и таа заднина и ќе ја соопшти на јавноста.
Сериозно мислиш дека Ахмети би и соопштил на јавноста ако се испостави дека Груевски има врска со сценариото во Куманово?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Сериозно мислиш дека Ахмети би и соопштил на јавноста ако се испостави дека Груевски има врска со сценариото во Куманово?
Да, заедно со напуштање на Влада и инсистирање истиот да заврши во затвор. Бидејќи во Куманово ДУИ прими куршум, не удар. Ако е од Груевски, тогаш Ахмети ќе биде бесен.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
@Inglourious Basterd
И албанските медиуми не знаат официјално дали овој што избега е шпион,или борец на УЧК..Како што пиша и ти,УЧК во 2001 го уапсиле овој бидејќи се сомневале во него..Кој знае што е вистината.

Стар е човекот ете од снимката,и мене не ми е јасно како може со лисици да им избега на специјалци и тоа на планински терен.

Изјавил дека се борат за држава во држава,налик на Р.Српска.А Ахмети дециден дека не им треба тоа.Ниту главните луѓе од Албанија и Косово не го сакале тоа.Епа кој е тогаш што ги сисна да влезат во градска населба?

А најјако е тоа, што само што започнале со престрелката,се предомислиле и се каеле..Што мислеле тие,вода и шеќерпаре ќе добијат ?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Едно ќе ти кажам. Ако излезе на видело дека сум во право, Бог да му е на помош на Груевски, неговите ќе му пресудат.
А ако излезе дека јас сум во право, тогаш Господ да ни е напомош на сите нас.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
@Inglourious Basterd
И албанските медиуми не знаат официјално дали овој што избега е шпион,или борец на УЧК..Како што пиша и ти,УЧК во 2001 го уапсиле овој бидејќи се сомневале во него..Кој знае што е вистината.

Стар е човекот ете од снимката,и мене не ми е јасно како може со лисици да им избега на специјалци и тоа на планински терен.

Изјавил дека се борат за држава во држава,налик на Р.Српска.А Ахмети дециден дека не им треба тоа.Ниту главните луѓе од Албанија и Косово не го сакале тоа.Епа кој е тогаш што ги сисна да влезат во градска населба?

А најјако е тоа, што само што започнале со престрелката,се предомислиле и се каеле..Што мислеле тие,вода и шеќерпаре ќе добијат ?
Ахмети го кажа тоа. Кажа дека му е чудно како избегал и дека во 2001ва воената полиција на УЧК го уапсила заради „сомневање за предавство“. После тоа кажа дека и УБК да имала инфилтриран човек, тоа било легитимно да го прави како држава. Мене ми се вклопуваат тие работи.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ахмети го кажа тоа. Кажа дека му е чудно како избегал и дека во 2001ва воената полиција на УЧК го уапсила заради „сомневање за предавство“. После тоа кажа дека и УБК да имала инфилтриран човек, тоа било легитимно да го прави како држава. Мене ми се вклопуваат тие работи.
Ама тој се прави сега како борец на УЧК,затоа изгледа нејасно малце.Лице им прави на албанците најверојатно..Ако се дознае дека е шпиyн,куршумот не му бега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom