ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто не ги наградија учесниците во Планинска бура и зошто нема награди за други акции?И тоа беше ВИСОКОРИЗИЧНА АКЦИЈА каде исто имаше доста учесници од другата страна а тоа беше одлично изведена акција без ниедна жртва од наша страна.Секоја чест за тие што беа во акцијата,браво за храброста али ова со премииве мене не ми изгледа ко да е целта да се мотивираат и стимулираат специјалците.
Од месечина се гледа дека е политичко купување на гласови и купување на полицијата...
Логика, да се обештетат на некој начин семејствата на загинатите и повредените тоа е потполно во ред, но некој што држел стража на раскрсница 10 сата на смена и имал само работа да го пренасочува сообраќајот, а впрочем тоа му е работа и сега оп 5000 евра , е купување на истите тие луѓе...
 
со премииве мене не ми изгледа ко да е целта да се мотивираат и стимулираат специјалците.
според тебе специјалците треба да живеат со 500 евра плата и да го ризикуваат животот секојдневно,зошто таква професија одбрале,ако земат повеќе власта ги манипулира да гласаат за нив :cuc:
 
Груевски и Заев, двата како политички покојници е убедливо најдобрата работа што може да му се случи на Македонија во моментов. Нови избори, со техничка влада, со потполно нови некомпромитирани луѓе од двете партии, тоа е она што ни е потребно. Всушност, најпотребно ни е нов народ кој ќе нема сервилен менталитет, ама тоа тешко дека ќе го добиеме.
Не може тој процес да се случи во ист момент. Прво мора да се случи едното, па другото. Најмалку што ни треба во моментов е лидерска криза и развластени институции.
Пласирано ти е така да си ја интерпретираш, затоа тоа значење и го придаваш на крајно небитнава снимка. Мислиш Заев дека знае/л што значи било што од тоа што се дешава? Единственото прашање што му го поставија и го разбра го одговори политички коректно.
Може сеа СДСМовски портали комотно истата слика и видео да го користат за тоа како албанците со знак за мир посакаа зближување на албанскиот и македонскиот народ.
Мене ми е повеќе од јасно како можат сдсмовските портали да ја користат. Ама во државава има луѓе за кои Албанците не се митски суштества, и знаат што значи снимката.
 
според тебе специјалците треба да живеат со 500 евра плата и да го ризикуваат животот секојдневно,зошто таква професија одбрале,ако земат повеќе власта ги манипулира да гласаат за нив :cuc:
И доктор ризикува живот при прием на пациент со опасна заразна болест, па никому ништо. Дел од нив и 20 000 плата имаат.
Не ме сфаќај погрешно, јас сум за обесштетување на специјалците, ама работата си е работа како секоја останата. Ти си ја избрал, ти си ги носиш последиците за истата.

Мене ми е повеќе од јасно како можат сдсмовските портали да ја користат. Ама во државава има луѓе за кои Албанците не се митски суштества, и знаат што значи снимката.


Еве рецимо @Dardan-ia , така?
 
Обично дебилите се пуштаат во првичната фаза, да пуштат змија, да го испитаат теренот и расположението. Не ги чуваат за џабе нив под буџет и со гарантирано место во медиуми.

Kој дел дека Божо го дроби ова истото двесетина година не ти е јасен? Нема ова никаква врска со моменталната ситуација, човекот си живее во тој филм...
 
Од месечина се гледа дека е политичко купување на гласови и купување на полицијата...
Логика, да се обештетат на некој начин семејствата на загинатите и повредените тоа е потполно во ред, но некој што држел стража на раскрсница 10 сата на смена и имал само работа да го пренасочува сообраќајот, а впрочем тоа му е работа и сега оп 5000 евра , е купување на истите тие луѓе...
Малку е чудна математикава ама се надевам дека ќе ја разбереш со тие 5000 евра не се купуваат само гласови на полицајци туку и на други кои немаат врска со полицијата само им даваат нивна подршка и се за нив. Како чин вреди пари буквално :). За разлика од 2001 кога им ги бараа парите назад и куќи со години не се поправаа ова е далеку подобро менаџирање на пост настанот.
 
Еве рецимо @Dardan-ia , така?
Дарданија лажеше ко циган за поздравот вчера. Рецимо Македонци што ја виделе 2001ва, рецимо Македонци што живеат со Албанци, рецимо Македонци кои ги гледале протестите за Монструм.
A098ED5E-B95C-4D49-AAB8-AA31272D0000_cx0_cy3_cw100_mw1024_s_n_r1.jpg
 
Сите кои го бранат Грујо се идиоти.
Сите кои сакаат да го видат Зајко или кој и да било од ес-де-ес на власт се идиоти.
До кое дереџе дојдовте, стварно не заслужуваме да имаме држава.
 
Дарданија лажеше ко циган за поздравот вчера. Рецимо Македонци што ја виделе 2001ва, рецимо Македонци што живеат со Албанци, рецимо Македонци кои ги гледале протестите за Монструм.
A098ED5E-B95C-4D49-AAB8-AA31272D0000_cx0_cy3_cw100_mw1024_s_n_r1.jpg
Или посетувале основно школо, или се сликале за твитер, инстаграм, или фејсбук, или се курвава :
images

Или сите хипици кој повикуваа на мир со истиот знак.
Рецимо.
Ќе бараме влакно во јајце, нема проблем.
 
И доктор ризикува живот при прием на пациент со опасна заразна болест, па никому ништо. Дел од нив и 20 000 плата имаат.
Не ме сфаќај погрешно, јас сум за обесштетување на специјалците, ама работата си е работа како секоја останата. Ти си ја избрал, ти си ги носиш последиците за истата.

затоа докторите се разбегаа по приватните клиники каде земаат барем 3-4 пати поголеми плати од јавното здравство.........имаме одлив на војници од специјалните единици години наназад, сега работат за странци во нивни формации поради недоволните примања кај нас,дали истото сакаш да продолжи и државата да ја бранат регрути со неискуство или луѓе во кои е вложено и имаат повеќе годишно искуство во вакви ситуации

паричната награда можеше да биде и поголема,борбата за татковината нема цена
 
Не може тој процес да се случи во ист момент. Прво мора да се случи едното, па другото. Најмалку што ни треба во моментов е лидерска криза и развластени институции.

Знаеш, кога во САД претседателот дава заклетва вели дека ...I will faithfully execute the office...
Тоа е муабетот, инстутуциите треба да функционираат, без разлика кој е во нив. Институциите треба да бидат послилни од личностите, институциите се незаменливи, личностите можат да заглават во говна.

Па зарем на почетокот од 21 век ќе се давиме во султански менталитети, ќе ствараме народ кој е понизен и кој се плаши од Бог и неговиот намесник на земјата?
 
според тебе специјалците треба да живеат со 500 евра плата и да го ризикуваат животот секојдневно,зошто таква професија одбрале,ако земат повеќе власта ги манипулира да гласаат за нив :cuc:

Рударите си го ризикуваат животот секојдневно,градежниците си го ризикуваат животот секојдневно а и они имаат мизерни плати...
А премииве се уствари зошто имаат мизнерна плата специјалциве?
 
Дај бе се фативте за знакот на Заев со два прста чувај боже
 
Господ да ни ги поживее војниците. Не би жалал пари за нив јас лично.
 
Периодов што следи до најситен детал мора да има истрага за пропустите кои се направени и кои доведоа до смрт на 8 припадници на специјалните сили за безбедност во земјава, акцијата како акција и план можеби бил одличен, тоа никој не треба да го спори и да се сомнева во нивната професионалност, горде сигурно не им го кроела планот, но работата е влечење на една паралела од гошинце до викендов, како успеале да се стационираат таму иако се знаело за нив, иако имало пријави за нив, дали е точно дека со дел од нашето оружје одземено од Гошинце е пукано врз нашите сили, зашто Тигрите кои учествувале во акцијата се убедени дека се фатени во заседа по претходно протекување на информации до терористите ( инфо од прва рака од Гостивар после погребот на Ненад, не шпекулација ), револтот кај нив во моментов е преголем, зашто е дозволен толкав луксуз на движење и менување на локации на оваа криминална група, за да на крај се стационира на вакво комплексно место за војување каде во пакет со тоа, има и преголем број на цивилно население.

Многу прашања има, сега за сега многу малце одговори, ама знаејќи како функционираат работите во Македонија, прашање е колку одговори ќе добиеме и ние и оние директни учесници во оваа битка, како и семејствата на загинатите.

Oва инфо за жал, го добивам од се повеќе и повеќе страни...
Истото го продискутиравме и со еден член овде.

Абе па кој дел не ти е јасен, ти кажуваат дека цело време ја следеле групата. Што значи тоа дали разбираш? Тоа не значи дека оделе позади нив на 50 метри и гледале што права, ги следеле дојавите, биле сконцентрурани на такви дојави и слично. Сигурно е дека не дознале во момент дека има група таму и одма нападнале.[DOUBLEPOST=1431409942][/DOUBLEPOST]
Што е бе идиот, се подсмеваш на тие што го дадоа животот во борба против терористите. Ајде следно што ќе биде? Ќе барате пари за фамилиите на загинатите терористи? Или протести за полициската бруталност во Кумановската акција ?

А бе ти разбираш дека зборев за месното население, а не за полицијата? Зашто ми одговараш со нешто што нема врска со тоа што го пишав?
Прочитај, пред да цитираш со, а бе, упади...

5000-10000 евра за учесниците во акцијата?Годишна и повеќе плата за нешто што се смета како дел од редовното работење на овие лица?Јас разбирам дека тие лица имаа голема опасност по нивните животи и голем ризик за тешки повреди али тие лица никој ги нема натерано на сила да ја изберат оваа професија.Нека бидат наградени со една или две месечни плати али 5000 и 10000 евра?Мајка ми за тоа што работи 20 години веќе во МВР не и беше ништо дадено.Немам ништо против исплатите за семејствата на починатите и за тешко повредените па и за учесниците општо али ова е преголема награда за нешто што се смета како дел од редовното работење и ова ми е класично купување на гласови.Нашиве поголеми платеници да не испаднат од платениците што беа на другата страна.

Колку и да е жално, му лупнаа цена на човечкиот живот во Македонија. И тоа, преефтина, ако ме прашаш мене. Барем јас така го гледам тоа. А кога веќе на едни дадоа пари, ке мора и на сите останати. Ова се 10 пати подобро потрошени пари од Тркала, Врби, споменици и мал милион други глупости на кои потрошија пари мороните у влада.
Не знам за какво купување гласови збориш, кога 80% од оние што учестуваа во Куманово, сакаат да ја запалат Јанкуловска жива што им процуриле информации.
Со кој и џандар да направев муабет, чак и со овие ранетите, сите викаат, батали ме мене што сум 36 саата буден и неизбањат, колегите што отидоа :(... морници ми идат кога го пишувам ова, зашто не знаев дека џандариве имаат таква несебичност и колку им се битни колегите. Можеби ради тоа што имам огромни предрасуди за истите.

Тие луѓе веќе никогаш нема да бидат истите. Каков и тренинг да си поминал, не постои тренинг за убивање на друго човечко битие. Погледни ги само куќите, и ке ти стане јасно што се дешавало горе.

Пак ке кажам, немам никаков проблем се исплативе, едино за овие загинатите, сумата е пресмешна. Би им дал по најмалку 500.000Е на секое семејство.

Зашто, на крајот на денот, запрашајте се, дали би сакале да изгубите брат или сестра за трособен стан во Скопје?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom