Симболизира, ама тоа не е симбол на учк, и апсурдно е да се поистоветува тоа, со ова на Заев во Куманово, како тој поздравил со официјалниот симбол на учк ?!?!, а и самата потреба да спинуваат со вакви лешинарски работи е доволен показател за какви луѓе станува збор, во ваква ситуација да билдаат омраза кај македонското население, едни помеѓу други, зашто може кај мене и тебе тоа нема да запали, ама има доволно глупави луѓе кои веруваат во ова, ко и во гринч и еднорозите.
Осетливи се овие работи, не е ова било што.
Прави разлика дека мене ми реплицираш, а јас никаде досега не зборував овој гест за Заев.
Најпосле јас НЕ го прашав Дарданот дали поздравот е симбол на УЧК, јас го прашав дали кај Албанците тој гест, симболизира „победа“? (над нас Македонците, и над Србите во војната во 2001ва па наваму)
Е сега ако веќе сакаш да ја анализираме ситуацијата (а сакаш, иначе не би ме цитирал), мое мислење е дека ова е гаф на ЗЗ.
Не велам дека гестот треба да се толкува како „да живее УЧК“ - ама дефинитивно е прилично непромислен глуп избор за гест, од некој што знае дека другата страна едвај чека вакви ретард моменети, за да ги извади од контекст - иако не сосема, пошто симболиката на поздравот е општо позната за сите, освен за тие од креавите како во Струмица каде немаат Албанци да им се церекаат заедно додека отопоздравуваат со двата прста. Лешинарски потез? Да, ама некој прво треба да направи глупост и да им даде материјал... а зајко дефинитивно го бива за тоа (ако не за друго).
Најпосле се работа на конвенција, во некои држави - за
некои гестови се досудуваат заебани казни. Just sayin...
edit:
За мене ова е само уште еден показател за непромисленоста на човеков (во мноштвото други, посериозни), уште еден минус кој го става на дното на листата на опции за кои би гласал - кога на следните избори ќе гласам за промена на сегашнава гарнитура што е на власт (не дека некогаш сум гласал за нив).