Има излезено нова книга за Нострадамус и неговите предвидувања,книгата се вика Кодот на Нострадамус од др Мајкл Ратфорд( трета светска војна) и предвидувањата се некаде до 2012 а не таму некој подоле до 3050 или незнам што,дезинформации еве ви одприлика за што се работи а за подетално прочитајте ја книгата доколку имате желба и време,поздрав
Неодамна е пронајден еден со векови изгубен манускрипт од славниот претскажувач Нострадамус.
Со дешифрирањето на манускриптот се дошло до заклучок дека во него се предвидени настани што ќе се случат од 2007 до 2012 година.
Настаните не носат ништо добро, впрочем, предвидуваат почеток на залезот на западната цивилизација, пропаст на Медитеранот, а се споменува и Трета светска војна.
Нострадамус, поради агресивната Шпанска инквизиција, морал да ги шифрира своите предвидувања, но тие сега се дешифрирани од д-р Мајкл Ратфорд (Michael Rathford), кој ги објави во книгата „Кодот од Ностадамус: Трета светска војна“.
Така Нострадамус, како главен протагонист во следната „мрачна ера“ истакнува „млада темна личност“, која за Ретфорд е никој друг, туку Осама бин Ладен, а во периодот од 2007 до 2012 се споменува голем терористички напад на САД, нуклеарна трагедија во Рим и голем судир на Америка со Иран и Северна Кореја.
Според Ратфорд, Нострадамус предвидел дека сите големи судири ќе се вртат воглавно околу нуклеарно оружје и тоа најмногу на Медитеранот (блазе си ни). Една атомска бомба, наместо на копно ќе падне в море и ќе го уништи целиот подводен свет во Средоземното море.
Според неговите тврдења, наскоро Италија и Франција скоро во целост ќе бидат уништени, а на пат е и засега непозната комета која на Земјата ќе предизвика бројни природни катастрофи – ерупции на вулкани, поплави, земјотреси и суши.
Подобра судбина нема да ја снајде ни земјата која го „роди“ сега веќе славниот Џорџ Буш. Освен природни катастрофи, Нострадамус „за нив има“ и граѓански војни, политички конфликти, очај и нагла сиромаштија. Другите големи народи ќе праќаат помош во САД, но според пророкот - неуспешно.
Ќе има проблеми и околу изборите за американски претседател, а светот наводно ќе сфати дека таа земја пропагира лажна демократија. Следните пет години ќе бидат погубни воглавно за развиените западни цивилизации, тврди Нострадамус.
Меѓународен инцидент ќе биде предизвикан од воена симулација, која според најпознатиот предвидувач, ќе биде програмирана од Велика Британија. Информатичката грешка ќе активира бомби кои ќе експлодираат по целиот свет и ќе убие скоро милион луѓе.
Како заклучок, ако му се верува на Нострадамус, односно на д-р Мајкл Ратфорд, пред нас е тежок период и негативни тензии. Книгата „Кодот од Нострадамус“ не нуди ниедна позитивна информација, дури ни „новиот светски поредок“, кој наводно не очекува во почетокот на 2011 година, нема да ја промени ситуацијата.
Д-р Мајкл Ратфорд ги проучува катрените од Нострадамус уште од 1975 година. Неговата книга набрзо стана бестселер. Со комбинација од традиционални аналитички техники и со „ state of the art data mining algorithms“ (принцип на проверка), тој е способен еквивалентно да го истражи целокупниот материјал од една конгресна библиотека за помалку од десет минути.
Со овие квалитети, тој е способен да направи значајни откритија чиј резултат е книгата Кодот од Нострадамус.