Размислував сега скоро на истата тема и решив да направам две листи, едната Wishlist (за работите кои сакам да ги постигнам до крајот на оваа година) и Dreamlist (за работите кои сакам да ги постигнам општо во животот).
Арно ама,не ги довршив ни двете. Ама и тоа ќе се среди наскоро
Како и да е, што и да правам,сакам да почнам да го вложувам максимумот од себе за да постигнам успех и да бидам целосно задоволна и покрај тоа што не осеќам инспирација и енергија за тоа. Моите Њу Иар’с резолушнс не се ништо посебно, и не прават некој радикален преокрет во мојот живот,али сметам дека сепак би ме направиле посреќна и поисполнета од сега.
Да ослабам едно 10-15 кг. и да прекинам да јадам ко гојдо.
Да го поправам глупиот кец математика.
Орелски крилја да си метнех и на Запад тро да одлетнех.
Да се доврши веќе еднаш со тоа реновирањето и да се преселам.
Да се најди некој будала и мене шо ќе ме трпи.
За прв пат во животот да имам добар провод за Нова Година.
etc. etc. etc. :icon_bigg