Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Значи Аце ќе биде 29-30 метри висок, а овој на Џингис Кан во Монголија е 50 метри :icon_eek:

745211_f520.jpg

Извор
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.787
Поени од реакции
4.441
И пак човекот 5 пати помал од коњот! Али ај, најверојатно на некој чуден начин, ќе се вклопи спомеников.
јас мислам дека е доволно складен, незнам ти дали си застанал до голем (струмички) коњ :vozbud: мислам дека се е во ред со складноста, ако беше помал коњот ќе беше ко да јава пони:smir:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Обложен е со челик инаку не е класичен споменик-изработен од бронза.
Сакаш да кажеш дека Аце ќе биде највисок споменик направен од бронза? :icon_eek:
Иначе јас чисто само за висината зборев :wink:
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Кога вака човек ќе ги разгледа скулптуриве поставени по плоштад мислам дека прво прашање што ќе си го постави е - ШТО УЧАТ ВАЈАРИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ за ликовна уметност???

Ако има некој вајар на форумов би го замолил да одговори - Дали имаат предмет СТАТИКА и ПРОПОРЦИИ и колку се квалитетени професорите што им предавале?

Предходно пишував за трупчето кај Ченто кое е вметнато од немајкаде за да стои статуата и нема никаква друга намена ни симболика (тие што не и веруваат нека го прегледаат клипот за Скопје - 2014 и нека стопираат на 2,04 ќе видат дека не постои трупчето) И со тоа и така лошо поставениот, ептен непропорционален (мала глава во однос на гломазно тело) и недовршен Ченто е дополнително огрден.

Откако ја видов сликата од Ацета дополнителен шок. На човек просто да не му се верува како е можно да се одобри такво нешто. Може ли некој да ми ја објасни опашката на коњот???

Јас разбирам дека скулптурата е голема и треба да е стабилна и цврсто поставена, ама па до толку да ја нарушиш природноста на изгледот на сметка на статиката, ми е некако неприфатливо.
Ако не си способен, немаш природен талент, да можеш тоа што визуелно како уметник (вајар) си го замислил да изгледа и притоа да претпоставиш како тоа реално ќе се изработи од предвидениот материјал и каква стабилност ќе има, воопшто не се кажувај дека си вајар, а не пак да се нафаќаш да изработуваш вакви големи скулптури. Спомениците (а и некои други преценети градби) ни испаднаа по онаа народната „брза кучка слепи кучиња раѓа“ . Изборот на вајарите и нивните дела е според мене набрзина направен и она што им изгледало добро на хартија се покажува како доста проблематично во реалноста.
Не се виновни ни вајарите ни архитектите, виновни се тие што ги одобриле (комисии ли биле што ли биле незнам) без посериозна анализа и консултации со искусни стручни лица од повеќе области.

Мене еве да речам не ми смета големината на Аце, ако е голем. Ќе биде проблем за гледање (треба доволна дистанца :) ) ама мислам дека може да стане препознатлив симбол за Скопје. Ми пречи аматеризмот со кој што се пристапува кон се во Македонија. Тотално непознати и НЕИСКУСНИ добиле гратис премија да створат нешто кое што ќе трае да речеме со децении и векови. Па како да не се разочара човек кога ќе се испорачаат решенија со вакви маани. Колку и да е човек со отворено срце и да сака да види нешто ново изградено и поставено, кога на секој чекор наидува на дипропорционалност и естетска непривлечност, логичен зклучок е дека некој тука сериозно ја утнал работата или му се измешале картите во главата па се дозволило ова.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.724
Поени од реакции
18.258
Новите споменици [video]http://www.time.mk/read/e67976f314/c3eee3b188/index.html[/video]
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Колку што успеав да видам на телвизија, новиве скулптури се едни од поубавите што ги ставија.
Прашање: пред собрание треба да биде Карев? Карши собрание (Жена парк) што ќе има? Колку што памтам од видеото за проектот, фонтана со кружно поставени мермерни столбови, обелиск со птица на врвот или јас сум помешал штипките...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Прашање: пред собрание треба да биде Карев?
Според визуелизацијата да. Иако пријатно би бил изненаден доколу наместо една скулптура централно постават две странично.

Карши собрание (Жена парк) што ќе има?
Споменик на паднатите херои за Македонија, споменик на основачите на ВМРО, споменик Президиум на АСНОМ.

Колку што памтам од видеото за проектот, фонтана со кружно поставени мермерни столбови, обелиск со птица на врвот или јас сум помешал штипките...
Тоа што го опишуваш е споменикот на паднатите херои за Македонија, а птицата е всушност крилата жена (Ника), односно персонификација (божица) на победата.
 
C

Count Dooku

Гостин
Се се,али портата и ненормалната големина на споменикот на Александар не можам да ги сфатам.Друго,јасно е дека треба да се разубавува градот и да се ставаат споменици на видни личности од историјата,но мислам дека подобро би било да бидат распоредени низ еден подолг период,а не вака да бидат "штанцани" како од фабрика. Уметноста не е еднаква на фабричко производство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom