Еве што изјави пред само неполни две години нашиот премиер во врска со здравственото осигурување. Цитат од Капитал:
*БЕСПЛАТНО* ЗДРАВСТВО ЗА СИТЕ..... (18,09,2009 Капитал)
Сите граѓани кои досега немале право на здравствено осигурување, со поедноставувањето на Правилникот за измени на Законот, можат да го остварат своето право со доставување фотокопија од лична карта, здравствена легитимација, потврда од УЈП и извод од матична книга на родените, до подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување.
Премиерот Никола Груевски, на промоцијата на измените на Правилникот за концептот „Бесплатно здравство за сите граѓани“, истакна дека со упростување на постапката, бројот на лица кои го остваруваат правото на здравствено осигурување, значително ќе се зголеми. „Со овој Закон, секој граѓанин, и оние кои немаат постојано место на живеење или се постари од 62, односно 64 години, и немаат остварено право на пензија, како и други категории кои со досегашните закони немаа право на сини картони, со измените кои стапија на сила пред неколку месеци го имаат тоа право“, изјави Груевски.
извор:
http://www.time.mk/read/0fc3c680a4/32b62b0cd6/index.html
ме интересира нешто, дали гореспоменатиот кога го *онаквуе* народецов ужива?
Windfucker..... оној што рента стан или оној што зема дивидента, камата.... тие логично е платат данок на добивка за тоа, а не да се бара од нив придонес за здравствено осигурување. Нема логика или законска основа да ги дискриминираш во однос на здравственото осигурување споредбено со оној што нема стан за рентање, акции или штеден влог.... А инаку, оној што има стан-станови, истите неможе (освен да ги продаде) да ги изнесе вон државава.... меѓутоа сигурен сум дека со ваков закон многу пари ќе се одлеат од државава во некоја друга, на пример во Бугарија. Таму државата гарантира влогови до 50,000 Евра, банките се воглавно странски и посигурни од нашиве.... а Богами и камати подобри даваат од нашиве.... Јас сум се посигурен дека ќе го направам тоа. Како работата ми виси, лесно може да се случи да станам од оние кои ќе треба да си го плаќаат лекувањето.... затоа велам парите во Болгаро Америчка банка или во Токуда Банк (Јапонска) .... па нека ме гонат кривично за тоа што како жител на РМ немам право да отворам сметки во други држави. Ќе докажат за сметката на пич.... ден - тоа прва работа, а втора, ова ќе биде првиот закон што ке мора да го свиткаат у фишек и стават у г. ако станеме членка на унијата..... а за да ми ја видат трансакциската сметка оваа домашната полна со појке од 11 или 15,000 месечно ќе мора да ми брцнат у лев џеб и тоа не требе многу длабоко - дал Господ.... Само се плашам да не го направат повеќето штедачи истото - да ги пренасочат депозитите, а неминовно следува такво нешто, бидејки ако морат данок на добивка (кој следува) да платат, еве сега и за плави картони, а како и каматите драстично се намалива, ќе им остане од трите подолгото!..... И да речеме само 20 или 30% постапат на тој начин и ги пренасочат депозитите , тоа би значело одлив на близу милијарда Евра..... во тој сл. ни ојде државава у материну! А некои велат дека и онака ќе ојде.... Ееееј кои идиоти ја водат државава!? За да добијат во здравството 5-6-10 милиони Евра (прашање и толку дали) ризикуваат милијарда.... Еве линк за банките во БГ.... супер камати за депозити во Евра! 7%! Овдека некои Банки и за депозити во Денари не даваат толку:
http://www.moitepari.bg/Depoziti /Depoziti_Result.aspx?s=QlpoNDFBWSZTWUW%40uZAAAA7%2fgEAAAAPAAHwQPiBdQC4r3iAgAEiKbUZMR6gPUNDagNA1T0nqA0AGIyNA9RcHNz0Mmlk%40Z1oPESVFPfliN8%40AGrZmrAGFEDkne8kFcejpEVY9p4gcYnITEgK9Fko9bMvxdyRThQkEW%40uZAA%3d%3d