- Член од
- 16 септември 2007
- Мислења
- 1.486
- Поени од реакции
- 338
Од денеска, невработените ќе треба да пополнат изјава за приходите кои ги оствариле минатата година.
Врз основа на таа изјава се утврдува правото од први септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе треба да плаќаат за нив. Дали невработените ќе си го плаќаат здравственото осигурување, ќе зависи од сумата на парите кои претходната година легнале на трансакциските сметки на членовите во семејството.
Во наредните два месеци овие изјави , невработените ќе ги пополнуваат во бироата за вработување каде што живеат и се пријавуваат.
Приходите кои не треба да се пријавуваат се: социјална помош, надоместок за телесно оштетување, награди, стипендии и кредити за ученици и студенти. Детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток, алиментации, надоместок во случај на смрт и надоместок по основ на невработеност како и приходи добиени од волонтерска работа./З.М