би ме примил мене во твојоата фирма само затоа што има 25 % Македонци у твое маало..а ја неписмен корав и куцам не едната нога...???
Македонцки грешно прашање на грешен човек поставуваш.
Добро бе бива ли да сте толку скоро сите лимон табиети, ќе се фатите за еден пост и наместо да го прочитате двапати и да се обидете разберете да не сакал авторот да каже нешто друго вие веднаш ја земате интерпретацијата која тера накај карачка и се нафаќате да ја развиете карачката. Ај АВС разбирам дека со доста негови постови во основа буцка, ама тоа нему му е приордно бидејќи е прилепчанец а прилепчани се скоро сите буцкала, ама тоа не треба да им се зема зло секогаш.
Што зборуваш бе и кој стап си дозволуваш да оцениш една цела нација колку квалитетни кадри има во проценти? Шупелка ниедна.
Принц полека јас мислам дека не го разбра добро што сакаше да каже АВС. Имено тие 10 до 18% што ги спомна АВС не станува збор за само способни кадри од албанците, туку станува забор за способни кадри од алабанците кои се спремни да ја трошат својата професионалност и кадарност за едно административно работно место со нешто малку надпросечна плата за нашата држава.
И од таа преспектива е и до некаде во право.
Инаку еве ја како гледам на проблемот.
Јас немам ништо против да етничкиот состав на администрацијата горе долу да го одсликува етничкиот состав на целото население, сепак тоа би било некое логично статистичко распределување.
НО начинот на кој тоа се спроведува и како политички е поставено да се спорведува е ТОТАЛНО погрешно, на еден брутално груб и недоделкан начин. Притоа се прават неколку капитални грешки каде целата држава вклучително и целото население без разлика на етничка припадност страдаат. Прва и основно капитална грешка е тоа што набрзина и масовно се вработиваат администравци во и така гломазната и трома администрација. Второ и основно се вработува набрзина многу неквалитетен кадар (и ова е пред се не толку поради лошто образование на една етничка група туку повеќе ради вработување по партиски клуч) кој и згора на тоа што ја зглемува и ја прави уште погломазна и потрома администрацијата ја прави уште толку некомпетентна.
И ова се резултира со големо уназадување на целата држава и силно порешување на нејзиниот развој бидејќи прагматичноста и развојот и промените во државата директно зависат од флексибилноста и компетентноста на нејзината администрација.
Најтрагично е тоа што голем дел од населението е очигледно премногу слепо за да го види ова бидејќи слепо им верува на партиите (ова посебно се однсеува за партиите од албанскиот блок) дека тие со тоа паритско вработување демек се бори за нивните права кога всушност само и штети на развојот на државата и им го попречува развојот на сите полиња точно на своите симпатизери и членови.
И не рипајте сличниот проблем е и со македонскиот блок партии само што овие не ги лажат членовите со борење за нивните права туку со тоа дека ќе го намалат бројот на невработени.
Според мене „реконструкцијата„ на етничкиот состав на админстрацијата не треба да се прави на краткорочни или средносорчни кои се и истовремено тотално контрапродуктивни начини туку треба да се спроведе на долгорочен план. А тоа би се постигналосо тоа што наместо да се вработуваат наеднаш многу, еве во случајов албанци, кои сеуште не создле доволно голема база за квалитетен кадар спремен за административна работа. Полека ќе се намалува бројот и рационализира брајот на административци и во момнетот кога ќе се ослободи место кое мора сепак да добие наследник односно кое не е одвишно според рационализацијата, тогаш на тоа едно место нека се вработи еден припадник од другите етнички групи, кој ќе биде доволно добро квалификуван. На овој начин ќе се создаде и време да се создаде доволно голема база на доволно образовани припаднци на другите групи кои се спремни да идат во администрација и башка нема да и се штети на развојот на државата преку тоа што ќе се создава помала пофлексибилна и покомпетентна администрација.
АМА пуста таа партија мозокот им го има испиено на народот без ралзика на етничка припадност.