Нови возила за македонската полиција

JerryMK

Sexy Girls in your town for night
Член од
5 мај 2009
Мислења
259
Поени од реакции
12
Mislev deka ke bidat skoda octavia ali ete stom e yeti vo igra togas ke odberat yeti , i prethodno imat odbirano skodi
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Стварно онака крај памет не ми беше дека Јети би земале o_O зоштооо не окативја ... како и да е од овие две Јетито ... крајслерот е стварно трошок со тие пари за бензин ќе купеа спејсшатл до сега
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јетиво е поубаво од Сеатот. А што ќе им фалеше да земеа Пежо 207, 1.4 HDI или Јета 2.0 TDI. Штедат на автомобили од кои корист ќе имаме сите а поставуваат ограда од милион евра. Леле Македонијо :facepalm:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
100 кец појачан и проширен - тоа му е мајката......на плин - НЕАТЕСТИРАН

време е Горданка да набави и пастуви на полицијата,да научат да јаваат,доста се троши на ресурси веќе
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.901
Поени од реакции
722
Јетиво е поубаво од Сеатот. А што ќе им фалеше да земеа Пежо 207, 1.4 HDI или Јета 2.0 TDI. Штедат на автомобили од кои корист ќе имаме сите а поставуваат ограда од милион евра. Леле Македонијо :facepalm:
Jetta-та е многу скапа кола бе,разгледај ја по ценовници иначе можеле Октавии и онака се помали и попрактични од Јетито.Ама помегу Сеат и Шкода би ја одбрале Шкодата затоа што е поефтина а и не се нешто којзнае колку скапи за одржување за разлика од Сеат што мислам дека имаат најскап сервис и работна рака.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Еве еден подфорум кај што се дискутира за европски полициски возила, со слики и видеа. http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=537772

Предлагам новите возила да бидат осветени, како што тоа се прави во Бугарија.
Можно е така да траат повеќе :D

Ќе треба на 25% Оџа да им даде благослов
--- надополнето: 10 мај 2012 во 09:24 ---
Ова е најисплатливо решение, замисли на двоспратните може по двајца... се другото е поголем трошок. Тука треба само тендер за појачани бришачи на градскиве автобуси.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
11
Jas mislam stom se resile za vozila od grupacijata na VW da zemat Skoda Octavia Scout 4x4 koja e so malku povisoko podvozje od obicnata octavia i e slicna so audi allroad http://www.google.com/search?tbm=isch&hl=en&source=hp&biw=1600&bih=704&q=skoda octavia scout&gbv=2&oq=skoda octavia sco&aq=0&aqi=g4g-S6&aql=&gs_l=img.3.0.0l4j0i24l6.690.4963.0.5982.17.10.0.7.7.0.227.1205.3j6j1.10.0...0.0.tXlgGj1YGZo
--- надополнето: 10 мај 2012 во 09:42 ---
eve i slika od scoutot http://www.v10.pl/archiwum/4x4/4x4_new/aktualnosci/skoda/octavia_scout_topr/skoda_octavia_scout_topr_02.jpg :icon_lol:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А со старите што ќе прават, како ќе се ослободат од нив и дали уште ќе им бидат во служба?
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Овие пак се глупират, се знае седан се зима за полициска кола, ако им е за џип нека си земат тојота хилукс и готово.
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
шкодата е попаметен избор.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Како инаку ќе го дерат народот? Нормално дека преку тендери.
Крајслерите и не се толку стари.
Krajsrelite uste koga gi naracaa bea greska. I skroz novi da se nivnata zamena ke se rentira za nekolku godini so ogled na toa deka se raboti za vozila koi se mnogu skapi za odrzuvanje i eksploatacija.
Sto se odnesuva do segasniot izbor isto taka ne sum zadovolen i spored mene za nasi uslovi najdobar izbror bi bil Golfot, Oktavijata, Leonot, Fokusot ili Astrata (moj izbor bi bil Octavijata). Ona sto e dobro vo celata prikaska e faktot deka sepak dvete ponudeni resenija se so VolksWagen tehnologija sto na nekoj nacin garantira za nivniot kvalitet i relativno lesnoto i navremeno odrzuvanja.
No ona sto ostava somnez e izborot na modeli koi se mnogu poretki i koi potesko se prodavaat.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Што ќе вози македонската полиција?

Мошне актуелно е деновите по отворањето на понудите за доделување договор за јавни набавки од Министерството за внатрешни работи за нови 150 возила. Свои понуди доставиле само два импортери во државава, Порше Мекедонија, за Škoda Yeti 2.0 TDi 4x4 и Ка-Дис за Seat Altea Freetrack 2.0 CR4WD.

Коj ќе ги замени американските дотраени и амортизирани модели од Chrysler останува да видиме, бидејќи допрва претстојат оние завршните анализи и мислења од експертите, како од полето на автомобилската сфера, така и од економската, бидејќи едно од основните прашања е секако, колку сето тоа ќе чини.
- Наредниот период ќе следува анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали тие во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку се потврди тоа, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена - велат од МВР.

Според тендерската спецификација, возилата треба да бидат со дизел-мотор, со зафатнина од 1.900 до 2.300 кубни сантиметри и моќност на моторот од 110 до 140 киловати. Во крајната цена треба да биде вклучена и специфичната опрема на возилата.
На почетокот мошне интересно е да се истакне дека и двете компании, поточно двата бренда во оваа битка, се дел од Концернот Volkswagen. И двете возила кои се актуелни во понудата, според динамиката и структурата се слични, користат соодветни технологии и технички решенија, но поради конфигурацијата и поставеноста на возилата, сепак тие се и многу различни.

Seat Altea Freetrack 2.0 CR4WD
Freetrack е надграден врз темелите на Alteа, моноволуменско возило нecнесомнено еден од најбараните и најоригиналните модели на шпанскиот Seat. Поточно на продолжената верзија означена како XL. Должината на возилото е непроменета и изнесува близу 4,5 метри (4.493 mm), како и широчината 1,8 метри (1.788 mm), со меѓуоскино растојание од 2.576 mm, но затоа Altea Freetrack и има 40 милиметри поголема одалеченот од подлогата и е повисока за 185 милиметри од моделот XL, што секако е битен фактор за обезбедување на подобри off-road перформанси. Што се однесува до дизајнот вреди да се истакне дека се одело на тоа да не се направат премногу модификации во однос на она ремек дело за кое многумина сметаат дека е вистински бисер, стандардната везија на Altea, творба на великанот Валтер да Силва, сега прв човек на одделот за дизајн во Концернот. Однадвор се разликува по робусните странични заштитници и специфични пластични браници кои не се во боја на каросеријата, не само поради поагресивниот и подинамичен стајлинг, туку и од практични причини. Токму поради ова има посебна заштита на праговите и калниците, како и на двојниот крај на издувните цевки, светлата за магла и кровните носачи. Специјално за Alteа Freetrack дизајнирани се 17-инчни фелни. Во внатрешноста Altea Freetrack ги задржува сите позитивни страни на стандардната Alteа XL, поточно голема пространост, функционалност и флексибилност. Напред доминира инструменталната табла и мошне прегледната средишна конзола. Патниците позади имаат доволно место, а седиштата може да се регулираат за 160 mm по должина, овозможувајќи на тој начин различни комбинации со големината на багажникот(490 литри).
Што се однесува до понудениот мотор, станува збор за проверениот агрегат на Концернот, што според бројките е најбараниот и најпродаваниот, кога станува збор за дизелската понуда. Овој 2,0 литарски TDI агрегат е со технологија од последната генерација на common rail, располага и со DPF филтер за честички и има максимален вртежен момент од 350 Nm при 1.800 вртежи/минута. Вака екипираната Altea Freetrack постигнува максимална брзина од 204 km/h, а до 100 km/h забрзува за 8,7 секунди. Што се однесува до потрошувачката во комбиниран режим на работа троши до 6,0 l/100 km, а емисијата на CO2 e 159 g/km.
При управувањето не се чуствуваат димензиите и тежината на возилото (1.540 килограми). Благодарејќи на одличното подвозје и потпирање Altea Freetrack може прилично брзо да се вози. На асфалт има одлични забрзуваења и се карактеризира со врвен комфор, иако поради теренските потреби потпирањето е малку покруто. Во нормални услови на возење интегралниот погон ги задвижува само предните тркала, а во случај на потреба Haldex спојката ја префрлува и до 50 % сила и на задната оска. Одалеченоста од подлогата од 310 mm, аглите на пристап и тргнување, како и аголот на преминување преку препреки му даваат особини на вистински теренец.

Škoda Yeti 2.0 TDi 4x4
Yeti во естетски стил е надградба врз пространиот Roomster. Но, сосема разбирливо, со префинет дизајнерски зафат направен е модел кој просечниот семеен автомобил го претворил во атрактивен SUV претставник со универзални способности. За Yeti едноставно употребена е најоптималната формула, бидејќи овој специјалитет долго време се „крчкаше“ (четири години), од концепт до сериски автомобил, во германската и чешката кујна.
Што се однесува до димензиите ова е сепак компактен автомобил со должина од околу 4,2 метри и широчина 1.793 и височина 1.691 mm. На предниот дел доминираат големи светла каде се имплементирани оние помалите за магла. Маската е со препознатлив Шкодин трендовски дизајнрески пристап, каде доминира новото лого. Гледано од страна очигледно е повисокото подвозје во чии агли се сместени тркала од 17 цола, а робусниот изглед го даваат калниците и повисокиот заден дел каде доминираат одново големи оригинални задни светла и петтата врата.
И во ентериерот продолжува трендовската Шкодина приказна, со препознатливи детали од групата каде овој бренд припаѓа. Уредувањето е очекувано со сите потребни детали, одлична прегледност на инструменталната табла, со многу елементи на средната конзола и се разбира добар избор на материјали. Предните седишта добро го држат телото и се мошне удобни, што е многу близу до класичните автомобили, а не теренците. Позади, она што е и важно за ваков облик на возила има повеќе од солидна пространост. Седиштата се со Varioflex систем и може да се направи комбинација со три и со две места за седење, во зависност од потребите. Во багажникот ќе се најде доволно место- 413 литри. Реално, кога се ќе се земе во предвид Yeti, благодарејќи на добро смислената модуларна внатрешност, нуди многу простор за возило со меѓуоскино растојание од 2.578 mm.
Перформансите на дизелскиот 2,0 литарски TDI мотор се исти како во Freetrack-от(и двата потекнуваат од VW) и овде нуди солидни вредности, како да не станува збор за каросерија со скромна аеродинамичност и возило тешко околу 1,5 тони. За ова сведочат и бројките, автомобилот забрзува до стотка за 8,4 секунди, а максималната брзина е 201 km/h. И во најекстремни градски метежи и посебни режими на работа, на отворен пат или надвор од патеката потрошувачката изнесува во просек околу 6 литри и емисија на CO2 155 g/km.
Yeti ја истакнува својата управливост и постојаност и во поекстремни ситуации, а свиоците ги „голта“ без проблем и добро ги „впива“ сите нерамнини пред се поради високиот клиренс (180 mm). Погонот на сите четири тркала е решен преку Haldex-спојка од четвртата генерација, која се контролира електрохидраулички. Спојката во ниту еден момент не создава оптоварување на погонот или менувачот. При добри услови (сува подлога) 96% од моментот се пренесува на предните тркала, а доколку ситуацијата налага, електронското управување може да префрли и до 90% позади. Автоматската блокада на диференцијалот спречува задното тркало со помал допир со подлогата да пролизга. Тоа значи Yeti лесно совладува препреки и терени, а со помош на електронијата управувањето со возилото е без поголеми потешкотии. При ова секако своја улога имаат сигурносните системи како ABS, ASR (состав против пролизгување), EDS (систем за стабилност), кои се во стандардна опрема. Не треба да се заборави и на пакетот воздушни перничиња ESP, EBV, MSR и MBA системите. Кон ова и потсетување дека и овде во стандардната опрема пристигнуваат многу елементи кои се грижат за функционалноста и ергономијата, но и задоволство при управувањето.

На крајот да споменеме дека од услугите и на двете изведби се задоволни полициските служби на повеќе држави во Европа, а анализите ќе потврдат дали Чесите или Шпанците, ќе ги заменат Американците.
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406

Kajgana Shop

На врв Bottom