Нови возила за македонската полиција

Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
ke kupat nesto bolje od punto , kako sto mozea da kupat krajsleri na vremeto i sea ke kupat nesto dobro. kombinjata novi se odlicni a i land roerite na alfite se odlicni
 
S

Sagan

Гостин
Во полициите од регионот може да се издвојат две марки што предничат во изборот. Во Бугарија, полицајците патролираат со „опел астри“, како и нивните колеги од Словенија. Хрватски МУП пред две години се поднови со патролни возила од марката „шкода октавиа“. „Шкоди“ возат и грчките полицајци, а со возила од оваа марка патролираат и израелските чувари на редот. Србија претпочита „пежо 307“.

Цела статија.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Се надевам дека Blue Motion TDI мотори. Скапи коли зеле, можеа Шкоди со ист тди мотор да земаат, ама ипак кој има пари си фрла, не се тие криви ние сме. Аерлија нека се.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Не знам од кај излезе дека ќе возат пасати, но е најмалку важно. Било која кола и да ја земат ќе биде во вредност од 4-5.000 евра за 5 години.
Поубаво ако им воведат некој ред кој го управува тоа возило да одговара за секој настанат дефект, па малку повеќе да ги чуваат отколку што ги чуваат сега.
Јас разбирам дека тие возила треба да се возат брзо и да не се внимава како се вози во одредени ситуации, но во другите богами и не е потребно такво нешто.
Како и да е, ако се пасати не е лош изборот Можеле и шкоди, ама ти текнува, „имаат“ пари, ако немаат ќе присоберат од нас Чејс, што му се секираш ти. :)

Со среќа нека им е и нека ги чуваат како што треба.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
„Skoda Yeti“ или „Seat Altea“ за македонските полицајци


По распишувањето тендер за набавка на 150 полициски автомобили како замена за досегашните полициски „крајслери“, денеска во МВР беа отворени понудите во кои “Порше Македонија“ од Скопје понуди Skoda Yeti 2.0 TDi 4x4, а вториот понудувач “КА-ДИС“ од Скопје понуди Seat Altea Freetrack 2.0 CR 4WD.
Skoda Yeti

Како што соопштуваат од МВР, наредниов период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали тие во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација.

Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена.

Кон крајот на март годинава, Министерството за внатрешни работи распиша тендер за набавка на нови полициски возила со кој би се замениле постоечките возила “Крајслер“.

Seat Altea
Повикот за прибирање на најповолни понуди беше распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки и со него се планира набавка на 150 моторни возила во полициска изведба со соодветна потребна опрема.

Единствен услов за склучување на договорот е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање. Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи.

Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 - 2300 кубни сантиметри и моќност од 110 до140 KW.
Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување на возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР. Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.

Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години, во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила “Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор.

Набавените “Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто, веќе се неупотребливи и расходувани (околу 40 “Крајслери“). Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри.


Патем, еве како ги личи кај колегите од другите земји... :)







 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Оваа пимп мај рајд сигурно нема вакви:).
Инаку овие се слични автомобили со слични делови од Фолцваген групацијата.
Јетито велат многу издржлив автомобил а и за по нашите патишта би бил одличен.
:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ко шо ни се уллиците катастрофа, полни со дупки, издаени или пропаднати шахти, мислам дека и не треба да се купуваат нови возила, криминалците бегајќи од место на злосторство ќе си ги уништат возилата на вакви патишта и ќе останат негде во дефект
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Мислам дека Yeti ќе биде изборот. :)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Возам Yeti мислам дека не е најсоодветен избор за полициско возило. Некако Seat-от е подобро решение. Инаку не знам од каде такви критериуми при избор.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Еве некој крш рендер на кој налетав... :)



 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Шкодите мислам дека ќе ги одберат поради цената а и шкодите се одлични возила за разлика од порано. Како што е прикажано на сликиве се користи Јети во многу држави пред се во Велика Британија. Дизелите нормално ќе трошат многу помалку и се останато за одржување одколку крајслерите на кои им беше потребна цистерна гориво а имаа проблем и со делови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom