Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389

Никсън

бамбуча
Член од
12 октомври 2007
Мислења
283
Поени од реакции
0
Днес по новините на Канал1 имаше репортаж, за нова инициатива на македонското правителство относно името, като се иска с'здаването на кр'гла маса с Г'рција, за да б'де решен проблем'т. Нјакој има ли информација за тази инициатива?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Па ние ги каниме да дојдат на вечра одамна...се плашат педеракисите...

Или да повторам уште еднаш:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
Ја мислам дека првин треба да се среди со името, а дури после да се решава македонското прашање кога ќе бидеме на исто рамниште со Грција т.е. кога ќе влеземе во нато или еу
 

MK

Член од
17 јули 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
Makedonskoto prasanje treba da se promovira cisto da se znae deka postoi ama nikako ne treba sega da se insistira na nego vo pregovorite za imeto bidejki bi ja izguble blagonaklonosta na drugite drzavi, a dobro znaeme deka na nasa strana e samo pravdinata a na nivna se site pozicii za koi nie se stremime. Inaku Makednskoto prasanje e dobro po osnov na toa sto ako se resi segasniot problem so Grcija moze sekogas da go koristime za trienje grcki nosovi pred svetot.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па изгледите да се реши прашањето со името се навистина мали или скоро никакви барем за уште 50тина години,токму затоа треба да се исфорсира пред меѓународната јавност проблемот со геноцидот врз Македонците од Егејска Македонија,впрочем тоа ни е единствената шанса после блентавото прифаќање на преговори за сопственото име какви што никој нормален во светот не би ни помислил дека треба да се водат а па камо ли да се прифатат.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не сега оти од многу отворени прашања ни едно нема да затвориме во наша корист. И така не ни иде најсјајно...:)
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Па ние ги каниме да дојдат на вечра одамна...се плашат педеракисите...

Или да повторам уште еднаш:
Хи,хи. Трну како ти текна со сликава.Генијално дечки,да си здрав и жив.:pos2:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
повторно да се види !
убав потсетник , време е за лов ...
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
bitkata e dobiena neznam samo od nekoj nasi prijateli vo evropa dali ke sledi priznavanje na prolet.ako toa se sluci grcite mozat da popushat :tapp: :drk: treba da obrneme vnimanie na tie zemji sto ne podrzuvaat so ustavnoto ime i da lobirame kaj niv.pred se mislam na skandinavskite zemji
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
bitkata e dobiena neznam samo od nekoj nasi prijateli vo evropa dali ke sledi priznavanje na prolet.ako toa se sluci grcite mozat da popushat :tapp: :drk: treba da obrneme vnimanie na tie zemji sto ne podrzuvaat so ustavnoto ime i da lobirame kaj niv.pred se mislam na skandinavskite zemji
Ostavi bitkata....KAKO STOIME SO VOJNATA ????
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Атомска бомба врз наведната глава

Додека македонската дипломатија практикуваше џентлментство поради изборите во Грција, Атина тргна во жестока офанзива и ја доби битката на меѓународен план, пред да ја раскажеме „македонската приказна“


Десетина шефа на дипломатско-конзуларните мисии на Република Македонија се состанаа неделава со шефот на дипломатијата, министерот Антонио Милошоски, за да дискутираат, според нив, за три најважни теми: Македонија во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт, активности за пристапување во ЕУ и актуелни состојби во регионот. Тематската средба се одржа зад затворени врати, па и немаме многу официјални информации за тоа каков курс ќе заземе македонската дипломатија во иднина.

Прашањата се, секако, релевантни, но собирот беше задоцнет. Дипломатскиот крем се собра откако Грција ја заврши големата дипломатска офанзива со која ја доби битката во ЕУ. Атина повлече жестоки потези токму кога македонските владини претставници промовираа џентлменство, затоа што во Грција имало избори. Но, како на Балканот се разбира џентлменството ни покажаа нашите соседи, кои си ја одработија дипломатската задача контра „Скопја“ во сите центри на дипломатската моќ. Името од билатерален проблем полека стана проблем и за во НАТО и за во ЕУ.

А, од јануари почнуваме и вистински преговори за името. Нив ќе ги почнеме во услови кога Атина укажа дека намерата е до април да се заврши работата со името за да можат во иднина мирно да спијат. Рекоа дека ќе го употребат и правото на вето за нашето членство, што за Милошоски е идентично со активирање атомска бомба. Но, изгледа дека Грците се решени да ја фрлат.

За македонските национални интереси е важно да знаеме како се доведовме во губитничка позиција и сериозно да ни падне поддршката кај нашите малку пријатели и тие да не' советуваат да почнеме да влечеме правилни потези. Пораките од ЕУ дека не смееме да ја кршиме Привремената спогодба, е упатена на погрешна адреса. Но, европската дипломатијата е моќна и сега само ни останува да го земеме предвид принципот на почитување на правото на сила, наспроти силата на аргументите.

Македонската дипломатија досега одговараше според македонската „наведната глава сабја не сече“

Дојдено е времето за „македонската приказна“, која треба самите да ја раскажеме. Треба да се повлече интерната инструкција на МНР, со која се замрзнаа активностите за одбрана на уставното име, оти е очигледно дека таа не даде никакви резултати. Наспроти тоа, светот треба да го инфомираме дека Грција е таа што ја крши Привремената спогодба и тоа од денот кога ја потпишаа двете страни. Грчките граѓани што студираа во Македонија мораа да ги довршуваат факултети во други земји, оти македонските дипломи не ги признава, не ни ги пушта преку граница нашите приватни автомобили поради залепениот код на нашата држава, не ни даваат ниту авионите да им ја прелетаат воздушната територија оти биле македонски, шират информираат дека Македонија шири иредентизам иако на грчки ѕидови висат карти на Голема Елада, македонските спортисти ги навредуваат на меѓународни натпревари, промовираат книга „за употребата на зборот Македонија во грчката историја“...

Светот треба да биде информиран за овие сериозни прекршувања на Привремената спогодба. Македонската дипломатија треба да ги прескокне партиските плотови и да се растрча секаде низ светот за да ја раскаже оваа приказна, која, секако, не завршува само на ова. Битката за името е беспоштедна и ќе трае долго, се' додека Европа не разбере за што точно станува збор.

Христо Ивановски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2F542866564F2847873DE8AF47185D28
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.825
Поени од реакции
10.079
НАТО го воведува уставното име во оперативни планови

Северно атлантската алијанса го воведува уставното име на Македонија во своите оперативни планови.

Според еден од најтиражните грчки весник „Елефтеротипија“, НАТО веќе ги информирал своите членки дека во плановите за прелети на авионите на Алијансата ќе биде впишано Република Македонија.

Весникот, кој што е близок до левичарските политички сили во Грција, објавува дека Грција нема да ја прифати ваквата одлука која само ќе ги влоши односите Скопје-Атина и дека, ако НАТО инсистира на уставното име во официјални документи, тогаш Грција би можела да ги повлече своите авиони од составот на КФОР.

Грчките медиуми тврдат, дека наскоро и Европската комисија ќе побара отстапки од Грција во врска со одлуката на Атина, да не дозволува македонски авиокомпании да прелетуваат преку нејзиниот воздушен простор, поради името Македонија.

Премиерот Груевски, кој во последно време редовно зборува за развојот на настаните со името, денеска одби да ја коментира грчката министерка Бакојани, која на средбите со своите бугарскиот и романскиот колега повторно се закани со вето.

„Јас тоа не би го коментирал“, изјави Никола Груевски.

Во најновата резолуција на американски Сенат, со која се утврдува финансиската поддршка која американската Влада ја дава на своите земји пријатели, Македонија повторно не е напишана со уставното име.

Во најновиот документ на американскиот законодавен дом, со кој се предвидува земјава да добие нови 22 милиони долари за продолжување на реформите, Македонија се нарекува поранешна југословенска република.

A1
 
A

anaveno

Гостин
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НАЈНОВАТА ОФАНЗИВА НА ГРЧКАТА ПРОПАГАНДА

На крајот од 2007 година мораме да констатираме дека офанзивната грчка надворешно-политичка активност која, за жал, успева да посее дебел слој магла врз вистината и жестоко да притиска врз своите сојузници во насока на прифаќање на компромисната формула за проблемот со уставното име, сe уште не наидува на соодветен одговор од официјалната македонска политика.
Нон-пејперот на министерот за надворешни работи за време на средбата со македонските амбасадори не е доволна рамка за активности кои успешно ќе ги отстранат заканите и ултиматумите на Атина за примена на правото на вето при донесувањето одлуки за прием на Република Македонија во НАТО пактот или на одлука за отпочнување преговори за прием во ЕУ, кои се очекуваат наредната година.

За тоа сведочат и "добронамерните" неофицијални совети кои му биле давани на премиерот Никола Груевски за време на неговиот последен престој во Брисел со сугестија да се попушти по однос на проблемот со името, како и на некои такви совети од Софија, кои велат дека било подоборо сега да направиме компромис со Грција отколку подоцна да се соочиме со нови грчки ултиматуми!

Меѓутоа, тие забораваат, а ние не успеваме да ги потсетиме, дека своевремено Р Македонија го промени државното знаме со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, дека
изврши промена на Уставот во делот кој се однесуваше за грижата на државата за
деловите од македонскиот народ, кои живеат во соседните земји, а сепак од соседна Грција и натаму се спроведува антимакедонска политика!
Паралелно со офанзивната пропагандна дејност во насока на докажување на некаква "иредентистичка политика на Скопје" и поттикнување на "солидарноста" на останатите
членки во НАТО и во ЕУ во прилог на нејзините ставови, Грција веќе се вклучува во играта на големите сили кои се обидуваат да направат мрежа на нафтоводи и гасоводи со обиди тоа да се поврзе и со нејзината политика кон Македонија.

ИЗДРЖЛИВОСТ ИЛИ НОВА ОТСТАПКА?

Во време кога грчките медиуми говорат дека вториот човек на американската надворешна политика Николас Барнс, повторил дека Грција не може да смета на употреба на правото на вето при гласањето за прием на Македонија во членство во Алијансата, кога неколкупати од Стејт департментот на упорните прашања од грчки новинари се одговара дека нема никаква промена на американскиот став во однос на признавањето на уставното име на нашата држава, во македонската јавност сe повеќе се пласира идејата за можно попуштање кое ќе значи примена на компромисно име во меѓународните организации, што треба веднаш да се отфрли!

Тој чин може да има сериозни последици врз односите на Р Македонија со дури 123, можеби и повеќе земји-членки на ООН, кои нe признаваат под уставното име, меѓу нив и постојаните членки на Советот за безбедност на ООН, САД, Русија, Кина.
Од друга страна, пак, таквата отстапка ќе создаде вистинска какофонија во поглед на разликите во билатералната комуникација на РМ со тие земји, со користење на официјалното име, и онаа која би се водела низ мултилатералната соработка со тие земји
со компромисно име, што оди во прилог на грчките тези за "новокомпонирана држава", што произлегува и од формулите за пласирање ново име како Република Македонија (Скопје), Македонска Република, и уште многу други кои тајно се проигруваа на преговорите со посредство на Метју Нимиц, а имаа цел да се запре континуитетот на постоењето на македонската држава, која своевремено, како дел од поранешната Југославија беше и остана земја основач на светската организација, а како таква призната и од соседна Грција!

Деновиве видовме дека Грција официјално го признавала и македонскиот јазик, кој беше службен јазик на тогашна СР Македонија, меѓутоа тој факт упорно го крие од јавноста како змијата нозете!
Само мал увид во дипломатската преписка меѓу Грција и тогашна СФРЈ ќе покаже дека Атина била "мошне чувствителна" по македонското прашање.

Имено, при секоја подготовка за одржување билатерална средба од највисок ранг меѓу
двете земји, од грчка страна се пласирало очекување дека на таа средба на дневен ред нема да се постави и македонското прашање, бидејќи во спротивно Атина не би била заинтересирана за средбата!
Се разбира, тоа се однесуваше на признавањето на постоењето на македонското национално малцинство во Егејскиот дел на Македонија, враќањето на бегалците од ЕЛАС и од ДАГ и нивните имоти и слични прашања, кои се наоѓаа на агендата на меѓусебните односи, но беа вешто потиснувани од наметната потреба за одржување "традиционалните пријателски односи" меѓу Атина и Белград, кои водат корени и од семејните врски на некогашните кралски династии во Србија и во Атина.

Поинаку речено, нам ни е добро познат континуитетот на антимакедонската политика, кој се спроведуваше и низ ет ничкото чистење, протерувањето и обидите за асимилација и денационализација на македонското население во Егејскиот дел, кој Грција го доби со поделбата во Букурешт во 1913 година.

КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ИМЕТО "СЕВЕРНА ГРЦИЈА?

Во кулоарите на неодамнешните преговори со посредство на Метју Нимиц во јавноста срамежливо беше спомнато барањето за промена на името Македонија, за нејзината северна провинција, кое наводно било изнесено во сугестиите на Нимиц, кои биле дел од рамковниот план за натамошните преговори околу името.
Подетаљно за ова се виде во писмото од партијата на Македонците "Виножито" испратено до Метју Нимиц по обелоденувањето на неговиот нов план или сугестија.
Меѓутоа, од страна на Атина оваа работа вешто се потопува во заборав, со нови и нови закани за употреба на нејзиното право на вето, што станува излитена работа!
Добро е познато дека сe до настапувањето на процесите на распаѓањето на Ју-федерацијата Егејскиот дел на Македонија се нарекуваше Северна Грција, на чие чело се наоѓаше ултранационалистот Николаос Мартис, за веднаш потоа таа да биде преименувана како Македонија и Тракија?!

Значи, наспроти обврските од Привремената спогодба меѓу двете држави да не се оди кон создавање монопол во користењето на терминот Македонија (за што Атина жестоко реагираше кога го променивме името на аеродромот кај Скопје), грчката итра политика води акција за обезличување на уставното име на Република Македонија со разни додавки и придавки, кои автоматски ќе зборуваат за неговата новокомпонираност, со
што на полесен начин ќе се остварува вториот дел од нивната перфидна политика.
А тоа е докажувањето дека "грчка Македонија", во која според грчкиот премиер Костас Караманлис живееле 2 милиона Македонци, но Грци, меѓу кои и самиот Караманлис, ќе остане единствената територија која ќе може и легално да претендира како наследник на славната античка историја и на владеењето на македонските династии на Филип Втори и Александар Македонски, кои според државата која во европските научни кругови се нарекува најголемиот фалсфикатор на историските факти, биле Грци, иако Филип Втори, според Демостен, зборувал на некој "неразбирлив" јазик за тогашните Атињани??!!

Сега, многу полесно може да се разбере и заднината на континуираното користење на грчката политика на вештачки создаденото име "славомакедонци" кое, исто така, треба да го означи дисконтинуитетот на постоењето на македонскиот народ на овие територии од антиката до денес!
Значи, некогашните "славо македонци" кои не биле дел од национално малцинство туку само мала група луѓе кои говорат различен јазик од грчкиот, треба да се потопат со огромното мнозинство од 2 милиона Македонци, онака како што ги подразбира самиот Костас Караманлис, ем Македонци - ем Грци!
Навистина итро, но многу проѕирно и согледливо!

Пишува: Драги ИВАНОВСКИ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom